• Latest
Фото: Претседател на Украина

Започнува Самитот Украина – ЕУ во Кијив; мора да се обединиме околу концептот за европска Македонија, повторно се активираа заканите со бомби; ЦИВИЛ упатува повик за разумно надминување на разликите

February 3, 2023

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Започнува Самитот Украина – ЕУ во Кијив; мора да се обединиме околу концептот за европска Македонија, повторно се активираа заканите со бомби; ЦИВИЛ упатува повик за разумно надминување на разликите

February 3, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Претседател на Украина

Фото: Претседател на Украина

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Самит Украина-ЕУ: Пристапувањето кон ЕУ е долг и комплициран процес, без оглед на итните желби на Украина

Лидерите на ЕУ се во Кијив на Самитот Украина-ЕУ, што е прв таков самит што се одржува откако Владимир Путин ја изврши инвазијата врз Украина. Двете страни ќе разговараат за повеќе работи, од европска воена и хуманитарна поддршка до натамошни дејствија против Русија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Мора да се обединиме околу концептот за европска Македонија

Затоа велам дека ние сите во државата, сите политичари, општествени чинители, мора да се обединиме околу концептот за европска Македонија. Тоа значи носење одлуки во Собранието со кои го продолжуваме нашиот пат за полноправно членство во ЕУ и зачленување на Северна Македонија до 2030 како полноправна членка во Европската Унија. Бидејќи нашите граѓани сакаат да живеат во земја членка на Унијата,  каде што платите се поголеми, а тоа е резултатот од зачленувањето на сите држави во ЕУ кои претходно не биле… да живеат во земја на ЕУ ама тука, дома, во Македонија, а не во  земја на ЕУ во туѓина. И јас не отстапувам од патот за ЕУ, на каква било позиција да сум во државата, рече Ковачевски.

Година на нови можности

На годишната конференција на Владата на Република Северна Македонија, насловена: „Година на нови можности“, се одржаа вкупно осум панели на коишто говореа министри, експерти, професори и претставници од невладиниот сектор.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руска пропаганда: Свои препораки за спротивставување на руската пропаганда во иднина дадоа аналитичарите на мониторинг-групата „Украинска војна дезинфо“ кои веќе 6 месеци ја проучуваат пропагандата на Кремљ во Централна и Источна Европа, пренесува Укринформ повикувајќи се на анализата на украинскиот Центар за стратешки комуникации и информациска безбедност.

Шефот на ЦИА за текот на војната Централната разузнавачка агенција на САД оценува дека следните шест месеци ќе бидат „апсолутно клучни“ за одредување на конечниот исход од војната во Украина, изјави во четвртокот директорот Бил Барнс, пренесува Укринформ според Си-Ен-Ен.

Крим ќе биде повторно заземен: Во време кога повеќето други украински владини и воени функционери очекуваа дека руската инвазија ќе биде ограничена на источниот дел на земјата, а не на целосен напад од три страни, генерал-мајор Кирило Буданов, шеф на военото разузнавање на Украина, ја заложи својата кариера да биде еден од ретките украински функционери кој беше убеден дека Русија ќе нападне и ќе се обиде да го освои главниот град Кијив,

ЦИВИЛ ги повикува сите, без оглед на тоа дали се од бугарска или македонска страна, да кажат СТОП за омразата! Како што им доликува на соседи, демократски и европски држави

Во пресрет на чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, што ќе се одбележи во црквата Св. Спас во Скопје, имајќи ги предвид тензиите и говорот на омразата во јавната комуникација во двете земји, ЦИВИЛ упатува повик за разумно, мирно и достоинствено надминување на разликите.

ЛИНК до соопштението

ФЛЕШ ВЕСТИ

АНТИКОРУПЦИСКА ГИ „ЧЕШЛА“ АФ И МИЛЧО МАНЧЕВСКИ   „Се чека извештај од Државниот завод за ревизија за да одлучи дали има основ за продолжување на постапката за утврдување на можни злоупотреби на средствата од Агенцијата за филм од страна на режисерот Милчо Манчевски и други режисери, одговорија на новинарско прашање на „ЦИВИЛ Медиа“ на денешната седница од Комисијата за спречување корупција .

ЗАКАНИ СО БОМБИ Денеска (03.02.2023) околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА Министерството за здравство, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување најавуваат дека ќе бидат во постојана меѓусебна и комуникација со производителот околу набавката на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза.

ГРАНТОВИ ЗА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ Четириесет и четири основни и 16 средни училишта низ државава ќе добијат средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција за учебната 2022/2023 година.

АПЕЛАЦИЈА Судскиот совет на денешната 429-та седница донесе одлука со која за вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје се определува Мери Дика Георгиевска, судија од Апелационен суд Скопје

РЕГИОН

КОСОВО – СРБИЈА Американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар уште еднаш зборуваше за процесот на дијалог, за Заедницата на општини со српско мнозинство и за други теми поврзани со односите Косово-Србија.

СВЕТ

САД Кинески надзорен балон собира разузнавачки информации над континенталниот дел на  Соединетите Држави „во моментов“, открија американските власти во четвртокот, признавајќи дека Пентагон го надгледува леталото неколку дена и накратко размислувал да го собори пред да заклучи дека тоа претставува безбедносен ризик

НОРВЕШКА Норвешка ќе нарача 54 нови тенкови Леопард 2 од германско производство за својата војска од групата Краус-Мафеи Вегман, со опција за купување дополнителни 18 тенкови подоцна, соопшти денеска норвешката влада.

АЛ-ПРЕС

Рускиот олигарх Олег Дерипаска и тендерите во Албанија како нитка во аферата „Мекгонигал“, формирањето на Заедницата на српски општини во Косово се дел од темите во изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

СЛОБОДНА ЗОНА

                          Културната интеракција меѓу Македонија и Бугарија е спас од политичките хистерии: Што ќе посееме, тоа ќе жнееме

Политичките односи меѓу Македонија и Бугарија деновиве доживеаја хистерична ескалација по најавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД и неговите приврзаници дека на 4 февруари ќе дојдат да го „ослободат“ гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје на 151-годишнината од неговото раѓање и верижната реакција на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните приврзаници со најавата за формирање „херојски стражи“ за негова одбрана., пишува Стојан Синадинов.

.Д. Мишев

Tags: анализиВестиизјавиполитикарегионСвет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ