• Latest

„И разбудете ме само ако нападнат Бугарите!“

January 31, 2023
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„И разбудете ме само ако нападнат Бугарите!“

January 31, 2023 14:01
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СТОЈАН СИНАДИНОВ

Во неврзан муабет пред десеттина години една пријателка, присетувајќи се на детството, го цитираше татко ѝ со неговата редовна реплика, кога си прилегнувал после ручекот, упатена до неа и нејзиниот брат.

Таа изворно гласела „И пробудите ме само ако нападну Бугари!“ („И разбудете ме само ако нападнат Бугарите!“), во склад со српското потекло на татко и, кој дошол во Скопје пред земјотресот, формирал семејство и останал овде до крајот на животот.

Пријателката ја евоцираше детската зачуденост зошто некој воопшто би ги напаѓал, па уште тоа да се Бугарите. Се обидов да ја објаснам таа своевидна поговорка за секојдневна употреба со „инвентирање“ на српската епика:

„Ако нападнат Хрвати, Албанци, Македонци, Бошњаци… тоа веројатно е ситна боранија, лесна за справување. Но, ако нападнат Бугарите, е тоа е веќе во најмала рака Балканска војна, а во два случаи и Светска војна“.

Таткото на пријателката пред неколку години замина на вечна починка, и за среќа немаше никакви напади од неговата шеговита порака.

Но, сведочејќи на последната ескалација на односите меѓу Македонија и Бугарија, се чини дека Мицкоски и елитата на ВМРО-ДПМНЕ со најавените херојски стражи на Патриотскиот институт на Александар Пандов за „одбрана“ на гробот на Гоце Делчев од најавената „инвазија“ на Ангел Џамбаски и неговите приврзаници од ВМРО-БНД како да си заминуваат на починка со мантрата „Само да нè нападнат Бугарите!“. Звучи многу „посрпски“ од оригиналот.

Има една неодолива споредба со познатата и поучна сентенца на пророчицата Питија од Делфи. Запрашана од некој човек каква ќе му биде судбината во претстојната војна, таа му одговорила:

„Ibis, redibis, numquam in bello peribis“ (Ќе одиш, ќе се вратиш, никогаш нема да загинеш во војна). Но, ако ја поместите запирката само еден збор понатаму, ќе го добиете следниот одговор: „Ibis, redibis numquam, in bello peribis“ (Ќе одиш, никогаш нема да се вратиш, ќе загинеш во војна).

Одговорот на Питија посочува не само на тоа колку многу е важна интонацијата во говорењето, а правилната употреба на интерпункциските знаци во пишаниот текст, туку дека, и покрај сите предодредености, на крајот сепак сами си ја кроиме судбината.

Еве, земете ја споменатата мантра на ВМРО-ДПМНЕ „Само да нè нападнат Бугарите!“ и тргнете го надредениот акцент кај „нè“. Ќе добиете мирнодопска варијанта: „Само да не нападнат Бугарите!“.

ВМРО-ДПМНЕ како да е во конфузија со одговорот што го бараат модерните времиња. Сите ние што сме сведочеле на последните три-четири децении од минатиот век – посебно воените обврзници на Југословенската народна армија – добро се сеќаваме на една од максимите на безбедносната култура на некогашна Југославија. „Надворешниот непријател, потпомогнат од внатрешните предавници, само чекаат прилика да нè нападнат, затоа треба да бидеме будни и подготвени!“.

Таа мантра се повторуваше и повторуваше, сè додека некој не запраша: „А што ако не нè нападнат?“. И, навистина, што се случи? Па ништо, државната заедница чија безбедносна култура почиваше на постојаниот „штрек“ од надворешниот непријател-внатрешните предавници сама се распадна одвнатре.

Подгревајќи ја тензијата за „одбраната на Гоце Делчев“, Мицкоски на неговиот Твитер профил објави фотографија од неговите војнички денови, која влијателниот твитерџија д-р Арсланагиќ не можеше да ја одмине со саркастичниот коментар за тоа како ја држи пушката, тешко дека ќе нè одбрани.

На другата страна го имаме европратеникот Ангел Џамбаски од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов и „војсководец“ што не служел војска. „Јастребот“ Џамбаски дури и се залагаше за повторно воведување на задолжителото служење војска во Бугарија, а самиот не помирисал не само барут, туку ни војничка касарна. Во едно телевизиско интервју (по 8-та минута) се „вадеше“ дека не сакал да служи војска и затоа цели 12 години студирал право: со потврдата дека е редовен студент одел во воениот отсек (или како и да се викала тоа административно одделение во Бугарија) и постојано го одлагал одењето во касарна.

Групациите на двете страни наликуваат на мажи што како момчиња биле „ослободени од часови по физичко воспотание“ (инспирирано од насловот на колумните на Александар Тијаниќ од неговото најдобро новинарско творештво пред триесеттина години).

Од една страна го имаме „војсководецот без воено искуство“ Џамбаски и дискутабилно познавање на правото (посебно меѓународното), а од друга страна „херојските стражи“ на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. Првиот со неговата партија и „десница подигната во висина на очите“ во трите минати изборни циклуси не може да влезе во бугарскиот Парламент, а секојдневно повикува Бугарија да и стави вето на Македонија во преговорите за приклучување кон Европската Унија и ќе го „ослободува“ гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје во неговата „крстоносна војна“.

Вториве пред повеќе од 30 години започнаа да нè бранат од „четирите волци“ што и се закануваа(т) на Македонија (Србија, Бугарија, Грција и Албанија) и сакаат да ја распарчат. Денес тврдат дека Охридскиот договор со македонските Албанци, Преспанскиот договор со Грција, „францускиот предлог“ за односите со Бугарија и „Тиранската платформа“ веќе ја обезличиле земјава.

Но, што ако навистина Бугарите не нè нападнат?

Па ништо, ќе тераме како и досега. Ќе има искричења во меѓусебните односи, но веројатно ќе има и заеднички филмски копродукции, ќе гостува македонски режисер во софискиот или пловдивскиот театар, генијалниот Александар Морфов ќе режира во МНТ, ќе го чекаме преводот на македонски јазик на новиот роман на Георги Господинов, ќе се издаваат книгите на македонски писатели преведени на бугарски јазик, можеби и новата сезона на македонскиот телевизиски ситком „Преспав“ ќе биде емитувана на фреквенцијата на некоја бугарска телевизија…

И нема ваеројатнио да се распаднеме самите, одвнатре, постојано чекајќи некој да нè нападне, за да имаме смисла на постоењето?

Tags: Александар ПандовАнгел ЏамбаскиБугариВМРО - ДПМНЕинвазијаодбранаХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ