• Latest
Фото: МИА

Борел: ЕУ ги осудува и не ги признава т.н. избори на териториите на Украина под руска окупација

September 11, 2023

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Борел: ЕУ ги осудува и не ги признава т.н. избори на териториите на Украина под руска окупација

September 11, 2023 13:27
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија остро го осудува одржувањето на руските нелегитимни т.н. „избори“ во Автономната Република Крим и градот Севастопол и во делови од регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон во Украина, кои Русија привремено ги окупираше, се вели во денешната реакција на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за регионалните и локалните избори што од  8 до 10 септември беа организирани во Русија и на териториите на Украина под руска контрола.

– Решително го отфрламе овој натамошен залуден обид на Русија да ја легитимира или нормализира својата нелегална воена контрола и обидот за анексија на делови од украинските територии. Тоа претставува уште едно очигледно кршење на меѓународното право, вклучувајќи ги и Повелбата на ОН и независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Европската Унија не ги признава и нема да ги признае ниту одржувањето на овие т.н. „избори“, ниту нивните резултати, наведува Борел во изјавата упатена во име на Европската Унија.

Тој, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, потенцира дека овие избори во Украина се одржаа во услови на „присилно и незаконско доделување пасоши од страна на Русија, вклучително и на деца, принуден трансфер и депортација, широко распространето и систематско кршење и злоупотреба на човековите права, како и заплашување и зголемена репресија врз украинските граѓани од Русија и нејзините нелегитимно назначени власти на привремено окупираните територии на Украина“, додавајќи дека руското политичкото раководство и оние кои се вклучени во организирањето на изборите ќе се соочат со последиците од овие незаконски активности.

– Европската Унија ја поздравува храброста на украинските жители кои се спротивставија на лажното гласање и продолжуваат да се спротивставуваат на руската окупација. Европската Унија останува цврсто посветена на поддршката на Украина и нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет. Русија мора веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои војници и воена опрема од целата територија на Украина во нејзините меѓународно признати граници, потенцира Борел.

Тој натаму нагласува дека изборите во Русија се одржале во услови на многу ограничувања поради руската агресија врз Украина, зајакната внатрешната репресија со воведување воена цензура и натамошно сузбивање на опозициските политичари, граѓанските организации, независните медиуми и другите критички гласови, со употреба на репресивно законодавство и политички мотивирани казни.

– Ова резултираше со ограничувања на граѓанските и политичките права, спречувајќи многу кандидати да се кандидираат и ограничувајќи го изборот на руските гласачи и пристапот до точни информации за кандидатите. Европската Унија изразува жалење за континуираниот притисок врз независната група за набљудување избори Голос, вклучително и притворањето на нејзиниот копретседавач Григориј Мелкоњанц и ја повикува Русија да обезбеди продолжување на мониторингот на изборите, вклучително и од страна на ОБСЕ. Европската Унија продолжува да ја повикува Русија да ги исполни своите меѓународни обврски во однос на човековите права и основните слободи и да го укине своето репресивно законодавство, додава Борел во изјавата.

Tags: БорелизбориРусијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ