• Latest

Албански медиуми: Нападот во Бањска во центарот на дебатата во Советот за безбедност на ОН; САД бараат екстрадиција на напаѓачите; на повидок нова партија на Србите во Косово

October 24, 2023
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Нападот во Бањска во центарот на дебатата во Советот за безбедност на ОН; САД бараат екстрадиција на напаѓачите; на повидок нова партија на Србите во Косово

October 24, 2023 10:16
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Настаните од 24 септември на северот на Косово, навлегоа во речиси сите дискусии на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, на кој беа упатени повици одговорните да се изведат пред лицето на правдата. Претставникот на САД во ОН, Роберт Вуд изјави дека „мора да има целосна одговорност“ според законот за лицата вклучени во нападот на Косово на 24 септември, односно, лицата кои заминале во трета земја треба да бидат екстрадирани и кривично гонети, пишуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

ВОА: Нападот од 24 септември во центарот на дебатата во Советот за безбедност за Косово

„Косово и Србија разменија обвинувања во врска со нападот на 24 септември на северот на Косово, кој, според српската премиерка Ана Бернабиќ, е резултат на „стравот и теророт што го практикува Приштина“, додека за косовската претседателка Вјоса Османи тоа е „акт на агресија“ на Србија.

Настаните од 24 септември навлегоа во речиси сите дискусии на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, на кој беа упатени повици одговорните да се изведат пред лицето на правдата.“, пренесе Гласот на Америка на албански јазик.

Балкан Веб – САД бараат екстрадиција на напаѓачите во Бањска: Мора да има целосна одговорност

Претставникот на САД во ОН, Роберт Вуд изјави дека „мора да има целосна одговорност“ според законот за лицата вклучени во нападот на Косово на 24 септември.

Лицата кои заминале во трета земја треба да бидат екстрадирани и кривично гонети“, рече американскиот претставник.

Од САД велат дека тесно соработуваат со Европската унија и партнерите во НАТО за да помогнат северно Косово – населено со мнозинство Срби – да биде мирно. Вашингтон ги повика страните да се вратат на дијалогот, подготвени „да преземат конкретни чекори напред“, пренесува Балкан Веб.

Клан Косова: Српска листа пред промени, на повидок нова партија на Србите

Србите во Косово наскоро ќе имаат нова политичка партија, која ќе дејствува во сите области населени со Срби на север и на југ од реката Ибер, со цел „да ги заштити нивните интереси“.

Станува збор за партијата Српско народно движење, која е основана како алтернатива на Српската листа, од Бранимир Стојановиќ, политички активист од југ и Милија Бишевац од северот на Косово.

Српската листа, која ја има поддршката од Белград, досега беше единствената политичка опција која функционираше во сите области населени со Срби на Косово, пренесува Клан Косова.

АЛБАНИЈА

ЈОЌ Албаниа: Тројца судски полицајци влегоа  во зградата на Бериша

Тројца службеници на правосудната полиција пред вчера  влегле во палатата на поранешниот премиер Сали Бериша.

Се дознава дека отишле уште еднаш да го известат за безбедносната мерка.Полицајците отишле пред два дена, но Бериша одбил да се сретне. Во известувањето на обвинителството дадено претходно, беше кажано дека Бериша ги сторил кривичните дела „Пасивна корупција на високи државни функционери или локални избраници“, во соработка со неговиот зет Јамарбер Малтези, пренесува ЈОЌ Албаниа.

КОЛУМНА

Епока е ре – Само перверзни умови произведуваат конфликт со реалноста: Косово како случај

„За време на овие години на меѓународно присуство, под неоколонијалистички и исламофобичен притисок, Косово културно се деалбанизираше и деисламизираше во опасна мера. Албанското општество во Косово мора да се врати на својата национална и верска рамнотежа. Со неоколонијалистички експерименти не се прави функционално и конкурентно општество. Впрочем, доколку ова општество уште повеќе се деалбанизираше и деисламизираше, неминовно би се вратило во нов процес на редефинирање на својот идентитет, каде главната карта би била неговата ре-сервис. Само изопачените умови не го гледаат фактот дека српскиот православен наратив за Косово е секогаш активен и многу вирулентен.“, пишува авторот Милазим Красниќи во колумната „Само перверзни умови произведуваат конфликт со реалноста: Косово како случај“, објавена во Епока е ре.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ