• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Планиран атентат врз Абдиџику, Вокер раскажува за масакрот во Речак

January 19, 2023

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Планиран атентат врз Абдиџику, Вокер раскажува за масакрот во Речак

January 19, 2023 11:20
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во косовските медиуми денеска фокусот е на планираниот атентат врз претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Лумир Абдиџику и неколку пратеници од истата партија, опширното интервју на албанската ТВ Клан со поранешниот амбасадор на ОБСЕ за Косово, Вилијам Вокер, во кое открива детали за неговото искуство со масакрот во Речак, и севкупниот третман врз него. Ова е само дел од темите од албанските медиуми во регионот,  што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги избра за денешното издание на АЛ-Прес.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС –Планиран атентат врз Лумир Абдиџику и пратеници на ЛДК

Газета Експрес од доверливи извори дозна и  објави за планиран  обид за атентат врз претседателот на ЛДК (Демократски сојуз на Косово), Лумир Абдиџику и неколку пратеници на партијата.  Еден од пратениците, чие име се споменува како цел на можниот напад, дал изјава синоќа во една од полициските станици во Приштина. Од косовската полиција потврдија дека постапуваат со случајот, пренесе косовскиот медиум Газета Експрес.

ТВ КЛАН: Вилијам Вокер раскажува за масакрот во Речак

„Кога се вратив во Вашингтон, никој не ме праша за Речак. 24 години подоцна сè, уште не ме прашале. Ниту Стејт департментот ниту Белата куќа. Бев блиску до пензија. Медлин Олбрајт тогаш ми кажа: Ако правиш добро дело во Косово, не грижи се, ќе ти најдеме добро место за да ја завршиш кариерата на пријатна задача. Наместо тоа, се пензионирав два месеци подоцна.“, вели меѓу другото поранешниот амбасадор на ОБСЕ за Косово, Вилијам Вокер, во интервју за ТВ Клан.

НИСТОРИ-  Албански јазик/ Голем број институции не го почитуваат законот за јазици

„Државниот инспекторат за спроведување на Законот за употреба на јазиците има само 6 лиценцирани инспектори, а  нема ниту едно одобрение за вработување во 2023 година. Досега инспекциски надзор е извршен во 120 институции, но иако се констатирани  пропусти ,нема  ниту една санкција. Како што информираат од Инспекторатот, институциите бараат одложување на рокот оправдувајќи го големиот обем на работа и малиот број на преведувачи.“, пишува во анализата на порталот Нистори.

ПАНОРАМА: Албанија, каде што апсурдот е реалност

„Доколку, (да го кажеме фаталниот збор )- Албанија умре, тогаш можеме без клевета да ги напишеме овие зборови на нејзиниот надгробен споменик: Ја подигнаа идеалисти, се спасија случајно, ја убија политичарите…!“. Коница, кој несомнено остана во ќор-сокакот на политиката, па дури и грд, лојално служејќи му на монархот, кој толку многу го анатемисуваше, често го  велеше ова во негово време.“, извадок од колумната „Албанија, каде што апсурдот е реалност“, од Бен Андони, објавена во албанскиот медиум Панорама.

ЕПОКА Е РЕ: Тузи е најпосебниот  случај во сите наши етнички предели

„Албанците  планинци низ историјата биле доминантно население, ако не и апсолутно мнозинство во тие простори. Но, денес имаме поинаква демографска карта. Локалните планинци  се популација на жртви, создадена од зголемувањето на бројот на странци, неалбанци.

Ако постои  некој албански политички елемент кој не е повреден од оваа реалност, тогаш имаме работа со феноменот на предавство.“, извадок од анализата на Ѓоке Гојчај „Тузи е најпосебниот случај во сите наши етнички предели“, објавена во медиумот Епока е Ре.

Д. Тахири

Tags: АбдиџикуАЛ-ПРЕСАлбанијаатентатВокерзакон за јазициКосовоМедиумиСеверна МакедонијаТузи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ