• Latest
Зоран Иванов (фото: ЦИВИЛ)

Одговорите не се во одговорите, туку во прашањата

March 23, 2023

ЕУ во 2024 година обезбедила 31,7 милијарди евра за климатските активности на земјите во развој

October 28, 2025

Еуроактив: Србија меѓу демократијата и литиумот

October 28, 2025

Додик не се откажува од референдум, засега се пречка „Муслиманите кои не знаат да прават ништо без Србите“

October 28, 2025
Фото: УНХЦР

Суданската армија го изгуби клучниот град од паравоените сили на RSF, ОН алармира за етнички мотивирани злосторства извршени од страна на RSF

October 28, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Во Кавадарци роденденот завршил со убиство – обвинение против 43-годишник што го убил брат му од користољубие

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент го нарече „руски пропагандист“ претставникот на Кремљ, Дмитриев кој ги минимизираше санкциите на САД

October 28, 2025
Трамп и Путин на Аљаска. Фото: Скриншот

Русија се повлекува од договорот со САД за отстранување на плутониумот доволен за илјадници нуклеарни боеви глави

October 28, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ПО ДОПРЕН ГЛАС

Одговорите не се во одговорите, туку во прашањата

Во релациите, опишани во овие редови, како и во културата, уметноста, спортот - државата поарно ич да не се плетка, за да не ги забрка, како ова со сигналиве телевизиски. Нека си остави сè на „пазарот“, на колегијалната соработка на новинарите и медиумите, на културните дејци и нивните институции, на спортистите и на нивните клубови.

March 23, 2023 14:49
in МЕДИУМИ, ПО ДОПРЕН ГЛАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов (фото: ЦИВИЛ)

Зоран Иванов (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Велат нема погрешни прашања, туку само погрешни одговори.

Сепак, денеска на македонскиот премиер некој му поставил „погрешно“ прашање, а тој ќе се распрашувал натаму.

Македонската национална телевизија не се емитува во Бугарија, а еден канал на бугарската национална телевизија зрачи во македонскиот етер. Премиерот немал одговор зошто е тоа така, но сите го знаеме одговорот.

Прво, уште кога пред две, две и пол години се потпишуваше, а којзнае и по кој пат, засега последниот, договор меѓу двете национални телевизии за размена на програмите, односно за размена на директните ТВ сигнали, ние што подолго паметиме, а сме изгорени од бугарските данајски ветувања, укажуваме дека од тој „бизнис“ пак ќе нема ништо. Бугарската страна го протна својот државен ТВ сигнал наваму, нашиот заврши на Деве Баир.

Причината, иако му е јасна и на секое дете овде, баш не мора да се бара далеку и длабоко во минатото. Ене ја, во писмото што Бугарија го депонираше во ЕУ во Брисел, со кое си ветува дека не го признава македонскиот јазик. Никогаш и не го признавала. Оттука, која ли политичка утка беше таламбасата со потпишувањето на договорот за размена на ТВ сигнали и ТВ програми со живо емитување, каде што било кава цензорска интервенција е исклучена и каде соседот не ти признава ниту јазик, ниту историја. Кој воопшто ѝ поверува на добрата волја на бугарската страна дека нешто нагло ќе се промени во бугарската политика на овие идентитетски теми.

Нејсе, ова со телевизиите е посебна приказна и поради програмските содржини. Бугарскиот ТВ канал кој зрачи во Македонија е набиен со документаристичко „едукативни“ историски содржини, а на македонскиот канал, и поради такви идентични нарации, но скроени овде, не му е дозволено да ја помине македонско-бугарската граница. Онака, добрососедски.

Тоа медиумско добрососедство заврши уште пред и да почне со блеф постапката на МИА, Македонската (Медиумската) информативна агенција, која отвори дописништво во Софија со новинар оттаму. Со новинари дописници со бугарски мајчин јазик и со бугарско државјанство и овде и таму. Секако дека е неважна етничката и националната припадност за професионални новинари какви што верувам дека се колегите дописници, но зборувам за чинот и мимикријата со која и МИА потпиша договор за размена на вести и други прес информации со бугарската национална новинска агенција БТА, а всушност таа соработка постои откако постои и МИА и сето во рамките на АБНА, асоцијацијата на балканските новински агенции, кои вестите и другите авторски прес продукти бесплатно, солидарно и колегијално си ги отстапуваат на располагање.

Ете, тоа е таа кооперативност, евидентирана и со потпишувањето на меѓусебни институционални договори. И така и ни треба кога нашиве се обидуваат да садат тикви и таму каде што сè уште климата не е погодна за тоа. Ќе дојде и тоа време. Секако ќе дојде. И отаде Деве Баир, полека, но сигурно, исчезнуваат живковистичките манири, иако сè уште се доминантни во бугарскиот политички живот. И кај и да е, и Бугарија полека ќе се демократизира и европеизира. И македонската државна телевизија ќе зрачи и таму, како и бугарската овде. И македонскиот ќе се учи и таму, и сè ќе си дојде каде што природно, демократски и европски им е местото.

Дотогаш… Дотогаш на релациите опишани во овие редови, како и во културата, уметноста, спортот – државата поарно ич да не се плетка, за да не ги забрка, како ова со сигналиве телевизиски. Нека си остави сè на „пазарот“, на колегијалната соработка на новинарите и медиумите, на културните дејци и нивните институции, на спортистите и на нивните клубови. За телевизиите исто. Има приватни телевизии, медиуми воопшто. Тие лесно си го наоѓаат патот на соработка. Еве, веќе неколку македонски серии, природно, на македонски јазик, се емитуваат на тамошни частни ТВ канали и тоа исто како и овде кога одвреме-навреме ТВ серии на бугарски јазик се тркалаат по каналите на македонските провајдери.

Затоа, колеги, не се вознемирувајте, одговорите не се во одговорите, туку во прашањата.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријадобрососедствоидентитетМакедонијанационални телевизиителевизии
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ