• Latest

Костадиновска-Стојчевска: Македонската култура официјално станува дел од „Културните патеки“ на Советот на Европа

November 27, 2023

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Македонската култура официјално станува дел од „Културните патеки“ на Советот на Европа

November 27, 2023 22:02
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската култура првпат станува дел од европскиот проект, „Културните рути“ на Советот на Европа. На последното Генералното Собрание на Aсоцијацијата прифатени се апликациите на Институтот за македонска литература од Скопје и на Институтот за старословенска култура-Прилеп. Донесена е одлука почнувајќи од 1 декември годинава, овие две значајни установи да станат полноправни членки на „Културната рута на Св. Кирил и Методиј“.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, поздравувајќи го изборот, вели дека „ние сме и сакаме да бидеме и чувари и градители на европските вредности“.

Преку нашето учество на „Културните рути на Св. Кирил и Методиј“, ја отвораме нашата земја за да ја надополниме богатата европска историја. Препознавајќи се на оваа културна рута и ние како држава, која високо ги уважува и достојно го чува споменот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, се впишуваме на овој пат преку кој сакаме и ние да ги афирмираме и да ги збогатиме сознанијата за европските културни идентитети, порачува Костадиновска-Стојчевска.

Културната рута „Кирил и Методиј“ се протега низ историски поврзани места од животот и мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, каде што патниците можат да сведочат на значајни остатоци и денес. Членки на оваа културна рута, освен Северна Македонија, се и Бугарија, Чешка, Грција, Унгарија, Словачка, Словенија, Италија и Хрватска.

Костадиновска-Стојчевска изразува задоволство што земјава станува дел од оваа значајна иницијатива и додава дека поврзувањето на фактите, на видливите сведоштва низ Културните рути на Советот на Европа, го гледаме и како можност за развивање на интеркултурниот дијалог и разбирање одблизу на историјата на Европа.

Министерката за култура најави дека нашата држава ќе аплицира и за вклучување во други „Културни рути“, кои, како што нагласи, овозможуваат богатство на слободни и едукативни активности за сите граѓани на Европа и меѓу другото се клучни ресурси за одржлив развој на културниот туризам.

Досега, преку неколку компании, државава беше дел од Рутата на маслиновите дрва и Винската рута, Итер Витис, а од минатата година официјално пристапи кон Проширениот парцијален договор за Културните рути на Советот на Европа (ЕПА).

Иницијативата Културни рути на Советот на Европа, која е поттикната пред 35 години, има цел да го претстави заедничкото културно наследство, за подобро разбирање на европскиот културен идентитет и за обликување заеднички културен простор.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаКултурни рутимакедонска култураСовет на Европа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ