• Latest

МВР не ги објавува извештаите на „Внатрешната контрола“

September 21, 2016

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МВР не ги објавува извештаите на „Внатрешната контрола“

September 21, 2016 16:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последниот извештај за работата на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди – СВКПС, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, се однесува на првата половина од 2015 година! Тоа значи дека МВР доцни, односно не објавила два шестмесечни извештаи, за втората половина на 2015-та и за периодот до крајот на јуни 2016-та.

ЦИВИЛ Медиа се обиде да добие одговор од МВР, за причината поради која овие извештаи за кои претходно било пракса редовно да се објавуваат, досега не се објавени. Од МВР, и покрај телефонската комуникација и испраќањето на прашања по маил, одговор не добивме.

„Јас не би рекол дека нема извештаи, има месечни извештаи кои СВКПС ги доставува, но тие не мора секогаш да бидат публикувани. Можеби постои технички проблем зошто не се објавени на сајтот, но генерално, не постои таква тенденција, затоа што секторот функционира нормално“, одговори Оливер Андов, актуелен дополнителен заменик-министер и ексминистер кој само еден ден раководеше со МВР, на прашањето во емисијата Ноќен Експрес на Радио Канал 77.

Од досега објавените извештаи може да се забележи дека во првата половина од 2015-та има поголем број на преземени мерки за проверка на случаи на посочени пречекорувања на овластувања и злоупотреба на службената положба (831), споредено се претходните години (2014, 2013, 2012 и 2011). Во овој период, зголемен е бројот на анонимно поднесени претставки, што зборува за тоа дека граѓан(к)ите се плашат да го откријат својот идентитет.

Од вкупно 831 случаи, за 21 вработен е изречена постапка за надомест на материјална штета, седумина вработени се пратени на психијатриски преглед и одземено им е оружјето, а само еден вработен е суспендиран од работното место. И покрај тоа што во првото полугодие од 2015 година, до СВКПС, пристигнале најголем број на претставки, споредено со минатите години, бројот на поведени постапки и санкционирани вработени, забележува тренд на намалување!

Во очекување на одговор од МВР, останува отворено прашањето зошто во моментот кога бројот на случаи во кои вработени лица во ова Министерство, ја злоупотребуваат положбата и ги пречекоруваат овластувањата се зголемува, бројот на санкции се намалува, а во истиот тој период, СВКПС престанува и да ги објавува извештаите.

Марија Теговска

Tags: внатрешна контролаизвештајМакедонијаМВРпријавислужбена должностЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ