• Latest
Мина Џек Толу, транс-активист, член на комитетот на Европските зелени и ЛГБТКИА активист (фото: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ)

Мина Џек Толу: Говорот на омраза и насилството со сé повеќе координирани напади на ЛГБТКИА заедницата се гледа ширум Европа

June 26, 2023

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Скопје ќе го одбележи Денот на независноста на Украина со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Мина Џек Толу: Говорот на омраза и насилството со сé повеќе координирани напади на ЛГБТКИА заедницата се гледа ширум Европа

June 26, 2023 15:18
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Мина Џек Толу, транс-активист, член на комитетот на Европските зелени и ЛГБТКИА активист (фото: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ)

Мина Џек Толу, транс-активист, член на комитетот на Европските зелени и ЛГБТКИА активист (фото: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на Парада на гордоста, под мотото „Гасни и горди“ што се одржа во Скопје, на 24 јуни, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Мина Џек Толу, трансродово лице од Малта.

Толу е транс-активист, член на комитетот на Европските зелени и ЛГБТКИА активист. Толу ги сподели своите искуства со говорот на омраза како транс лице, но и политичар, како и за улогата на Зелените во однос на човековите права.

ЦИВИЛ Медиа: Дали може да ни кажете колку е распространет говорот на омраза против ЛГБТКИА заедниците?

Толу: Говорот на омраза и насилството, особено на интернетот против ЛГБТКИА заедниците, се зголемува. Гладеме, посебно на интернет, сé повеќе координирани напади на овие движења, особено таргетирајќи ги транс луѓето, транс лицата. Ова не е својствено само за една земја или друга, го гледаме ширум Европа, посебно сега во Обединетото Кралство, каде печатот особено поттикна пораст на анти-транс чувства преку нивниот кликбајт и преувеличените карактеристики за транс луѓето, за тоа кои сме ние и што бараме. Значи, навистина е важно да продолжиме да се спротивставуваме на тоа, особено преку, како на пример, Прајд утре и како што се случува низ Европа, да го имаме ова движење на солидарност и заедница од ЛГБТКИА луѓето, да нé покаже заедно обединети.

ЦИВИЛ Медиа: Како се справувате со говорот на омраза, кои се вашите препораки?

Толу: Па, јас сум транс лице, но, исто така, сум и политичар, така што добивам говор на омраза на различни нивоа. Сигурна сум дека моите колеги од ДОМ тука, како што е Маја Морачанин, се навикнати да имаат таргетирани напади на интернет против можеби тоа што го зборува и тоа што го предлага во парламентот и тоа што го зборува особено за законот за матична евиденција, што ќе овозможи почитување на самоопределбата за трансродовите лица да имаат брзо, транспарентно и правно достапно признавање. Значи, во тој однос, политичарите се научени да не ги читаат коментарите, посебно во весниците кои можеби ги покриваат нашите прашања со одредена негативност, како и да работат со нивниот персонал или со нивните волонтери за да се има тампон нивоа меѓу нас и коментарите на интернет. Секако, ако не сте политичар, а сте јавна личност или активист, или само си ја гледате својата работа и само си го живеете својот живот како ЛГБТ лице, тоа има различен ефект бидејќи го немате истиот систем околу вас да ве штити. Значи, сметам дека е важно да направите скриншотови и да ги чувате линковите на секој говор против  вас на интернет и да ги однесете во ЛГБТКИА организација доколу е таргетиран ЛГБТКИА говор на омраза, затоа што тие би можеле да ги соберат сите овие информации што доаѓаат и да имаат посилен случај доколу за тоа би разговарале со, на пример, полициската сајбер единица.

ЦИВИЛ Медиа: Каква е улогата на зелените во подобрувањето на состојбата со човековите права на ЛГБТКИА заедниците?

Толу: Европските зелени и нашите партии членки низ Европа работат мошне напорно за сите човекови права. Кога станува збор за ЛГБТКИА правата, во 2020 година изгласавме многу силна политичка резолуција наречена Транс права тука, Транс права сега (Trans Rights Here, Trans Rights Now), што зборува за и почитувањето на самоопределбата и телесната анатомија на трансродовите луѓе, но и за интерсексуалните луѓе. Исто така, на пример, го видовме во Естонија сега оваа недела законот за еднаков брак и естониската Зелена партија беше меѓу оние поголеми групи кои собираа потписи за туркање на оваа промена. Тука сме со граѓанските општества и невладините организации и веруваме во партиципативна демократија, каде што ги слушаме луѓето кои се најмногу погодени од овие прашања и ова е навистина важно за да можеме да предложиме закони кои се инклузивни, праведни и современи.

ЦИВИЛ Медиа: Можете да ни кажете нешто за вашата проценка на состојбата тука во Северна Македонија, бидејќи сте тука, сега?

Толу: Да, секако. Тука сум кратко време, но пред да дојдам имав бројни онлајн состаноци со разни колеги и денес ќе се сретнам со некои ЛГБТКИА активисти исто така. Загрижувачки е да се види пораст на анти-родовите чувства, посебно што доаѓаат од религиозните групи, но не е за изненадување. Но, секако, знаете, го имаме ова лажно веување дека можеби како што минува времето стануваме попрогресивни. Но, за тој прогрес мора да работиме секој ден. И секогаш ќе има подеми и падови во однос на нападите против заедницата. Значи, кога станува збор за тоа што се случува во Северна Македонија, во однос на законот за родова еднаквост, ги гледаме истата реторика и пораки како и во другите земји што се обидуваат да поттикнат слични закони за родова еднаквост, за родови квоти, за правно признавање на родот за транс лицата. Загрижувачки е, но знам дека има вистински луѓе кои работата на ова локално, за да застапуваат и осигураат почитување на правата на транс лицата конкретно. Така што, се надевам дека, знаете, ќе видиме некои добри позитивни промени во следните две недели. Мислам дека во целина, мојата порака особено до Македонците е дека треба да разберете што значи самоопределба за транс луѓето, затоа што ќе разберете колку е важно да си го изберете своето име, да си го изберете својот статус во однос на други луѓе. И мислам дека токму ова е тоа што го бараат транс луѓето – да ни биде дозволено да си ги избереме своите имиња и да си го избереме својот статус и тоа како нé гледа општеството, како маж или жена, толку е едноставно. Не ни треба одложувања во време, не ни требаат понатамошни пречки, не ни е потребно луѓето да се однесуваат сурово кон нас и да ни кажуваат кои сме затоа што ние најдобро се познаваме себеси, кои навистина сме.

ЦИВИЛ Медиа: Ви благодарам што бевте тука со нас.

Толу: Ви благодарам, ви благодарам многу за интервјуто. Имаме уште нешто да кажам – Како трансродово лице од Малта, законите кои ги имаме од 2015 година кои нé признаваат, многу нé имаат поддржано и ни овозможиле да си го живееме нашиот живот. Гледаме сé повеќе и повеќе транс луѓе кои имаат пристап до вработување и високо образование. Гледаме како транс луѓето сами си го избираат своето патување и одвојуваат време за да пристапат до специфичната здравствена заштита за трансродови лица и тоа се прави со целосна почит. Кога ќе ги погледнеме законите кои се измениле низ Европа во изминатите 8 години за правно признавање на родот во Малта, во Ирска, Исланд, Белгија, Данска и други земји, гледаме дека никогаш немало злоупотреба на овие закони. Трансродова Европа (Transgender Europe), како невладина организација со седиште во Берлин која работи со транс активисти ширум Европа и Централна Азија, има направено детално истражување со властите во овие земји кои при тоа потврдиле  дека кога овие закони ќе влезат во сила, тие ќе ги поддржуваат транс луѓето и дека истите никаде не се закана за еднаквоста на жените.

Дијана Тахири
камера и монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Европски зелениЛГБТИМина Џек ТолуПарада на гордостатрансродово лице
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ