• Latest

ИП-адресите за лажните закани за бомби водат кон Иран и Русија, се рушат стереотипите за родова еднаквост, Русите како во 19-от век се борат со лопати

March 6, 2023

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ИП-адресите за лажните закани за бомби водат кон Иран и Русија, се рушат стереотипите за родова еднаквост, Русите како во 19-от век се борат со лопати

March 6, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ИП-адресите за лажните закани за бомби водат кон Иран и Русија

Ова е еден интензивен хибриден напад што ни се случува низ целата територија на земјата, при што беа зафатени околу 120 објекти, не само училиштата. Безбедносните служби активно работеа, безбедноста не беше загрозена, но мораше да се постапува според упатствата

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петровска: Заедно ги рушиме стереотипите и создаваме вредносен систем за родова еднаквост во безбедносниот сектор

Долги години за жал владееја стереотипите дека безбедниот сектор, особено високите раководни позиции се резервирани исклучиво за мажите. Но, со нашата упорност, истрајност и мудрост успеавме тоа да го промениме. Секоја од нас е подготвена да одговори на сите предизвици со кои се соочуваме, да се вложи целосно и да биде подеднакво успешна, не само затоа што е жена, туку затоа што навистина сме способни и ние тоа да го направиме. Минатата недела потпишав назначување на првата жена началник на секција во рамките на Генералштабот на Армијата, и тоа го направив не само затоа што е жена, туку затоа што станува збор за офицерка која навистина има капацитети и вредности“, рече Петровска.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Одбраната на Бахмут Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужњи и командантот на оперативната и стратешка група трупи Хортица, Олександр Сирскиј, рекоа дека одбранбената операција и натамошното зајакнување на позициите во Бахмут мора да се продолжи.

Украинската контраофанзива и судбината на Путин Поранешниот началник на Генералштабот на Велика Британија, генерал Ричард Денат, смета дека во случај на успешна контраофанзива од страна на Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе биде исфрлен од Кремљ.

Олена Зеленска на конференција Обединети за правда Жртвата никогаш не е одговорна за злосторството – одговорен е само сторителот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНИЦИЈАТИВА ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА  Денеска до претседателот на Советот на Град Скопје доставено е Барање за дополнување на дневниот ред за 26-тата седница на Советот за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија, соопшти Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

РЕАКЦИЈА НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА Во пресрет на 80 годишнината на комеморацијата од депортацијата на Евреите од Македонија во центарот за убивање Треблинка, 11 март, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од се почестите антисемитски појави во нашата држава.

ПОДДРШКА ЗА РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ МТСП ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.

ПОТРАГА ПО ИЗЧЕЗНАТО МОМЧЕ Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека се постапува по случајот со исчезнувањето на 26-годишното момче кое, според пишувањата во медиумите, е роднина на политичарот и лидер на „Обединети за Македонија“ Љубе Бошкоски.

ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Интензивно се работи на седум проекти во Куманово со буџети над 80 милиони денари наменети за подобар живот на кумановци, заклучи министерот за локална самоуправа Ристо Пенов од денешната средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

РЕГИОН

АЛБАНИЈА Во Албанија најпопуларен политичар и натаму е лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама. Освен за Рама, позитивна или негативна оценка дале и за лидерот на побројното крило на опозициската Демократска партија (ДП), Сали Бериша, за лидерот на Партијата на слободата Илир Мета и вршителот на должноста претседател на ДП, Енкелед Албеај.

СВЕТ

ГЕРМАНИЈА Поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс се соочи со уште едно откажување на неговото шоу бидејќи германската општина Франкфурт неодамна објави дека настапот на Вотерс за претстојниот фестивал нема да се случи. Властите ги навеле неговите политички коментари како причина за откажувањето и ја нарекле поранешниот член на Пинк Флојд – антисемит.

САД Едно лице загина, а две други се тешко повредени при уривање на мал авион со еден мотор во Лонг Ајленд, Њујорк, соопштија локалните и федералните власти.

ШПАНИЈА Премиерот Педро Санчез во пресрет на 8 Март, најави дека Шпанија ќе стане првата голема европска земја која ќе воведе опсежни правила за родова еднаквост во политиката и бизнисот, со закон што неговата влада ќе го поднесе овој вторник.

ГРЦИЈА Да им се даде приоритет на случаите поврзани со железничката несреќа кај Темпи и доколку е потребно, распоредување на највисоко можно истражно ниво, бара грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во дописот испратен до обвинителот од Врховниот суд Исидорос Дојакос.

ИРАН Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи го осуди бранот сомнителни напади со отров, кои засегнаа девојчиња во десетици училишта, како „непростлив криминал“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Дерала: Русите се борат со лопати, како во 19-от век

Едно нешто имаат Русите во изобилство – топовско месо. Ни малку не се загрижени за количествата на месо и коски што ќе ги остават во битката за Бахмут. Луѓето што ги испраќаат на фронтот, за нив немаат вредност. Од војната против Наполеон до Втората светска војна, па сè до денешен ден, руската воена тактика не се променила. Безбројни човечки животи се фрлаат во оган како да се стари партали.

 

 

Бранко Тричковски

Бранко Тричковски: Проблемот кој не може да се реши престанува да биде проблем

Има, се разбира еден куп оправдувања за нивната инфантилност, но има и многу сериозни одговорности затоа што тој дел од народот е на границата со своите возбудливи илузии да предизвика општа штета и кај луѓето што штедат во Банка Интеза. Освен инфантилноста тука играат улога и опортуноста, стрвта, злобата, зависта, со еден збор – човечките слабости од чии издувни гасови можеме да се отруеме сите во заедничкиот лифт на историјата.

 

.Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВестиВојна во УкраинаизјавиполитикарегионСвет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ