Ако имаш интерес, искуство и страст за социјалните медиуми и си активен корисник на повеќе платформи, ако се информираш за дневните случувања преку веб-порталите, ако си противник на дезинформациите и пропагандата и ако си застапник на демократските и европските вредности – ова е одлична можност за тебе и твојот натамошен професионален напредок.
Како кандидат/ка, треба да сте креативни, ангажирани, љубопитни, подготвени да научите нови работи, проактивни и вредни. Претходно професионално работно искуство не е задолжително, а предност ќе имаат кандидатите кои поминале обуки за социјални медиуми или дигитален маркетинг и кои имале ангажмани за продукција и промоција на дигитални содржини преку интернет.
Потребно да имате вештини за пишување на македонски (познавање на албански јазик се смета за предност), вештини за управување со социјални медиуми преку компјутер и мобилен уред, подготвеност за учење, примена на нови софтверски алатки за кои ја подобруваат дигитална комуникација на медиумите и познавање на англискиот јазик.
Ангажманот е за периодот 15 ноември 2023 – 30 јуни 2024 година, со можност за продолжување. Работниот ангажман е во Скопје.
Работни задачи и одговорности
- Објавување мултимедијални содржини на веб (текст, слика, видео, графика)
- Објавување медиумски содржини информативни портали на социјалните медиуми и апликациите за дигитални комуникации (Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Тик-ток, Телеграм, WhatsApp, Viber итн.)
- Подготовка на кратки текстови (постови) за најава на медиумските вести на социјалните медиуми
- Подобрување на сообраќајот на сајтот (traffic management)
- Изготвување на извештаи за посетите на сајтот и перформансот на социјалните медиуми.
- Учество на обуки, состаноци, студиски посети и друг тип на едукација за социјални медиуми, пишување, видео продукција и графички дизајн
- Изработка на видеа и графики за социјални медиуми
- Работа со онлајн апликации кои ги подобруваат дигиталните комуникации на онлајн медиумот.
Ние нудиме
- Работа во конкурентна индустрија – онлајн медиуми
- Обуки и менторство со домашни и странски експерти
- Стекнување знаење и искуство во напредно користење социјални медиуми и софтверски алатки и апликации за дигитален маркетинг
- Флексибилно работно време и одлична работна атмосфера
- Месечни примања – 30.000 денари
Сите заинтересирани кандидати својата биографија (и портфолио од минати проекти доколку постои) треба да ја испратат на [email protected] (со назнака: За повикот за помлади специјалисти за социјални медиуми), најдоцна до 03.11.2023 година.