• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: OЈО постапува по три кривични пријави на австриската фирма АММА, Брисел дециден што може да помине од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени, ДЗР со резерва во вистинитоста на финансиските извештаи на дел од политичките партии

June 28, 2023
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: OЈО постапува по три кривични пријави на австриската фирма АММА, Брисел дециден што може да помине од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени, ДЗР со резерва во вистинитоста на финансиските извештаи на дел од политичките партии

June 28, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Основните јавни обвинителства во Гевгелија и Скопје, како и Вишото јавно обвинителство Скопје водат три посебни постапки, по поднесени кривични пријави од австриската фирма AMMA Import Export GmbH (AMMA), за кои во отворено писмо до медиумите вчера алармираше и австрискиот амбасадор, информираат денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. 

Во писмото на амбасадорот се наведува дека една од фирмите е поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев. Заев одговори со реакција во која наведе дека се оградува од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор, а на следното спомнување на неговото име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видат на суд со амбасадорот на Австрија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Опозицијата овие денови е во Брисел, таму се среќава со претставници на Европската народна партија, но и со претставници на институциите на ЕУ. По нашите информации тие добиле јасни пораки што може, а што не може да биде изгласано од нивните идеи за уставните измени. Ние оставивме простор и слобода навистина за разговори на начин на кој на нив им е прифатлив и комотен. Сега во Брисел, по моите информации, јасно ќе им биде ставено на знаење што е реално, а што не е реално од нивните барање. Ако тоа го прифатат и го сфатат мислам дека чесно ќе дојдеме до формула и да постигнеме компромис кој ќе не извлече сите од оваа ситуација и ќе ја турне државата напред“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

На 28 јуни 2023 година, Украина ја одбележува 27-мата годишнина од усвојувањето на Уставот – главниот нормативно-правен акт на државата, кој ги воспоставува основите на општествениот поредок, државниот систем, редот на формирање, начелата на организацијата и работата на државните органи, правата и обврските на граѓаните.

*

Украина деокупираше територија под руска контрола од 2014 година, контраофанзивата напредува во најмалку четири сектори од фронтот

*

Генералот Сергеј Суровикин, заменик-командантот на руските воени операции во Украина, знаел дека Евгениј Пригожин водачот на платениците од Вагнер планира бунт против военото раководство на Москва.

РУСИЈА

Големите руски весници изразија ретки директни критики на властите по неуспешниот државен удар на Евгениј Пригожин, при што еден московски медиум во насловот вели дека Русија „ја покажала својата ранливост – на целиот свет и на себе“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕВИЗИЈА Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска објави конечни извештаи за ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на сметките за редовно работење за 2021 година на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива.

СТРУЈА Во април годинава во земјава вкупно се потрошени 575. 829 мегават часови електрична енергија, 35,898 милиони кубни метри природен гас, 461.047 тони јаглен и 93.326 тони нафтени продукти.

ИНТЕРВЈУ

Апостол Симовски, директор на Завод за статистика: Бојкотирачите на пописот за да си ја исперат вината шират невистини дека податоците не се вистински

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

На прашање за уставните промени кое веќе со месеци ја антагонизира македонската политичка елита и ја вознемирува широката македонска јавност, Цивил организира дебата со цел да детектира дел од препреките кои стојат на патот на македонските евроинтеграции.

Дебатата под наслов „Уставни измени: Исток или Запад“, со почеток во 10:30 часот ќе се емитува во живо од студиото на прес центарот на Цивил и во неа ќе учествуваат новинарите-уредници Ерол Ризаов, Мирослав Јовановиќ, Зоран Иванов, а модератор ќе биде Љубиша Николовски.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Предолго трае узурпацијата на јавниот простор и јавните комуникации од верските заедници. Цели генерации пораснаа во верска затапеност и омраза кон „другите“. Ете, тоа е пеколот на земјата. Верата треба да ја вратиме таму каде што ѝ е местото. Таа да остане во верските објекти и во приватните животи на луѓето. Одговорни интелектуалки и интелектуалци, одговорни медиуми и институции мораат да им застанат на патот на овие бесмислени и деструктивни скокови наназад во вековите“, пишува Џабир Дерала во „Еманципација значи смртен грев, болест и перверзија“.

Во рубриката СЛОБОДНА ЗОНА за „24 часа што го потресоа Кремељ“ пишува Нина Л. Хрушчева, а за македонските и бугарските идентитети пишува Бранко Тричковски во „Решение по Радев“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: ДневникеманципацијаЗоран ЗаевОЈОпостапкиревизијауставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ