• Latest

Граѓански новинари наградени за стории за успешен штрајк и неисполнети предизборни ветувања

September 26, 2016

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Граѓански новинари наградени за стории за успешен штрајк и неисполнети предизборни ветувања

September 26, 2016 15:29
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Позитивниот исход од борбата на текстилните работници во конфекцијата „Матеа“ од Македонска Каменица, кои поради својата истрајност и солидарност се изборија за тоа што законски им следува, е првонаградениот прилог од септемврискиот – деветти циклус на награди за граѓанско новинарство во рамки на проектот „Граѓански објектив“.

14449043_1066721283446340_3823202058839256508_n

Текстот Македонска Каменица: Текстилни работници се изборија за своите права!, го подготви граѓанскиот новинар Горан Трајков од Штип, кој на денешното доделување на наградите, зборуваше за текот на штрајкот на текстилните работници, за време на кој, во отсуство на новинари од традиционалните медиуми, бил единствениот кој известил за тоа случувањата.

14445991_1066721496779652_1145503223714063622_n

Втора награда, доби граѓанскиот новинар Дарко Серафимоски од Тетово, кој и покрај тоа што сакаше да остане анонимен, на доделувањето на наградите одлучи да се претстави пред присутните и јавно да проговори за проблемите со инфраструктурата во Тетово. Текстот Тетово: „Дупки“ во ветувањата и дупки на улиците, преку видео и фотографии ја претставува реалната состојба во Тетово, и улиците, кои и покрај сите ветувања, сè уште се во катастрофална состојба.

Тричлената комисија на ЦИВИЛ, реши третата награда да ја додели за текстот Куманово: Наместо интеграција – дезинтеграција!. Граѓанскиот новинар Зенел Мифтари, со својот текст ја информира јавноста за условите во кои учат средношколците – етнички Албанци во Куманово.

Институциите се глуви за стравот и маките на граѓаните и Семејството Свеќанцоски од Прилеп, итно бара помош од државата  се текстовите кои ги добија двете четврти наградина конкурсот во септебври. Граѓанските новинари кои ги подготвија овие текстови, побараа да останат анонимни.

14502766_1066720760113059_1100984346663551128_n

Секој граѓанин кој има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, може да биде граѓански новинар и да се вклучи во проектот „Граѓански објектив“. ЦИВИЛ ги охрабрува граѓан(к)ите активно да се вклучат преку истражување и медиумски активности во развојот на граѓанското новинарство и алармирањето за сите нерегуларности кои влијааат врз политичката состојба, преку пријави на закани, уцени, политичка корупција, поткуп на гласачкото тело, злоупотреба на јавни ресурси и администрација.

14449950_1066720323446436_8340080382795507005_n

„Преку текстови, аудио, фото и видео записи, ќе придонесете заеднички да ја зајакнеме јавната свест и да формулираме јавни барања за слободни избори, засновани врз доказите од вашите истражувања, преку онлајн активизам, теренска работа, медиумски и јавни настани“, се вели во пораката на ЦИВИЛ до заинтересираните граѓан(к)и.

За учество во натпреварот, со пополнување на формуларот, кликнете ТУКА.

ЦИВИЛ – Центар за слобода им се заблагодарува на досегашните учесници и ги повикува и понатаму да продолжат со своето активно граѓанско учество и да придонесат за заштита на човековите права и слободи и за демократизирање на општеството.

Проектот „Граѓански објектив“е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

 

Tags: ветувањаграѓански новинарГраѓански објективМакедонијанаградиЦивилШтрајк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ