• Latest

Бајден: Една година подоцна, Кијив опстои, Украина опстои, и демократијата опстои

February 20, 2023
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Бајден: Една година подоцна, Кијив опстои, Украина опстои, и демократијата опстои

February 20, 2023 13:29
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска допатува во ненајавена посета на Киев на Украина и ја пренесе поддршката од САД и меѓународната заедница.

Американскиот претседател вели дека „сликовито се сеќава“ на почетокот на војната, кој ќе биде одбележан во петок, кога украинскиот лидер Володимир Зеленски пријавил експлозии во Кијив. – Една година подоцна, Киев опстои, Украина опстои, и демократијата опстои. Американците стојат со вас, и светот е со вас, потенцираше Бајден.

Тој додаде дека има „целосна доверба“ дека Украина ќе победи против Русија во „најголемата копнена војна во Европа во последните три четвртини од векот“ јавува Скај Њуз, пренесе МИА.

Бајден рече дека целта на рускиот претседател Владимир Путин да ја „збрише Украина од мапата“ пропаѓа и додаде дека десетици илјади Руси ја напуштиле земјата затоа што во неа „не гледаат иднина“.

Американскиот лидер оддаде почит на веќе ветената поддршка од земјите на НАТО и ја спомена последната рунда воена помош од 500 милиони долари, објавена претходно денеска, која ќе биде испратена од Вашингтон во Кијив.

– Подоцна оваа недела ќе објавиме дополнителни санкции против елитите и компаниите кои се обидуваат да ги избегнат санкциите и да ја наполнат руската воена машина, додаде тој.

Бајден го заокружи својот говор со обновување на ветувањето дека ќе ја поддржува Украина „колку што е потребно“.

Од своја страна, украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека денешните преговори со неговиот американски колега биле многу „плодни“ и „многу суштински“.

– Се надеваме дека оваа 2023 година ќе стане година на победа, додаде тој, пофалувајќи ја „заедничката визија“ што ја споделуваат двете нации.

Тој понатаму вели дека ќе продолжи да прави се што е можно за да се осигура дека демократскиот свет „ќе победи во оваа историска битка“.

Украина се соочува со многу тежок период, објасни Зеленски, потенцирајќи дека земјата ќе направи „историски достигнувања“ со помош на САД и остатокот од светот.

-Денешните преговори беа многу плодни, многу важни и многу клучни“, повтори тој, додавајќи дека резултатите „дефинитивно“ ќе имаат влијание на бојното поле.

Зеленски прецизираше дека тема на разговор било оружјето со долг дострел, заедно со дополнителното вооружување кое сè уште не е испорачано.

– Повторната изградба и обновувањето на правдата е исто така важна… и агресорот треба да ја преземе одговорноста за агресијата и да ја надомести штетата, истакна Зеленски, пред да им се заблагодари на САД за поддршката за тоа да се случи.

Претходно денеска, шефот на Кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак оцени дека посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Кијив е стратешка и дека решава многу прашања.

„За време на денешната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Кијив се решаваат многу прашања и ќе се забрза решавањето на оние што се во тек“, напиша Јермак на својот канал на Телеграм.

Тој посочи дека заедничка цел на Украина и САД е победата на Украина над Русија и триумфот на „украинските војници и западното оружје“. Тој изрази благодарност до американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, со кого соработувал за време на планирањето на посетата на Бајден на Украина.

Сирените за воздушен напад денеска се огласија низ главниот град на Украина, а досега нема извештаи за руски проектили или воздушни напади.

Tags: БајденЗеленскиподдршкапосетаСАДУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ