• Latest

Македонското граѓанско општество со поддршка на Украина во борбата за слобода

March 15, 2023

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Македонското граѓанско општество со поддршка на Украина во борбата за слобода

March 15, 2023 15:28
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Украина – година на хероизмот“ е заедничкиот наслов на големата конференција што се одржа на 24 февруари, во Домот на АРМ, во организација на ЦИВИЛ и украинската амбасада во Северна Македонија.

Конференцијата беше поделена на три сесии. На третата сесија говорници беа експертите и претставници на граѓанското општество.

Како говорници на третата сесија се обратија Катерина Колозова, Институт за општествени и хуманистички науки, новинарот и аналитичар Љубомир Костовски, Јован Андоновски, Заменик на народниот правобранител, новинарот и аналитичар Никола Наумоски, проф. Ратко Дуев, Философски факултет, Скопје, Астрит Истрефи од Балкан Форум, професор д-р Марјан Ѓуровски, од Институтот за безбедност, одбрана и мир, Филозофскиот факултет на УКИМ, новинарите Дехран Муратов и Драган Мишев од ЦИВИЛ Медиа.

Катерина Колозова, Институт за општествени и хуманистички науки

Би се фокусирала, на обичните луѓе во Украина. Замислете го нивното страдање, но не само страдањето, смртта и уништувањето, туку и на желбата и обидот да живеат и креираат. Пред неколку месеци добив покана од Здружение на украински студенти по философија да се појавам како клучен говорник на конференција со наслов „Нови поколенија“, како што е името на организацијата. Овие млади студенти по философија се обидоа  да го прошират говорот пошироко од контекстот на војната, како сѐ да е нормално и вообичаено. Тие се обидоа да креираат, да создадат нешто убаво и интелектуално битно, нешто што е вон стандардните предикаменти. Затоа сакам да ги замислиме овие млади и нивните напори и идеи. Едноставно да го славиме нивниот придонес не само за мирот, кој е надвор од нивните можности, туку, за идејата како да се дојде до мир во дадениот контекст.

Проф. Ратко Дуев, Философски факултет при УКИМ

Мора да кажам дека денес имаме нови Европјани, европските држави не се како денес, веќе немаме национални држави, станува збор за мултикултурна Европа, како што некои мои колеги ги нарекуваат „нови европјани“. Но, она што ме плаши е дека не смееме да дозволиме битката за Европа, не може да остане само на Украина. И затоа, од оваа говорница, апелирам дека навистина европските држави мора да се обединат, бидејќи, во спротивно, падот на Украина ќе значи – и така веќе деструкција на економски план на Европа, ќе значи можеби и крај на Европа и новите европјани.

Д-р Марјан Ѓуровски, од Институтот за безбедност, одбрана и мир, Филозофскиот факултет на УКИМ

Денес ние на Балканот имаме сериозен проблем со малите Путиновци кои се меѓу нас и претставуваат проблем и покрај тоа што се најсилни зад тастатурата на компјутерот, но делуваат и пошироко просторот на социјалните мрежи.

Астрит Истрефи од Балкан Форум

Путин се чини дека сé уште нема сфатено дека светот ја осудува неговата војна на агресија против Украина, дека ниту тој, ниту Русија имаат пријатели или сојузници, дека дури и тие кои Путин и Русија сé уште ги сметаат дека се на нивна страна не можат да демонстрираат каква било поддршка, дека Путин не само што е поразен, туку и дека неговото диктаторство наскоро ќе падне, дека рускиот народ ќе биде тој што ќе ја заврши неговата ера, ера што ќе биде запаметена како најмрачниот период во поновата историја на Русија, извор на срам во наредните децении за рускиот народ.

Јован Андоновски, Заменик на народниот правобранител

Украина може и ќе ја добие оваа војна. Украинците се длабоко благодарни на сите нивни сојузници и на сите мирољубиви држави во светот кои има даваат поддршка. Повеќе поддршка сега значи побрза победа и мир. Украинската формула за мир се состои од десет различни точки кои, кога ќе се применат, ќе донесат сеопфатен, праведен и долгорочен мир во Украина и безбедност на целиот свет.

Никола Наумоски, новинар и аналитичар

Русија е без дилема диктаторска држава. Ја владее тиранин кој планира да биде претседател додека е жив, се избира на недемократски избори каде добива математички неверојатни бројки, убива политички противници, одржува олигархија која економски го поробува неговото население и медиуми кои сеат омраза и страв.

Љубомир Костовски, новинар и аналитичар

Ме прави горд тоа што преку НАТО ѝ помагаме на Украина, но не ме прави горд пропагандно психолошкиот сегмент, бидејќи мојата земја и мојот народ покажаа голема кревкост во тоа како се поддржува една војна. Среќа што има временска прогноза, инаку вестите за Украина ќе беа последни.

Драган Мишев, новинар

Она што особено боли, е нивното ликување на туѓата несреќа, човечките и материјални жртви, повици за уште пожестока руска делување, па дури и барање „братот“ Путин да употреби нуклеарно оружје. А ставањето насмеани емотикони на вести и фотографии на убиени деца… е тоа навистина покажува во колку очајна состојба се наоѓаат овие наши рашисти.

Дехран Муратов, новинар

Ние од оваа дистанца се спротивставуваме на путиновото зло со нашето најсилно оружје, а тоа е пишаниот збор, говорењето на вистината, разобличување на дезинформациите. Хероизмот на украинскиот народ потврдува дека слободата нема цена!

Подготви: Б. Јордановска
Монтажа: Ариан Мехмети

Tags: „Украина – година на хероизмот“Астрит ИстрефиДехран МуратовДраган МишевЈован АндоновскиКатерина КолозоваконференцијаЉубомир КостовскиМарјан ЃуровскиНикола НаумоскиРатко ДуевЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ