• Latest

Градоначалниците имаат ограничена слобода

October 17, 2016
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Градоначалниците имаат ограничена слобода

October 17, 2016 10:43
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалниците во Македонија дејствуваат во рамките на своите надлежности, но сé зависи од личноста на градоначалникот, неговото искуство и подготвеност да работи во интерес на граѓаните. Немаат доволно слобода да реализираат локални политики, и мора да ги следат насоките од централната власт. Најголем дел од работењето на градоначалникот и на локалната самоуправа зависи од тоа колку тој е отпорен на партиските притисоци и да спроведува активности во интерес на граѓан(к)ите. Општините работат со многу ограничени средства, но се соочуваат и со апатичност од граѓаните. Затоа, неопходно е да се јакне граѓанската свест и граѓанската вклученост во соработка со медиумите, како и да се бираат градоначалници независно од партиската припадност. Ова се дел од заклучоците од денешната дебата на тема „Градоначалниците и слободата“, на која учествуваа Ѓорѓи Христов од Центарот за развој на локална демократија и Јадранка Кунгуловска, експертка за институционална поддршка.

„Колку локалната власти и градоначалниците имаат автономија при одлучувањето и при креирањето на локалните политики и колку се отворени кон идеите на граѓаните за соработка со нив и за иницијативите кои доаѓаат од граѓанските организации?“, беше прашањето на кое имаа можност да одговорат панелистите на дебатата кои се експерти од оваа област.

_DSC0040

„Градоначалниците се обидуваат да излечат максимум од тоа што е нивна надлежност и од тоа што им ги налага Советот, затоа што Советот е тој што носи одлуки, а градоначалниците спроведуваат. Не ги бранам градоначалниците, но мислам дека претставниците на советите се тие кои најдобро би одговориле на ова прашање, затоа што политичкото влијание прво се чувствува врз нивната работа“, е ставот на Христов.

_DSC0061

„Точно е дека советите ги донесуваат одлуките, меѓутоа факт е дека градоначалниците се тие кои ги креираат и ги предлагаат политиките што одат до Советот и доколку има политичка согласност, тоа поминува без никаков проблем и интервенции. Градоначалниците се движат во законската рамка, но од мое искуство, морам да кажам дека многу зависи од личноста на градоначалникот. Законот важи за сите, но ние имаме различен развој на општините. Има примери, кога ист градоначалник во различни мандати, креира различни политики и е различно отворен за соработка со граѓан(к)ите“, рече Кунгуловска.

Како дел од дебатата, ЦИВИЛ Медиа направи четири интервјуа со градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, со Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани, со Изет Меџити, градоначалник на Чаир и со градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, кои одговараа на три идентични прашања. Подготвените видеа беа презентирани и ставовите на градоначалниците предизвикаа дебата и коментари од присутните.

„Тоа што се надевав дека ќе го слушнам, а не го слушнав, е дека градоначалниците реално се залагаат за каузата на локалната самоуправа и за стимулирање на децентрализацијата. Ако немаат притисок, значи дека не се дораснати за улогата која ја имаат. Визијата на лидерот треба да е поголема, а за жал, тоа од никого не го слушнав, освен од градоначалникот Меџети кој се повика на слабата фискална децентрализација, но тоа е само еден сегмент. Недостасува добро владеење и градоначалниците да ги стимулираат граѓан(к)ите, преку иницијативи и акции да обезбедат поголемо учество од граѓаните“, беше коментарот на Христов.

Тој во врска со изјавата на Жерновски, посочи дека притисокот врз Општина Центар е многу јасен и елабориран и во прогрес-репортот на Европската комисија.

„Сум соработувала со дел од овие градоначалници и познати ми се нивните ставови. Дел од овие изјави се декларативни, но јас можам да посведочам дека дел од градоначалниците, кога не се пред камера, кажуваат дека нема квалитетна соработка со централната власт. ‘Добив наредба, место изградба на локален пат, да направам мост меѓу две села, затоа што треба да ги анимираме гласачите’, ми кажа еден градоначалник. Овие притисоци претставуваат голем проблем кој не смее да се игнорира“, смета Кунгуловска, која се осврна и на улогата на месните заедници, кои најчесто се под влијание на партијата на власт. Според неа, средбите со граѓаните кои се одржуваат, се партиски, а се претставуваат како општински.

_DSC0092

Модераторката на дебатата Моника Талеска од ЦИВИЛ Медиа, се осврна на искуствата од терен, каде граѓаните се жалат дека немаат пристап до градоначалниците и дека не можат да воспостават реална средба со локалните власти, кои пак, ветуваат проекти што не ги реализираат, а се активираат само во предизборниот период, за собирање на гласови.

„Формални пречки нема и законите овозможуваат комуникација со граѓан(к)ите по сите основи. Тоа беше пракса пред 10 години, но сега повеќе не. Градоначалниците се често на обуки, знаат како треба, имаат знаење, но сé зависи од нивната волја и тоа го тврдам одговорно. Стравот и  критиката ги спречува, забораваат дека се избрани од граѓан(к)ите и дека пред нив одговараат“, смета Кунгуловска.

„Градоначалниците и локалната власт се потранспарентни и поотворени од централната власт. Треба да се промени начинот – како централната власт ја перцепира локалната. Кога градоначалник ќе се најави на посета во министерство, треба министерот да го чека, а не обратно, како што е ситуацијата кај нас. Градоначалникот на Штип беше многу пропагандистички настроен во својата изјава, во која се обиде позитивно да ја претстави ситуацијата во Општината. Но, зошто локалните улици и патишта во Штип се финансирани од централниот буџет и зошто на отворање на улици, главни актери се од централната власт?“, прашува Христов.

_DSC0049

Прашањата кои беа поставени од присутните на дебатата „Градоначалниците и слободата“, а кои беа адресирани до градоначалниците кои со свои видео изјави се согласија да бидат дел од оваа дебата, ќе им бидат доставени, а нивните одговори дополнително ќе бидат објавени на веб-страниците на Караванот на слободата и на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Дебатата е дел од активностите на Караванот на слободата, кој во изминативе три месеци организираше повеќе видови активности во над 40 општини низ целата земја, вклучувајќи концерти, уметнички работилници, поетски и театарски перформанси, како и дебати и дискусии кои опфаќаат различни културни и општествени прашања што се важни за граѓаните.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, организиран од ЦИВИЛ и поддржан од УСАИД, кој ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност. Тоа е динамичен мултимедијален проект, што го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Марија Теговска

Tags: ГрадоначалникдебатаКараван на слободаталокална самоуправаУСАИДЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ