• Latest

Од Иловица до Солунa

July 21, 2023
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Од Иловица до Солунa

July 21, 2023 10:17
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Со песната „Не плачи мајко не жали, ако загинам за Македонија“… присутните граѓани ги полнеа батериите со патриотизам, чиниш ќе тргнат во поход да го освојуваат Солун, а не дека дошле на благороден протест против отварање на рудник за злато и бакар во Иловица, стумичко. Пред официјалните излагања, присутните во еден глас ја испеаja химната „Македонците се борат за своите правдини…“ и веднаш по химната следуваше воведно обраќање во кое беа поздравени Македонците и Македонките, (следува громогласен аплауз). Продолжува, „под ова врело македонско сонце дојдовте во голем број да го искажете својот револт кон срамната одлука на Владата“, (скандирање УАА).

На протестот доминираа знамињата со вергина (како да се дојдени на партиски митинг), и буквално ги покрија транспарентите на еко-активистите. Говорниците како да ја утнале темата на протестот, па се расфрлаа со изрази дека нема да им дозволат на странските предатори кои се во спрега со нашите домашни предавници да прават што сакаат.

„Ние немаме резервна татковина и ќе се бориме за оваа наша жална и напатена татковина… Им порачуваме на сите внатрешни и надворешни непријатели, на струмичката котлина, дека ќе ја зачуваме нашата почва како што ни ја оставија нашите предци. Само сплотени ќе го победиме злото. Само така ќе ја зачуваме нашата мила и заедничка Македонија“.

Еден од говорниците истакна дека во тој регион живеат и луѓе кои се дојдени од (Егејска Македонија) Грција, и вели дека ги предупредил дека „од таму ги преселија душмани и од тука ќе ги селат душманите“.

Тие се заканија и со масовни судири и дестабилизација на државата и дека „само преку нив мртви“ ќе може да се изградат рудници. Ова ме потсети на националистичкиот протест (во 2021 година) на жителите (Македонци) од „Трајаново Трло“ во Кочани кои против изградба на типски куќи на социјално загрозени семејства, истакнаа транспарент „Само преку нас мртви“, нагласувајќи дека нема да дозволат до нив да се изгради нова населба која ќе биде населена со Роми.

Додека траеа говорите против отварање на рудници во струмичко, во неколку наврати се слушаа извици од напалената публика: „Смрт за предавниците“, „Смрт за Шиптари“, „Смрт за централната власт“…

На кратките паузи додека немаше излагања од говорниците, граѓаните се развеселуваа со песните: „Што ќе остане од Македонија, ако душмани те крадат и душмани те делат“… и „Проклети да се предавниците народ свој што го предале“… Истиот репертоар на песни кои се пуштаа на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, „За задничка Македонија“ против промена на името и против Францускиот предлог. А и не само репертоарот на песни туку и вокабуларот на излагањата беа идентични (и скандирањата).

„Ова е Република Македонија“, (нели, никогаш Северна)… „Ова е удар кон нашето достоинство, удар кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија“… „Здравјето на нацијата е загрозено“… „Македонија ќе ја кренеме пак на нозе“.

Една од говорничките, во ист манир како пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кога се мачеше да го запали Францускиот договор, па на крај го искина на парчиња, исто и таа со тешкотија го запали договорот (лист хартија) откако напомош и дојде уште еден соборец, и со друга запалка успеаја триумфално да го запалат.

На протестот против отварање на рудници се (зло)употреби и религијата. Еден од говорниците вели: „Струмичкото поле Бог ни го дал преку нашите предци“, отакако претходно ги поздрави свештениците кои дошле на протестот.

Друга говорничка раскажа како баба и во една прилика додека беа на поле и рече: „Синче, тука навечер се симињал Господ да вечера на струмичкото поле“.

Друга говорничка вели: „Македонија раѓа(ла) синови и ќерки и нема да има рудници, ќе има трудници“.

Правото на протест е демократско и загарантирано право. И треба да има протести, иницијативи, референдуми кога се работи за тема како што е отварање на рудници. Меѓутоа протестите против отварање на рудници не смејат да се претворат во предизборни митинзи и кампањи.

Tags: говор на омразаИловицанационализамПротест
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ