• Latest
Љубе Бошкоски

Oслободителна пресуда за Љубе Бошкоски, македонската книжевност има многу да и понуди на ЕУ, дали Молдавија ќе биде следната жртва на Путин

February 22, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Oслободителна пресуда за Љубе Бошкоски, македонската книжевност има многу да и понуди на ЕУ, дали Молдавија ќе биде следната жртва на Путин

February 22, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Љубе Бошкоски

Љубе Бошкоски

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Oслободителна пресуда за Љубе Бошкоски за нелегално финансирање на изборната кампања

Основниот кривичен суд Скопје во повторената постапка врз основа на пресуда на Европскиот суд за човекови права, денеска донесе ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски, во врска со случајот „Кампања“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Гир: Македонската книжевност има многу да и понуди на Европската Унија
Амбасадорот Гир истакна дека со задоволство се приклучува, како што рече, на оваа прослава на мајчиниот јазик. Тој додаде дека за него англискиот јазик е мајчин јазик, јазик со кој е лично поврзан и чувствува дека има предност што зборува на јазик што е широко распространет, исто како што тоа, на пример, го чувствува некој од Шпанија.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Путин го повлече признавањето на Молдавија
Путин укина еден од неговите „мајски декрети“ од 2012 година, со кој делумно се потврдува суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на Придњестровје, сепаратистички регион што се граничи со Украина, каде што Русија има трупи, пренесува Укринформ.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

„Украина – година на хероизмот“, голем настан на ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина

Невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија организираат голема конференција, изложба на фотографии и промоција на книга под заеднички наслов „Украина – година на хероизмот“. Големиот настан ќе се одржи на 24 февруари, денот кога започна руската брутална инвазија против Украина.

Највисоки претставници на државниот врв, дипломатскиот кор и експерти се говорници на конференцијата. Изложбата е со дела од украинскиот фотограф Едуард Крижанивскиј, додека автор на книгата е претседателот на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦИВИЛ Медиа, Џабир Дерала.

Настанот ќе биде пренесуван во живо, на онлајн каналите на ЦИВИЛ.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми Албанското собрание исклучи 23 опозициски пратеници, револуцијата на Бериша влегува во нова фаза, црногорски полицаец изврши брутално насилство врз албански професор

Во албанското Собрание продолжуваат тензиите, досега се исклучени 23 пратеници од опозицијата, а лидерот на демократите, Сали Бериша, најави дека револуцијата пред 14 мај, кога ќе се одржат изборите во Албанија, влегува во нова фаза. На социјалните мрежи се појави видео во кое црногорски полицаец врши брутално насилство врз албански граѓанин, академикот  Петраќ Мило. Од полицијата на Црна Гора соопштуваат дека е започната истрагата за насилството. Во продолжение се уште неколку теми  од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

ФЛЕШ ВЕСТИ
ПОЛИТИКА
Таравари: Кој е вистинскиот лидер во ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски или Николоски?
Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари синоќа во емисијата „Аргумент“ ја постави дилемата кој е вистинскиот лидер во ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски или Александар Николоски.

Тој апелираше до Николоски да појасни зошто само неговото име не е вмешано во прислушувањето!

БЕЗБЕДНОСТ

Закани за бомби во 66 училишта и една градинка во Скопје и едно училиште во Прилеп

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки.

АНАЛИЗИ

Дали Молдавија ќе биде следната жртва на Путин, и кога?

Откако Путин укина еден од неговите „мајски декрети“ од 2012 година, со кој делумно се потврдуваше суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на Приднестровје, сепаратистички регион што се граничи со Украина, каде што Русија има свои трупи, се чини дека обрачот околу најмалата република произлезена од бившите советски републики, се повеќе се стега.

Ова ги подгрева наводите од анализата на ЦивилМедиа од почетокот на јануари, „Status quo, позиционирање за преговори и проширување на конфликтот како можно сценарио за текот на војната во Украина во 2023 година“,  каде се вели дека постојат стравувања поради индициите според кои Путин ќе се обиде конфликтот да го прошири на други територии во државите од опкружувањето, исто така поранешни советски републики, како Молдавија на пример, со што верува дека ќе изврши дополнителен притисок врз Украина и западните сојузници, и дополнително ќе ја зајакне својата преговарачка позиција.

СЛОБОДНА ЗОНА

Паралелни светови: Нашите вистински херои наспроти штрајкувачите и партиските палјачовци

Тивко, речиси невидливо мина церемонијата во која главни беа нашите војници спасители од Кахраманмараш. Камерите и екипите беа попотребни онаму каде требаше да се симулира масовно незадоволство: преку протест заради платите што ги нема во време кога тие легнуваа на жиро-сметките на вработените!,  пишува во најновата колумна Љубиша Николовски.

Подготви: Д. Варошлија

Tags: анализиВестиизјавиполитикаСветУкраинацивилни активности
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ