• Latest

ЦИВИЛ продолжува со „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците“, на 19 јуни со Општина Центар

June 16, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ продолжува со „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците“, на 19 јуни со Општина Центар

June 16, 2023 13:22
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, организира јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во просториите на Општината, на 19 јуни ( понеделник), со почеток во 12 часот.

На оваа граѓанска средба се поканети претставнички и претставници на граѓанските здруженија, медиумите, локалните институции, бизнис секторот, верските заедници, политичките партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани.

Настанот ќе го води Дијана Тахири од ЦИВИЛ, а на почетокот ќе говорат градоначалникот, г. Горан Герасимовски  и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

По воведните излагања, ќе биде отворена дискусија со кратки излагања до пет минути. Учесниците се поканети да говорат, како за предизвиците, така и за решенијата што ги предлагаат.

На крајот од дискусијата, ќе се направат нацрт заклучоци и препораки кои потоа ќе бидат разработени во комуникација со локалните власти и ќе бидат упатени на соодветни институции и организации.

Работата на овој собир е јавна и се очекуваа придонес од сите засегнати страни и носители на одлуки.

Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

На 29 мај, ЦИВИЛ го одржа првиот јавен настан од серијата „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, во Општина Гостивар.

Македонија треба да го земе Гостивар како позитивен пример за мултикултурализам

Tags: граѓански дијалозиЗаедно за подобра иднинамултикултурализамопштина центарЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ