• Latest
Фото: Ангел Ангеловски

Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е инвестиција во долгорочен мир

February 9, 2023

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е инвестиција во долгорочен мир

Промовирањето на мирот како основна општествена вредност и отфрлањето на војната и насилството како начин за решавање на конфликтите мора да биде составен дел од нашето делување. Непочитувањето на европските вредности, неказнивоста, непочитувањето на човековите права директно помагаат да се зајакнат националистичките партии, да се оживеат силите што сакаат меѓуетнички конфликти.

February 9, 2023 11:53
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Ангел Ангеловски

Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter
 ЉУАН ИМЕРИ

Борбата за мир и човекови права бара долгорочна посветеност и истрајност. А поинаку и не можеш да им се спротивставиш на попатните фрустрации. Тешко се мерат резултатите, а уште потешко се справуваш со неуспесите. Понекогаш поддршката од соборците е искрена и постојана, а понекогаш привремена, да не речам проектна. Често си сам. Опкружувањето, по дефиниција е против тебе или во најмала рака, не е со тебе – никој не сака да си го наруши својот комодитет за некакви си човекови права или за мир таму некаде во светот.

Многу интелектуалци станаа токму тоа против кое некогаш се бореа. А не помина многу време. Не знам кога беа поискрени, тогаш или сега. Малку останаа, и ретки се луѓето кои се посветени на постигнување напредок во градењето на мирот и помирувањето, кои се стремат кон општествени промени и сакаат да го направат светот подобро место за живеење. Само малкумина ја имаат оваа борба во себе, како начин на живот, па дури и како основна човекова потреба.

Нашата земја не смее да ја напушти идејата за модерна држава. Секое просперитетно и демократско општество се соочува со големи предизвици. Прашањето на заедничкото живеење е комплексно и секое мултиетничко општество треба да се соочи. Ние како држава сме рекле дека веруваме и определени сме да го негуваме и да го унапредиме нашиот мозаик на култури, јазици и обичаи. Веруваме дека тоа нè прави побогати и подобри. Велиме дека сите политики одат во насока да ги развиваат вредностите на заедништво и меѓуетничка доверба. Но, дали е навистина така? По мене само делумно. Концептот како жива материја не е самоодржлив по дефиниција, потребно е цело време да се инвестира, да се интервенира и секако да се унапреди. И тоа не го правиме. Барем не го правиме редовно, доволно, и не го правиме искрено. Најчесто само декларативно.

Свесни сме дека како држава имаме многу проблеми, многу приоритети. Истовремено треба да сме свесни и за регионалниот контекст. Имаме многу проблеми, а мирот е сериозно загрозен. Во Европа имаме војна. Во регионот врие. Врие особено поради тоа што после сите војни што ни се случија заборавивме дека треба да се соочиме со нашето минато.  Соочувањето со минатото е еден од проблемите. Соочувањето со минатото е потребно. Истовремено тоа преставува и голем предизвик и можен извор на некој нов конфликт. Различни страни имаат различни па дури и спротивставени толкувања на историјата, на фактите и на се што се случувало па така адресирањето на минатото секогаш носи ризик од продлабочување на поделбите. Етнонационализмот и оспорената државност се сериозна пречка за градење мир. Тоа во комбинација со нефункционални државни структури, општото незадоволство, но и иселување на младите, може сериозно да го поткопа мирот. Меѓутоа, доколку не се соочиме со минатото и ги остававме злосторствата и прекршувањата на човековите права неказнети тоа сериозно би ги загрозило напорите да за заедничка иднина.

Промовирањето на мирот како основна општествена вредност и отфрлањето на војната и насилството како начин за решавање на конфликтите мора да биде составен дел од нашето делување. Непочитувањето на европските вредности, неказнивоста, непочитувањето на човековите права директно помагаат да се зајакнат националистичките партии, да се оживеат силите што сакаат меѓуетнички конфликти.

Па, дали доволно инвестираме во мирот? Светот се вооружува. Регионот се вооружува. Без да навлезам по подетални анализи, само за илустрација, цената за оперирање и одржување на еден единствен воен авион B-2 Spirt на годишно ниво ги чини САД околу 63 милиони долари, а само еден час летање на истиот чини околу 130 илјади долари. Состојбата е иста или слична во сите земји за кои побарав податоци. Но тоа сега не е толку  важно, важно е дека тоа е сигурно многу повеќе од годишниот буџет на сите мировни организации заедно, од целокупната мировна работа на сите организации што ги знам во регионот и пошироко. Заклучок донесете сами.

Силата на Европа лежи во обединувањето на земјите, а земјите од нашиот регион заслужуваат да станат дел од овој цивилизациски простор. Војната во Украина повторно ни покажа колку е важно да се инвестира во интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и да се инвестира во долгорочен мир. Јавни изрази на поддршка на мировната работа се поважни од кога било. Мора сите да работиме за мир. Се разбира, мирот не е само отсуство на војна, тој е многу повеќе од тоа. Време е да делуваме искрено, а не да зборуваме за лажна искреност.

Извор: Рацин.мк

 

Tags: војнаконфликтимирнационализамсоочување со минатоточовекови права и слободи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ