• Latest

Висока корупција и бавна правда: Извештај на Стејт департментот за човековите права во Македонија

March 21, 2023
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Висока корупција и бавна правда: Извештај на Стејт департментот за човековите права во Македонија

March 21, 2023 13:00
in ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Властите во Северна Македонија преземаат мерки за подобрување на состојбата со човековите права, но и натаму има веродстојни извештаи за нечовечко и понижувачко постапување и пренатрупаност во одредени затворски одделенија, насилство и закани за насилство врз новинари, сериозна владина корупција, недостаток на одговорност за родово и семејно насилство и насилство и закани кон ЛГБТ популацијата, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права за 2022 година.

Македонската Влада презеде чекори и за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или биле инволвирани во корупција, но имало значителни извештаи за функционери кои се инволвирани во корупција.

„Владата останува најголемиот работодавач во земјата, а невладините организации изјавија дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција. Јавните анкети постојано ја наведуваа корупцијата како една од главните грижи за граѓаните“, оценува Стејт департментот. Извештајот укажува и на случаите на отсуство на судска независност и намалената доверба на јавноста во правосудството.

Злоупотреби од полицијата

Уставот и законите забрануваат тортура, нехуман и понижувачи третман, но имаше извештаи дека полицијата злоупотребувала притвореници и затвореници и употребувала прекумерна сила. Владата презеде мерки да ги истражи тие случаи и да гони извршителите. Единицата за професионални стандарди на МВР извести дека во првите седум месеци од годината постапила по 30 претставки за употреба на прекумерна сила од страна на полициски службеници. Одделението оцени дека 16 од приговорите се неосновани, 11 отфрли поради недоволни докази, а три потврди.

Заклучно со 25 август, Народниот правобранител примил 103 претставки против полицијата за наводни професионално недолично однесување, особено од страна на сообраќајната полиција и прекумерна употреба на сила, што е зголемување од 51 претставка примени во истиот период во 2021 година.

Пренатрупаност на затворите

Во извештајот на Стејт департментот се забележува на лошите услови во дел од затворите, недостиг на храна и несоодветни санитарни услови. Пренатрупаноста и понатаму е проблем, особено во некои одделенија на затворот Идризово, најголемата затворска установа во земјата. Некои ќелии во Идризово имаат од 16 до 19 затвореници.

Во него се посочува дека има недостиг на образовни услови и обуки за работни вештини на малолетниците и несоодветно сместување на малолетни девојчиња на возраст од 14 до 16 години. Податоците покажале дека на 58 отсто од затворените малолетници им биле дијагностицирани проблеми со менталното здравје.

Повикувајќи се на Извештајот на Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КПТ), Стејт департментот укажува дека е забележано е лошо управување, корупција меѓу затворскиот персонал, насилство меѓу затворениците, несоодветна здравствена заштита и лоши услови за живот, особено во Идризово.

Корупција во судството

Уставот предвидува автономни и независни судови, но властите не секогаш ја почитувале судската независност и непристрасност. Случаите на несоодветно однесување на судството, несоодветниот политички и деловен притисок врз судиите, долготрајната правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судството, продолжија да ја попречуваат ефикасноста на судовите и да влијаат на довербата на јавноста во владеењето на правото, се наведува во извештајот.

Во него се поосчува дека според Судскиот совет, екстремно ниската доверба на јавноста во судството се должи на значителна судска корупција; судиите намерно ги одложуваат судењата или апелационото разгледување за да овозможат застареност, особено во случаи од висок профил во кои се вклучени богати и влијателни бизнисмени или политичари; има судии за кои се смета дека соработуваат со бранителите за поткуп или тргување со влијание; и конфликт на интереси во комбинација со непотизам.

„Судовите работеа со значително доцнење, особено во случаите на корупција од висок профил и повеќе обвинети. Судството и Јавното обвинителство останаа недоволно финансирани и недоволно екипирани, и покрај благото зголемување на нивото на финансирање. Од 30 август, Врховниот суд работеше со само 15 од 28 судии“, се наведува во извештајот.

Медиумите се поделени по политички линии

Што се однесува до слободата на изразување и медиумите, Стејт департментот нотира дека Уставот предвидува слобода на изразување, вклучително и за медиумите, а Владата генерално го почитувала ова право. Според Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), сепак, Владата покажала недостиг на капацитет ефективно да ги санкционира прекршувањата на правата на новинарите и да ја заштити нивната безбедност.

„Медиумите и известувањата продолжија да бидат во голема мера поделени по политички линии, но бројот на независни медиуми кои активно изразуваат различни ставови без очигледни ограничувања продолжи да се зголемува. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и граѓанските организации регистрирале значителен пораст на „говорот на омраза“, вклучително и во социјалните и некои традиционални медиуми“, оценува Стејт департментот.

Во него се посочува и дека искусни новинари и претставници на медиумите изразиле сериозна загриженост поради засиленото руско влијание и дезинформации, пред сѐ преку зголеменото присуство на српските медиуми во земјата.

Во извештајот се наведуваат и случаи на наводни закани и малтретирање на новинари. Заклучно со 15 август, ЗНМ има добиено осум поплаки од новинари, меѓу кои дека полицијата повикувала новинари на „информативни интервјуа“, за спречување новинари да ја извршуваат својата должност, закани и навреди додека се на должност и несоодветно однесување на функционери од централната и локалната власт или членови на политичките партии.

Подготви: Соња Танеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: КорупцијаОПШТЕСТВОСтејт Департментчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ