• Latest
Од минатогодичната Конференцијата „Украина - Година на хероизмот“, Скопје, 24 февруари 2023, Дом на АРМ

Самитот на НАТО во Вилнус и безбедносни гаранции за Украина – шанса за стабилен мир

March 13, 2023

Алиу: Цените на паркингот на Клинички нема да биде ист за сите – бесплатно за болните од рак, најскапо ќе плаќаат тие кои не се пациенти

August 7, 2025
Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

ЦМДТ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

August 7, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025
maalski policaec

РЕАКЦИИ: Од СФРЈ до денес, повик за враќање на маалски полицаец

August 7, 2025
Фото: Фејсбук на заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов

Владата ја продолжи кризната состојба за движење во шуми за 30 дена

August 7, 2025
Фејсбук Фатмир Лимани

Зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20-проценти

August 7, 2025

Додик најави референдум по одлуката на ЦИК да му се одземе мандатот

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025
Наводна слика од пожар во рафинеријата за нафта „Афипски“ во рускиот Краснодарски крај на 7 август 2025 година, за време на украински напад врз регионот. Фото: Телеграм канал Exilenova+

Нападната рафинерија за нафта во рускиот Краснодарскиот крај во масивен напад на украински дронови

August 7, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

ССНМ бара зголемување на минималната плата за зачувување на слободата на медиумите

August 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Самитот на НАТО во Вилнус и безбедносни гаранции за Украина – шанса за стабилен мир

March 13, 2023 15:30
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Од минатогодичната Конференцијата „Украина - Година на хероизмот“, Скопје, 24 февруари 2023, Дом на АРМ

Од минатогодичната Конференцијата „Украина - Година на хероизмот“, Скопје, 24 февруари 2023, Дом на АРМ

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Во 2008 година, во Букурешт, шефовите на држави и влади на земјите-членки на НАТО, дискутирајќи го прашањето за проширување на НАТО и понатамошно зајакнување на способноста за спротивставување на заканите од 21-от век, ги поздравија аспирациите на Украина за членство во НАТО.

Лидерите на Алијансата ја потврдија својата подготвеност да ги остават вратите на НАТО отворени за која било европска демократија која има желба и способност да ги преземе одговорностите и обврските на полноправна земја-членка, како што е наведено во член 10 од Вашингтонскиот договор.

Украина не само што се придржува до принципите на Вашингтонскиот договор, туку Украина исто така ја брани својата слобода и право на постоење, како и наследството на европските народи. Украина го брани својот територијален интегритет и суверенитет, веќе 383 дена пружајќи ѝ отпор на воената агресија на рф, која го зазеде местото на постојана членка на Советот за безбедност на ОН, заобиколувајќи ги процедурите регулирани со Повелбата на ОН. Како што е познато, рф го наметна своето членство во Советот за безбедност на ОН со еднострана одлука.

Исти такви злосторнички дејствија се едностраните одлуки – обиди на рф за анексија на Автономната Република Крим и градот Севастопол, Донецката, Запорижската, Луганската и Херсонската област во Украина, како резултат на закана со сила или употреба на сила, како и понатамошна воена контрола и привремена окупација на овие територии.

Дали рф ги споделува принципите и целите на ОН? – Не!

Заземајќи место во ОН, рф досега не ја спроведе Aggression against Ukraine – UN Res ES-11-1 од 02.03.2022 година „Агресија против Украина“, која содржи повик до рф да престане со вооружената агресија против Украина, да ги деокупира сите украински територии, веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите нејзини вооружени сили од територијата на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Наредбата на Меѓународниот суд на правдата на ОН од 16.03.2022 година, која ја обврза рф веднаш да ги повлече своите трупи од територијата на Украина и да ги прекине воените дејствија, рф сè уште не ја исполнила.

Украина не еднаш ги повика земјите-членки на ОН да ја обноват примената на Повелбата на ОН во врска со легитимноста на присуството на рф во ОН, да ја лишат рф од нејзиниот статус на постојана членка на Советот за безбедност на ОН и да ја исклучат од ОН во целост.

рф продолжува да убива Украинци, да краде украински деца, насилно да ги носи во рф, да ги превоспитува, да уништува станбени згради и објекти од критичната инфраструктура на Украина. Продолжува рускиот ракетен терор.

Дали Украина во такви сурови услови на руска воена агресија очекува стратешки безбедносни гаранции од Самитот на НАТО во Вилнус? – Да!

Во јули 2023 година во Вилнус ќе се одржи Самитот на НАТО, на кој е поканет да учествува и Претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

На 30 септември 2022 година, Претседателот на Украина објави за потпишувањето на барањето за забрзан пристап на Украина во НАТО.

Украина и порано јасно ги соопштуваше своите намери да стане дел од Алијансата, вклучително и со утврдување на својот европски и евроатлантски курс во Уставот на Украина.

Фундаменталните национални интереси на Украина се, покрај државниот суверенитет и територијалниот интегритет, интеграцијата на Украина во европскиот политички, економски, безбедносен и правен простор, стекнување членство во Европската Унија и Организацијата на Северноатлантскиот договор.

Од 2009 година, Украина спроведува Годишни национални програми под покровителство на Комисијата Украина-НАТО, кои во својата суштина се Акционен план за членство во НАТО.

Во моментов, Украина не само што ги реформира своите Вооружени Сили и преминува на стандардите на НАТО, украинските војници се херојски воини кои на бојното поле демонстрираат интероперабилност со силите на Алијансата. Покрај тоа, за време на агресијата од големи размери на рф, Украина го задржува својот институционален капацитет и продолжува да ги спроведува задолжителните реформи.

На Украина сега ѝ се потребни како средства за воздушна и ракетна одбрана, оружје со долг дострел и артилерија со долг дострел, така и безбедносни гаранции, како за држава чии граѓани секој ден ја запираат руската воена машина по цена на својот живот.

За Украина и за заедничката европска безбедност, на претстојниот Самит на Алијансата треба да се разгледаат механизмите кои би обезбедиле членство на Украина во НАТО. Исто така, за Украина од витално значење е започнување година на процесот на преговори за членство на Украина во ЕУ во 2023 година.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Tags: безбедностмирНАТООНруска агресијаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ