• Latest

Истражување на Јеил: Русите земале најмалку 6.000 украински деца на политичко превоспитување

February 14, 2023

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Истражување на Јеил: Русите земале најмалку 6.000 украински деца на политичко превоспитување

February 14, 2023 21:36
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Русија држи најмалку 6.000 украински деца, а можеби и многу повеќе, на локации под руска контрола на Крим и во Русија со примарна цел „политичко превоспитување“, се наведува во денеска објавениот извештај зад кој стои САД. Во извештајот се вели дека истражувачите од Универзитетот Јеил идентификувале најмалку 43 кампови и други видови објекти во кои се сместени украински деца кои се дел од „голема системска мрежа“ управувана од Москва од почетокот на нејзината агресија врз Украина во февруари 2022 година.

Меѓу децата се оние кои имаат родители или имаат право на старателство, оние кои Русија ги смета за сираци, деца кои биле под старателство на украинските државни институции пред инвазијата и оние чие старателство е нејасно или неизвесно поради војната, се додава во извештајот. „Примарната цел на камповите што ги идентификувавме веројатно е политичко превоспитување“, истакна на брифинг со новинарите Натаниел Рејмонд, еден од истражувачите.

Некои деца беа ставени низ системот и посвоени од руски семејства или префрлени во згрижувачки семејства во Русија, се вели во извештајот. Најмалото дете забележано во руската програма имало само четири месеци, а некои кампови обезбедувале воена обука на деца на возраст од 14 години, нагласи Рејмонд, додавајќи дека не се пронајдени докази дека децата подоцна биле ангажирани во борба.

Ројтерс не успеал веднаш да дојде до руски официјални лица за коментар. Извештајот е последен во серијата изработена од Универзитетот Јеил како дел од проектот поддржан од Стејт департментот за анализа на кршењето на човековите права и воените злосторства наводно извршени од Русија.

Рејмонд изјави дека информациите содржани во извештајот претставуваат јасно кршење на Женевската конвенција, договор кој ги штити цивилите во војна. Тој рече дека исто така може да биде доказ дека Русија извршила геноцид за време на војната во Украина, бидејќи трансферот на деца со цел промена или отстранување на националниот идентитет може да претставува елемент на кривичното дело геноцид.

Оваа мрежа се протега од едниот до другиот крај на Русија, истакна тој, додавајќи дека се верува оти бројот на објекти во кои има украински деца е многу повеќе од 43.

Tags: истражувањеполитичко превоспитувањеРусијаукраински децаУниверзитет Јеилчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ