• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: ВМРО – ДПМНЕ ги злоупотребува пензионерските протести; Кремљ сака да ја спречи РСМ да продолжи по својот европски пат; македонски компании ќе учествуваат на тендери на НАТО

August 14, 2023

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: ВМРО – ДПМНЕ ги злоупотребува пензионерските протести; Кремљ сака да ја спречи РСМ да продолжи по својот европски пат; македонски компании ќе учествуваат на тендери на НАТО

August 14, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пензинерите блиски до ВМРО-ДПМНЕ најактивни во повиците за масовноста на протестите

Најави за организиран превоз до Скопје за пензионери од внатрешноста започнаа да споделуваат симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи повикувајќи на масовност.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Оваа реторика е поттикната од пропагандата која доаѓа и од Москва. Кремљ сака да ја спречи РСМ да продолжи по својот европски пат. Оваа реторика, која сосема заслужено ја регистрирате во нашите медиуми и социјални мрежи, доаѓа токму од оние кругови, за кои кажав погоре, дека не сакаат РСМ да биде стабилна, членка на ЕУ и да има добрососедски односи со сите земји, вклучително и во Бугарија“, Ова во интервју за БГНЕС го вели познатиот македонски новинар, писател и продуцент Џабир Дерала.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА На средбата во рамки на Стратешкиот дијалог, Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4.276.000 американски долари наменети за  владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.

КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА Четириесет и двегодишен велешанец е позитивен на конго кримската хеморагична треска, потврди Институтот за јавно здравје. Пациентот во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бо Скопје  и е во стабилна општа состојба.

НАТО ТЕНДЕРИ ЗА ДОМАШНИ КОМПАНИИ Со членството на Република Северна Македонија во НАТО – Алијансата и по усогласувањето на домашното Законодавство, домашните компании имаат можност да учествуваат на набавките објавени за потребите на НАТО и земјите-членки, чија вредност надминува 5 милијарди евра годишно.

МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави ќе учествуваат на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), која ќе се одржува во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид  од 17 до 31 август.

ДРЖАВНА ПОМОШ ЗА ЗЕМЈОДЕЛВИТЕ Платежната агенција денеска ја реализираше исплатата на дополнителната државна помош од 20 отсто за носители на земјоделски стопанства кои се регистрирани вршители на земјоделска дејност согласно Законот за вршење земјоделска дејност или регистрирани како индивидуални земјоделци согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Насекаде нашите воини возвраќаат на окупаторскиот терор. Нема ниту еден ден руското зло да не ја добие нашата целосно праведна одмазда. Насекаде нашите воини се одмаздуваат на окупаторскиот терор, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.

*

Снабдувањето на оружје и воена техника од страна на Иран, вклучувајќи беспилотни летала (UAV) на државата агресор рф значи директно иранско вмешување во вооружената агресија во Украина на страната на агресорот и е грубо кршење на нормите на меѓународното право и Повелбата на ОН.

АНАЛИЗИ

Руската економија, која се бори да продолжи да расте додека нејзината војна со Украина се одолговлекува, забрзано се движи од лошо кон полошо според податоците на Централната банка на Русија кои покажаа дека суфицитот на нејзината тековна сметка забележа пад од 85% на годишно ниво од јануари до јули, пишува Драган Мишев во анализата „Руската економија оди од лошо на полошо, додека рубљата е во слободен пад, а суфицитот падна за 85 отсто“

*

Пленарната седница на Собранието за уставни измени, која треба да почне во петок, според експертите, може да трае до крајот на овој парламентарен состав. Според нив, има дупка во Деловникот на Собранието, која не предвидува кога може да се затвори втората фаза, односно собраниската расправа, анализира Дестан Јонузи во објавата „Мицкоски не може да се издигне над ситнопартиските интереси, Уставните измени на политички ќорсокак“

*

Руската амбасада во Скопје за две години објавила двојно повеќе постови на социјалните мрежи од дипломатските претставништва на ЕУ, САД, Британија… Според истражувањето на Центарот за проучување на демократијата од Софија (CSD) тоа е дел од пропагандната стратегија и хибридната војна на Кремљ, стои во анализата на Радио Слободна Европа „Руската амбасада во Скопје – Балкански рекордер на социјалните мрежи“

 ES-PRESS-O

На времето, моите приватни забави беа прилично посетени, но Курти ме шие. Можам да се вадам дека ги правев во ноември и декември, па студено и слично, ама слабо фајде имам од оправданија со годишното време. Курти, сепак, имаше повеќе раја од мене.

Сепак, не сум ни јас за фрлање. Не мала утеха е тоа што јас секогаш сум имал подобра музика на моите забави. И воопшто во животов, пишува Џабир Дерала во својата утринска колумна „Добредојдовте на приватна забава“

СЛОБОДНА ЗОНА

Турбуленциите во корпусот политички партии на Албанците во Македонија, доведоа до нивно дробење и уститнување на дури седум политички субјекти, најмногу досега од почетокот на политичкиот плурализам во земјава. Сите тие сега си го бараат своето место под македонското сонце, но на идеолошки стеснетиот простор, некои од нив тоа го прават така што сакаат да му го затемнат зракот, јавајќи на облакот на национализмот, невешто користејќи ги ветриштата од соседно Косово, пишува Љубиша Николовски во колумната „Косовизација на албанската опозиција“

*

Секој просечен човек, кога ќе види напишано 2+2, инстиктивно, не го гледа напишаното, туку во главата му се појавува 4. Значи врз основа на едноставни факти, донесува заклучок. Состојбата се комплицира кога се анализираат посложени појави/процеси, кога проблемот не е толку очигледен, а уште помалку решението. Овде до израз доаѓа претходното искуство и знаење на оној што се обидува да го донесе решението, зачинето со неговиот интелект и моќ за логично расудување. Ако се вратиме на првата реченица, мојата неуспешност во разбирањето се должи или во недоволното познавање или во недостатокот на интелект, а најверојатно на двете заедно, пишува Војо Маневски во написот „Тепачка без разум“

Д. Мишев

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестиВојна во Украинаизјавиинтервјуполитика
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ