• Latest

Албански медиуми: Суспендирани четири синдикалци и рудар од Трепча; рокот за пререгистрација на илегалните таблички во Косово одложен за еден месец; Специјалниот суд со рација во куќата на поранешен советник на Хашим Тачи

October 31, 2023

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Суспендирани четири синдикалци и рудар од Трепча; рокот за пререгистрација на илегалните таблички во Косово одложен за еден месец; Специјалниот суд со рација во куќата на поранешен советник на Хашим Тачи

October 31, 2023 11:51
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По седумдневниот штрајк на рударите на Трепча, раководството суспендира четири синдикалци и еден рудар – водач на единица. Владата на Република Косово го одложи за еден месец рокот за пререгистрација на илегалните таблички на возилата, пишуваат косовските медиуми.

Ова се само дел од темите што редакцијата  на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Дукаѓини: Раководството на „Трепча“ суспендира  четворица синдикалци и еден рудар

Синдикалците на рударите на „Трепча“ во понеделник добија изненадувачка вест.

„По изрекувањето на оваа одлука за суспензија на пет лица, четворица од раководството на синдикатот, заедно со мене како главен синдикалец, потпретседателот и двајца од членовите на синдикатот и еден рудар-водач на единица.  Сметаме дека тоа не придонесува за демократијата, повеќе придонесува за кршење на слободата и човековите права“, изјави претседателот на Синдикатот на работниците од Трепча, Ибрахим Јонузи.

За одлуката за суспензија и за она што се случува во Стан трг и во текот на овој понеделник у.д. на началникот Енис Абдурахмани е недостапен, пренесе Дукаѓини.

РТВ 21: Владата на Косово го одложи за еден месец рокот за пререгистрација на возилата во РК

Владата на Косово доцна во понеделникот објави дека одлучила да го одложи до 1 декември рокот за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, ПЕ“, „ДА“ или „ЃА“ на регистарски таблички на РКС.

Според соопштението на Владата на Косово, со нова одлука се предвидува и дека по 1 декември 2023 година „сопствениците на возила опремени со таблички „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ ПЕ“, „ДА“ или „ЃА“ од 10 јуни 1999 година до 21 април 2022 година, повеќе нема да имаат можност да ги регистрираат овие возила со таблички РКС, да влегуваат или да циркулираат на и низ територијата на Република Косово“, пренесе РТВ 21.

ИНА: Специјалниот суд упадна во куќата на поранешниот советник на Тачи, Артан Бехрами

Специјалниот суд ја започна рацијата во куќата на поранешниот советник на претседателот Хашим Тачи, Артан Бехрами.

Рацијата  се случува еден ден откако Бехрами преку статус на Фејсбук го критикуваше Специјалниот суд дека само ги казнува Албанците, нарекувајќи го фашистички. Исто така, Бехрами го критикуваше и вчерашниот упад во куќите на Блерим Шала, поранешен советник на Тачи и Башким Смакај, поранешен советник на Тачи, кој ја извршуваше и функцијата шеф на КИА, пренесува ИНА.

Газета Експрес – Османи: Предлогот за Заедниците  долго го анализирав, не би се брзала  да кажам дека е во согласност со Уставот

Претседателката Вјоса Османи рече дека нема да брза да го оцени предлог-статутот на Заедницата на општини со мнозинско српско население, дека е во согласност со Уставот, а предложен од меѓународната заедница, како во согласност со Уставот на Косово.

Османи на заедничка прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен рече дека „надолго“ го прочитала и анализирала предлогот за Заедницата, но дека оценката треба да ја даде Уставниот суд, пренесе  Газета експрес.

АЛБАНИЈА

РТШ: Лидерите на СПАК во САД Состаноци во канцелариите на Стејт департментот, ДЕА и ФБИ

Високи функционери на Специјалната антикорупциска структура одржаа средби со главните раководители на Министерството за правда од ОПДАТ додека се во студиска посета во САД.

Тие, исто така, се состанаа со водачите на Меѓународната програма за помош во обуката за криминални истраги (ICITAP).Обвинителите на Специјалната антикорупциска структура разговараа и за безбедносните предизвици со американската служба за маршали, која ги штити судиите, обвинителите, судскиот персонал и сведоците, пренесува РТШ.

КОЛУМНА

Сури: Феноменот Рита Ора и балканскиот менталитет

На Рита Ора вака и судевме деновиве. Ова е овозможено од нашата перспектива дека Рита Ора ја гледаме како што се гледаме себеси. Жената отишла со сопругот да се забавува на спортски натпревар во Париз … спонтаната блискост со српски спортист  националист ги натера повеќето да судат, дури и да ја прогласат за „предавничка“, пишува авторот Шенол Мухареми во колумната „Феноменот Рита Ора и балканскиот менталитет“, објавена во Сури, коментирајќи  ја јавната осуда кон светската ѕвезда со албанско потекло, Рита Ора, која беше фотографирана на спортски настан до тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Толку брзо, од еден чин и од една перспектива. Да живееше Рита Ора во Косово, никогаш немаше да биде она што е денес, светска ѕвезда. Ни помага цело време, без интерес, без услови… без ништо за возврат. Никогаш не направивме ништо во врска со тоа, но ја осудивме  во првата секунда кога ја добивме шансата. Така што, токму тоа ги обесхрабрува другите луѓе да ви помогнат следниот пат, пишува Мухареми.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ