• Latest

Дебата во Штип: Послушни луѓе не можат да бидат слободни!

September 23, 2016

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Дебата во Штип: Послушни луѓе не можат да бидат слободни!

September 23, 2016 22:05
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Слободата е апсолут кој има само две граници. Тоа се слободата на другиот и правилата кои ги создаваме на овој степен од цивилизацијата“, посочи Мирјана Најчевска, една од говорниците на дебатата „Македонија: со или без слобода“, која денеска како дел од Караванот на слободата се одржа во Штип.

DSC_0105

„Сите тргнуваат од претпоставката дека е многу лесно да си слободен, но тоа не е така. Тргнуваме од претпоставка дека сите сакаат да се слободни, но реалноста е поинаква! Многу луѓе тргуваат со слободата за да добијат нешто во замена. Знаењето, информациите за тоа што ни следува и како да го добиеме тоа, е предуслов за да бидеме слободни. Кај нас, често, многу работи се тајна,  иако  се работи за загарантирани информации со Законот за пристап до информации од јавен карактер. Затоа, многу луѓе не знаат дека им се прекршени правата, затоа што не знаат кои права им се загарантирани. Тоа е отсуство на едукација за слободата, ние ги учиме младите да се плашат и да бидат послушни, а кога си послушен не си слободен“, истакна Најчевска, зборувајќи за градењето на психологија на неслобода и страв, како одговор на прашањето како стигнавме до оваа состојба на постојана борба за слобода.

DSC_0068

„Прашањето дали Македонија да биде со или без слобода не треба да се поставува, ова е состојба од која треба да излеземе. Нема простор да се дебатира за независното новинарство, поинакво новинарство и не постои, тоа е пропаганда. Нема успешна држава без елита, тоа е нормална работа. Од медиокритетски членови на партии се обидуваме да направиме елита, а тоа не е можно. Тоа е нашиот синдром. Ние развиваме нова научна категорија – клиентелизам. Ме загрижува тоа што многу малку дебатираме и затоа ја поздравувам идејата за оваа дебата, но многу малку разговараме и не сакаме да ги прифатиме меѓународни стандарди,  закони и права… Забораваме дека колку права, – толку одговорности. Отсуство на одговорност ни е најголем проблем, затоа и новинарството е такво какво што е“, реченовинарот Војо Маневски, кој зборуваше за состојбата со новинарството во Македонија и отсуството на одговорност.

„Новинарите мора да го пишуваат тоа што треба а тоа се определува со редот на фактите, а не тоа што тие мислат дека треба да го пишуваат“, смета Маневски

DSC_0078

Третиот учесник на дебатата, музичарот Тони Зен, осврнувајќи се на личните заложби и на фокусот кон самите себе, даде поинаков поглед на тоа колку уметноста може да придонесе за слободата.

„Што повеќе сме свесни – толку поголеми слободи живееме. Колку често се прашуваме кои сме ние и што е слобода. Дисфункционалност на свеста е – неслобода. Низ уметноста се убедувам да ја допрам слободата. Ние одлучуваме дали сакаме да бидеме слободни, не треба да бараме вина во друг“, вели Тони Зен, кој се осврна и на одговорноста на уметникот да ја пренесе вистината. Неговиот став е дека најголем дел од уметниците во Македонија не се свесни за својата одговорност.

IMG_2544

Различните погледи и пристапи кои ги споделија пред преполната општинска сала, придонесоа кон плодна дискусија.

Најчевска, не се согласи со потребата од елити и за разлика од Тони Зен, смета дека човек не може сам да биде слободен, ако целата заедница не е слободна.

„Отсуство на правила воопшто не е слобода, луѓето ги смислиле правилата за да бидат слободни. Забраната е предвидена во правилата, а не слободата. Тоа е основниот проблем во Македонија, неразбирањето дека многу работи може да правиме, независно што тие не се опфатени со законите“, рече Најчевска која се осврна и на проблемот дека луѓето не преземаат акција за работи кои не се дефинирани со закон како нивна надлежност.

Дебатата е во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во рамки на проектот Караван на слободата, со поддршка на УСАИД.

Tags: дебатаКараван на слободатаМакедонијаслободаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ