• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Масовни протести во Тирана; Мекгонигал ја загрозил националната безбедност на САД; маратонска дебата во косовското собрание за „Заедницата“

March 3, 2023

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Масовни протести во Тирана; Мекгонигал ја загрозил националната безбедност на САД; маратонска дебата во косовското собрание за „Заедницата“

March 3, 2023 11:53
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Протестите на опозицијата во Албанија продолжуваат, а медиумите јавуваат дека илјадници протестанти од цела држава денеска се упатени кон Тирана. Државниот обвинител на САД, Мерик Гарланд изјави дека постапките на Мекгонигал претставуваат загрозување на националната безбедност на САД. Во косовското собрание се одржа маратонска седница на која пратениците дебатираа за Европскиот предлог за договорот помеѓу Србија и Косово.

Ова се само дел од денешните теми од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

Визион Плус: Демократите од Корча, Валона и Скадар се упатија  кон Тирана на протест

„На протестот на 3 март што го свика лидерот на Демократската партија Сали Бериша ќе има големо учество и од ограноците на Демократската партија во југоисточниот регион.

Околу 1000 луѓе заминаа од округот Валона, трите општини кои се вклучени во Валона, Химара, Селеница, во насока на протестот во главниот град што опозицијата ќе го одржи денеска. Околу 2.000 демонстранти  од Скадар се упатија  на протестот на опозицијата во Тирана.“, пишува во денешниот извештај за текот на протестите во Албанија, во албанскиот медиум Визион Плус.

Панорама – Јавен обвинител на САД за Мекгонигал: Ако некој од странство плаќа службеник, тоа ја загрозува националната безбедност

„Случајот „Мекгонигал“ , поранешниот функционер на ФБИ кој е обвинет за злоупотреба на службената положба, примање руски пари, ја потресе американската политика. По овие обвинувања доаѓа и силна реакција од државниот обвинител на САД, Мерик Гарланд. Тој категорично рече дека ако некој од странство плати службеник, тоа ја загрозува националната безбедност на Америка.“, пренесува албанскиот дневник Панорама.

РТВ 21 -Пратениците дебатираа до доцните часови, Курти: „Заедницата“ не поминува во влада

„Косовските пратеници разговараа за дијалогот Косово-Србија до 2 часот по полноќ, а за тоа време владата се судри со пратениците од опозицијата околу европскиот план, кој беше договорен во понеделникот во Брисел.

Премиерот Албин Курти изјави дека „Заедницата“ не поминува во владата , иако поминала во парламентот. Првиот човек на седницата за дијалог додаде дека содржината не е променета на полошо, туку опозицијата декларативно се променила на подобро. Тој додаде дека Србија не успеала да го наметне спроведувањето на „Заедница“ како предуслов.“, пренесува косовската РТВ21.

Бота Сот: „Србија го прифати Косово како држава во секој став, Членот 4 води во ОН“

„Во секој став од договорот Косово е држава, Вучиќ ги измами српските пратеници и граѓани“, изјави потпретседателката на Српската народна партија, Санда Рашковиќ Ивиќ, говорејќи за план-предлогот на Европската унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.

КланКосова: Во акцијата „Брезовица“ одземени 84 илјади евра и 22 автомобили

Основното обвинителство на Феризај разви голема акција за случајот „Брезовица“, а досега се уапсени 15 лица. Обвинителот на случајот Расим Малок соопшти  дека се одземени 84 илјади евра и 22 автомобили, пренесе косовската КланКосоваТВ.

Сури Нет: За преамбулата

„Дури и преамбулата на текстот на Договорот меѓу Косово и Србија (француско-германскиот план), освен текстуалното образложение, не произведува обврски што директно произлегуваат од него, ниту експлицитно го наведува фактот дека преамбулата има поголема важност од другите одредби (11 члена од текстот) .“, извадок од колумната „За преамбулата“, од авторот Виган Ќороли, објавена во косовскиот медиум Сури Нет.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиБеришаЗаедницаизборКуртиМекгонигалнационална безбедностПротестирегионСАДСрбијаТирана
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ