• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Иран ги оркестрирал и спонзорирал сајбер нападите во Албанија; Рама ветува просечна плата од 900 евра до април; Гренел бара ослободување на Тачи

May 26, 2023

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Иран ги оркестрирал и спонзорирал сајбер нападите во Албанија; Рама ветува просечна плата од 900 евра до април; Гренел бара ослободување на Тачи

May 26, 2023 11:39
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанската министерка за надворешни работи, Олта Џачка на собир на на Советот сајбер безбедност изјави дека имаат неоспорни докази дека Иран ги оркестрирал и спонзорирал сајбер нападите во Албанија, пренесуваат меѓу другото албанските медиуми, а во косовските медиуми денеска главниот фокус е  на изјавата на Поранешниот американски претставник за дијалогот Косово-Србија, Ричард Гренел, кој побара да се ослободи поранешниот претседател Хашим Тачи.

Ова се само дел од темите од  редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Арбреш – Џачка од  Њујорк: Имаме неоспорни докази дека сајбер нападот  е оркестриран и спонзориран од Иран

„Сајбер нападот во Албанија, имаме неоспорни докази дека е оркестриран и спонзориран од Иран. Штетата беше содржана, но тоа беше доказ за бруталноста на злонамерните сајбер активности. Таквите дела претставуваат закана за меѓународниот мир и безбедност и мора да се третираат како такви. Постапките на Русија предизвикаа метеж во комуникацијата не само во Украина, туку и во други делови на Европа, изјави Министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка на средба на Советот сајбер безбедност организиран од Албанија и САД.“, пренесе Арбреш.

Топ Чанел – Рама: До следниот април просечната плата ќе достигне 900 евра

“Рама од говорницата на Собранието рече дека Албанија денеска не е на исто ниво како регионот поради последователните проблеми со кои се соочи, како што се земјотресот, пандемијата и агресијата на војната.

Со денешното гласање го отвораме патот за процес кој следниот април ќе не доведе до 900 евра просечна плата. Секако дека ќе се зголемат и другите плати, но со ова што го работиме денеска ќе се искачиме во најплатените земји во регионот“, пренесе Топ Чанел.

КОСОВО

Блиц: Над 10.000 косовски Срби заминуваат во Белград во знак на поддршка на Вучиќ

„Околу 200 автобуси со косовски Срби заминаа вчера и утрово од Северна Митровица, Грачаница, Лепосавиќ, Зубин Поток, Штрпце кон Белград на покана (и обврска) на српскиот лидер Александар Вучиќ да учествуваат на контра- протест организиран од него против протестите на десетици илјади граѓани кои со денови протестираат против неговиот деспотизам во Србија.“, пренесува косовскиот медиум Блиц.

Клан Косова – Гренел: Тачи веднаш да биде ослободен, Европејците прават валкана работа

„Поранешниот американски претставник за дијалогот Косово-Србија, Ричард Гренел, побара итно ослободување на поранешниот претседател Хашим Тачи.

За раната што е додадена на болката од војната во Косово, држењето на Тачи во затвор, Гренел рече дека Европејците прават валкана работа.“, пренесува Клан Косова.

Газета Експрес: КБС распоредува контингент во Северна Македонија

Косовските безбедносни сили преку соопштение за медиумите велат дека нивниот контингент распореден во Република Северна Македонија покажува високо ниво на подготвеност.

„Контингентот на Косовските безбедносни сили распореден во Република Северна Македонија, приклучен на Работната група Југ во мултинационалниот баталјон, изврши патролирање на ниво на вод, вклучително и мобилни контролни пунктови, и продолжи со одбранбените операции на кампот според сценарија подготвени од вишата команда, со цел тестирање и подготовка на војниците во вежбата“, се наведува во соопштението до КБС“, пренесе Газета Експрес.

КОЛУМНА

Бота Сот: Ние избегавме за  да не станеме Срби, а вие, зошто бегате денес?

„Мојот пријател Роберт Хамерлингер е со албанско потекло, не знае точно како се викало нивното село, но вели дека тие се преселиле некаде од областите на Санџак во Ниш во 1881 година. Во тоа време нивното село се состоело од 54 албански семејства од православна вера. Бидејќи Србите имаа поголема слобода под турско владеење, оние што го избегнаа преминувањето во ислам беа напишани како Срби, како Албанци христијани, и православните и католиците страдаа повеќе од робот и селото имаше уште 23 албански куќи кои беа од исламска вероисповед. Според зборовите што ги слушнал од своите предци, повеќето жители на тие краишта го прифатиле исламот, но нивното село успеало да го избегне ова покрстување.“, пишува авторот Рамиз Селими во колумната „Ние избегавме за  да не станеме Срби, а вие, зошто бегате денес?“, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ