• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во ОН денеска се расправа за Косово; 24 години од масакрот во Меја; Велика Британија врати над 100 Албанци

April 27, 2023
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во ОН денеска се расправа за Косово; 24 години од масакрот во Меја; Велика Британија врати над 100 Албанци

April 27, 2023 12:07
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска попладне ќе го разгледа новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар Антонио Гутереш за работата на мисијата на ОН (УНМИК) на Косово, денеска се одбележува Денот на исчезнатите, на 24 годишнината од масакрот во Меја, Ѓаковица. Над 100 Албанци што избегале во Велика Британија со сплавови, денеска ќе бидат вратени на аеродромот Ринас во Тирана.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Коха: Советот за безбедност на ОН денеска расправа за Косово

„Советот за безбедност на Обединетите нации во четврток попладне ќе го разгледа новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар Антонио Гутереш за работата на мисијата на ОН (УНМИК) на Косово.

Во извештајот кој ги опфаќа активностите на УНМИК и развојот на настаните од 16 септември 2022 година до 18 март 2023 година, Гутереш го поздрави договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и анексот за негово спроведување со посредство на Европската унија во Охрид.“, пренесе Коха.

ИНА: Денеска се одбележува Денот на исчезнатите, нивната судбина се уште е отворена рана за семејствата

„Денеска се навршуваат 24 години од масакрот во Меја во Ѓаковица, каде на 27 април 1999 година беа убиени 376 лица.

Пред 22 години, српските сили ги опколија Река е Ќеке и Лугу е Чарагојес во околината на Ѓаковица.

За неколку часа беше извршена најгрозоморната егзекуција и најголемиот масакр во војната на Косово во 1998-1999 година.Во планирана акција беа отсечени сите патишта, а во правец на Меја се отворени само два патни правци. Собирот на момчиња и мажи во групи на возраст од 15 до 60 години започна во раните утрински часови.“, пренесува ИНА.

Перископи: Специјалниот суд редовно поднесува извештаи до ОН, но не и до државата Косово

„Иако е формиран од Собранието на Република Косово, Специјалниот суд известува за својата работа до ОН во Њујорк, до генералниот секретар Антонио Гутереш и преку него до Советот за безбедност, како и до земјите-членки, од кои Србија е исто така член . Извештајот ќе биде разгледан на седницата на Советот за безбедност на 27 април 2023 година, на која вообичаено учествува и претседателот Вјоса Османи.

ОН не ја признаваат државата Косово, ниту неговиот генерален секретар, ниту Советот за безбедност, поради противењето на Русија и Кина, кои и понатаму се блиски сојузници на Србија.“, пренесе Перископи.

АЛБАНИЈА

Визион Плус: Избегаа во Англија со сплавови/ Над 100 Албанци ќе бидат вратени, се очекува да пристигнат во Ринас

„Овој четврток околу 13:00 часот се очекува во Ринас да пристигне авион од Англија со над 100 вратени Албанци.

Познато е дека Албанците заминале во британската држава со сплавови и биле засолнети во кампови.“, пренесе Визион Плус.

НОА: Инспиративна приказна за свештеникот кој се обидува да ги одржи во живот селата испразнети од емиграцијата

“Скриен меѓу многуте ридови, за да се стигне до Качинари, на само 23 километри од градот Решен, потребно е повеќе од еден час, на пат кој никогаш не видел асфалт…

Заборавени од политиката и властите, единствен посетител на овие длабоки предели е католичкиот свештеник Дом Ѓерѓ Мета. Тој доаѓа секоја сабота да им даде храна за душата на неколкуте преживеани што останале во земјата на предците и со себе ја зема сета нивна борба за опстанок.“, пишува меѓу другото во сторијата објавена во НОА.

КОЛУМНА

Панорама: Зошто Албанците не соработуваат?

„Ако ја погледнеме историјата на Албанија, ќе забележиме колку пати интересите на земјата се оддалечиле од нивните, албанските лидери го избрале второто, жртвувајќи ја земјата. На ист начин се однесуваа и кон ветените проекти: без двоумење ги напуштија во името на своето. Тоа се случуваше и кога интересите на државата го бараа синдикатот како соработка.“, извадок од колумната „Зошто Албанците не соработуваат?“, од авторот Фатос Лубоња, објавена во Панорама.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ