• Latest

Димитров: Институциите сега ги слушаат само кафеаните и СЈО!

November 25, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Институциите сега ги слушаат само кафеаните и СЈО!

November 25, 2016 17:17
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ситуацијата во Македонија е очајна, но не е безнадежна, бидејќи на 11-ти декември на претстојните парламентарни избори ќе се случи референдум!“, истакна Никола Димитров, почесен соработник на хашкиот Институт за глобална правда, на конференцијата „Европска Унија, Македонија, и што можеме да очекуваме по изборите?”, во организација на Институтот за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Balkans in Europe Policy Advisory Group (BiEPAG) и Центарот за југоисточни европски студии на Универзитетот во Грац.

„Наместо да одиме напред, ние одиме назад. Мора проблемите да ги решаваме внатре во државата, а Европа ќе биде тука, само да ни помогне. Во овој момент, имаме институции кои му служат на лидер на политичка партија или на фамилијата. Како очекуваме луѓе кои имаат планина од криминал, ако победат на изборите, да спроведат реформи во судството, кога има сериозни тенденции дека тие самите се креаторите. Во овој момент, институциите ги слушаат само кафеаните и Специјалното јавно обвинителство. Затоа, сметам дека надеж да се излезе од кризата е – ако ги казниме на изборите и да победи другата политичка опција. Меѓутоа, добро е и што се разбуди граѓанското општество, и тие ќе бидат тука, да притискаат за да се работи како што треба“, рече Димитров.

_dsc0103

Професорот Флориан Бибер, директор на Центарот на Југоисточни европски студии на Универзитетот во Грац, Австрија, и координатор на Balkans in Europe Pоlicy Advisory Group, потенцираше дека Европската унија е во глобална криза и дека се ставаат под знак прашање демократските вредности, бидејќи на Европа ѝ се случи „Брегзит“, а во САД победил Доналд Трамп.

„За да се дојде на власт треба да се направат лажни вести, како што се случи со Брегзит. Но, ЕУ сега е повнимателна во однос на спроведување на препораките, бидејќи Турција е пример како може да се одглуми дека сé е спроведено како што треба, а всушност, има тоталитарна власт. За Македонија треба примерот на Турција да биде предупредување и да извлече поука. Ние дојдовме до ситуација кога не се заштитуваат тие што ќе изгубат на изборите. Имаме ситуација кога националистичките партии заземаат силно место, но сепак, сметам дека либералните партии ќе успеат да се справат со нив“, изјави Бибер.

Зоран Нечев, постар истражувач и координатор на Центарот за ЕУ интеграција на ИДСЦС, истакна дека од извештајот на Европската комисија, насловен „Извештај за земјата“, го извадиле зборот – напредок.

„Министерот за надворешни работи, Никола Поповски се откажа и не дојде на конференцијата за да го слушнеме и неговиот став за напредокот и како во иднина Македонија ќе се движи кон евроатланските процеси. Јас сметам дека треба да имаме чисти, фер и демократски избори за потоа, да може да има вистински реформи според Извештајот на Прибе“, рече Нечев.

Извршната директорка на Европски фонд за Балканот, Хедвиг Морваи, на конференцијата рече дека ЕУ сега работи самата со себе, но истакна дека владите од регионот треба да се запрашат дали сакаат промени и дали сакаат да бидат дел од ЕУ. Таа истакна дека треба да се работи повеќе на регионалната соработка, бидејќи никој не знае кон каква Европа одиме.

Денешниот настан беше поддржан од Европскиот фонд за Балканот.

Текст и фото: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Balkans in Europe Pоlicy Advisory GroupЕвропска УнијаИнститут за демократијакаде оди МакедонијаконференцијаНикола Димитровочекувања по изборитеСЈОФлориан Бибер
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result