• Latest

Албански медиуми: ЕП ќе расправа за нападот на косовската полиција; паралелни истраги за Радоичиќ; од Стејт департментот не е потврдено повлекувањето на српските војници од границите со Косово

October 3, 2023
Кијив, 15 ноември 2026 (ДСНС)

НЕДЕЛЕН ВОЕН ИЗВЕШТАЈ | РУСКИ ТЕРОР ВО УКРАИНА: Над 2.300 дронови, загинати цивили и нови напади врз електромрежата

November 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: ЕП ќе расправа за нападот на косовската полиција; паралелни истраги за Радоичиќ; од Стејт департментот не е потврдено повлекувањето на српските војници од границите со Косово

October 3, 2023 10:17
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент денеска ќе  расправа за нападот на косовската полиција, се очекува резолуција, Специјалното обвинителство на Република Косово соопшти дека започнало истрага за нападот во Бањска и дека во моментов е во процес на прибирање информации и докази поврзани со овој случај, а паралелни истраги најави и Обвинителството на Србија.

Ова е дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Балкан Веб: Европскиот парламент денеска ќе  расправа за нападот на косовската полиција, се очекува резолуција

Во соопштението на Европскиот парламент се најавува дека расправата за Косово се очекува да започне денеска по 15 часот.

Европратеникот Тонино Пицула, еден од иницијаторите на дебатата во објава на Х рече дека ја осудуваат неодамнешната агресија на вооружена терористичка банда врз косовските полицајци, пренесе Балкан Веб.

Газета Експрес: Паралелни истраги против Радоичиќ, но во спротивни насоки

Специјалното обвинителство на Република Косово соопшти дека започнало истрага за нападот во Бањска и дека во моментов е во процес на прибирање информации и докази поврзани со овој случај.

Паралелни истраги најави и Обвинителството на Србија, но не е јасно дали двете институции ќе соработуваат меѓу себе, пренесе Газета Експрес.

Од Стејт Департментот  велат дека не ги потврдиле информациите дека Србија ги повлекла војниците од границата со Косово

Коха: Американскиот Стејт департмент  соопшти дека не ги потврдиле извештаите дека Србија ги повлече војниците од границата со Косово.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во вечерашното интервју за „Си-Ен-Ен“ изјави дека Србија го намалила бројот на војници во близина на границата со Косово на 4.400, од ​​14.000 минатата година. Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека овие извештаи не се проверени, пренесе Коха.

АЛБАНИЈА

Албеу: Суспендирање на ИПАРД фондовите, Рама: Ќе земеме пример од Хрватска, ќе го исправиме јазолот на администрацијата на фондовите на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама е во официјална посета на Хрватска каде потпиша повеќе договори меѓу двете земји.

На заедничката прес-конференција со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, Рама меѓу другото зборуваше и за суспензијата на средствата од ЕУ за ИПАРД програмата.

Рама нагласи дека ќе има реорганизација на администрацијата на фондовите на ЕУ за земјоделството, додаде дека од него побарале поддршка за преговарачкиот процес, туризмот и сајбер безбедноста, пренесе Албеу.

КОЛУМНА

Коха: Хроника на однапред најавен напад

„Од закана до насилство: на терористичкиот напад во Бањска му претходеше милитаристичка, пропагандна и дипломатска кампања на српскиот режим. Милан Радоичиќ е производ на криминализацијата на политиката во Србија. И, за жал, и криминализацијата на политиката на Косово со години

Во летото 2022 година, Милан Радоичиќ испрати заканувачка видео порака од Лепосавиќ: „Еве ме, се вратив и знаете што значи тоа“. Иако се зборуваше дека Радоичиќ  во одредени фази бил баран од косовските власти, овој газда на криминалната мрежа на северот од земјава изгледа се движел како златна рипка во аквариум. До денес останува нејасно зошто косовските власти му ја тргнале налогот за апсење.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „ Хроника на однапред најавен напад“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ