• Latest
Бенјамин Нетанјаху

Нетанјаху: Целосно ќе ги елиминираме воените способности на Хамас, ќе се бориме и ќе победиме

October 29, 2023

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Нетанјаху: Целосно ќе ги елиминираме воените способности на Хамас, ќе се бориме и ќе победиме

October 29, 2023 16:25
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Бенјамин Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху

Share on FacebookShare on Twitter

„Луѓе на Израел, синоќа дополнителни израелски копнени сили влегоа во Газа пред портите на комплексот на злото. Целите на оваа војна се многу јасни: целосно да се елиминираат воените способности на Хамас и да се обезбеди ослободување на заложниците.

 

Тој додаде дека едногласно била донесена одлука за проширување на копнените операции и во воениот кабинет и во нашиот кабинет за политичка безбедност. Притоа Нетанјаху нагласи дека сето ова било направено на добро обмислен начин со цел ја обезбедување на безбедноста на нивните војници.

„Во текот на изминатите неколку дена имав можност да се сретнам со војници во базите и на југ и на север. Имаме исклучителна армија со посветени војници, од еврејско и нееврејско потекло, секуларни, од лево до десно крило. Сите тие се обединети и исполнети со борбен дух каков што досега не сум видел. Тие се подготвени да се борат против суров и немилосрден непријател. Нема друг непријател толку безмилосен како овој со кој се соочуваме. Тие се обидуваат да се одмаздат за ужасните дела извршени врз нашите деца, сестри и браќа. Тие се посветени на искоренување на ова зло и, за доброто на целото човештво, ние мора да ги поддржиме. Целото население и израелското раководство го делат ова верување. Како што вели нашата света Библија: „Морате да се сетите што ви направи Амалек“. Се сеќаваме и се бориме.

 

Тој потсети дека нивните храбри војници и борци во Газа, околните региони и низ Израел се придружуваат на синџирот на еврејски херои, наследство кое се протега наназад илјадници години, од Џошуа бен Нун до хероите од 1948 година, Шестдневната војна, Октомвриската војна од ’73, и сите други конфликти.

Нашите херојски трупи имаат една врвна цел: целосно да го поразат убиствениот непријател и да обезбедат постоење на нашата земја. Секогаш сме изјавувале „никогаш повеќе“, а тоа време е сега. Имав привилегија да се сретнам и со семејствата на заложниците и со ужалените родители. Срцето ме боли за нив и ги уверувам дека ќе ја исцрпиме секоја можност да ги вратиме нашите киднапирани браќа и сестри во топлата прегратка на нивните најблиски. Нивното киднапирање е злосторство против човештвото. Секој што ги обвинува нашите војници за воени злосторства е лицемерен и нечесен. Израелска војска е најморалната и најетичната војска во светот, која прави се што е во нејзина моќ да ја минимизира штетата на неинволвираните цивили. Уште еднаш, ги повикувам неборците да се движат на југ.

Тој потенцираше дека цинизмот на нивните непријатели нема граници и дека тие вршат воени злосторства, користејќи ги жителите на Газа како жив штит и болниците како штабови за терористички активности.

Многу луѓе ширум светот сега го разбираат она што го расправаме со години: Израел не само што води сопствена војна; ова е војна за човештвото, битка против варварството. Нашите сојузници, западните партнери и арапскиот свет сфаќаат дека доколку Израел не победи во оваа војна, тие би можеле да бидат следните.

Тој предочи дека во овој момент нацијата се соочува две опции: да постои или да престане да постои.

Во моментов сме пред еден таков тест, а не се сомневам во исходот. Ќе излеземе како победници. Нашата борба во Газа ќе биде долга и предизвикувачка, но ние сме подготвени за тоа. Ова е нашата втора војна за независност. Ќе се бориме за заштита на нашата татковина на земја и во воздух. Ќе го елиминираме непријателот и над и под земја. Ќе се бориме и ќе победиме. Ова ќе биде триумф на доброто над злото, светлината над темнината, животот над смртта. Во оваа војна, ние стоиме заедно, цврсто обединети повеќе од кога било, сигурни за нашата праведна кауза. Ова е мисијата на нашите животи и во име на сите вас се молам за безбедност и мирно враќање на нашите сонародници. Бог да ги победи оние што се креваат против нас и да им донесе спасение и победа на нашите трупи. Ќе се  бориме и ќе победиме, заклучи Нетанјаху.


Марта Пешевска

Tags: војнаГазаНетанјаху
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ