• Latest

Албански медиуми: ЕК побара Специјалните единици да не се носат на северот на Косово за обични задачи; во последните 72 часа уапсени и кривично гонети 72 лица во операцијата „Храм“ во Албанија

November 30, 2023
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: ЕК побара Специјалните единици да не се носат на северот на Косово за обични задачи; во последните 72 часа уапсени и кривично гонети 72 лица во операцијата „Храм“ во Албанија

November 30, 2023 11:42
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Европа (ЕК)  во Извештајот за Косово, на чиј крај даде голем број препораки за подобрување на состојбите во различни области, побара од институциите на Република Косово да се воздржат од користење на специјалните сили на косовската полиција за секојдневните задачи на северот. Министерот за внатрешни работи на Албанија Таулант Бала соопшти дека во последните 72 часа се уапсени и кривично гонети 72 лица во рамки на операциите „Храм“ и „Владеење на правото“.

Ова се само дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Епока е Ре -Совет на Европа: Специјалните единици да не се носат на север за обични задачи, да има координација со КФОР и ЕУЛЕКС

Советот на Европа (ЕК) го објави Извештајот за Косово, на чиј крај даде голем број препораки за подобрување на состојбите во различни области.

Советот на Европа побара од институциите на Република Косово да се воздржат од користење на специјалните сили на косовската полиција за секојдневните задачи на северот и да обезбедат специјалните сили да бидат испратени на север само во тесна соработка со КФОР и ЕУЛЕКС, пренесе Епока е Ре.

Сури нет: Србија поставува војници и оружје на границата, Курти се сретна со британскиот емисар

Косовскиот премиер Албин Курти го пречека специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич.

Прашањата за кои се разговараше меѓу Курти и британскиот емисар беа билатералните односи, последните случувања и безбедносната ситуација на Косово, поточно на границата со Србија по терористичкиот и паравоениот напад во Бањска пред два месеци, како и распоредувањето долж границата на противвоздушен систем на српската армија, единствен во Европа кој работи со кинеско оружје и ракетни системи, како што е ФК-3,пренесе Сури нет.

РТВ 21- Османи: Косово во НАТО, неопходен чекор за мир и безбедност во регионот

Претседателката Вјоса Османи  беше домаќинка на специјалниот британски емисар за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич, со кого разговараше за последните случувања во земјата и регионот, безбедносните предизвици во регионот, како и за дијалогот Косово-Србија.

На состанокот се разговараше и за интеграцијата на Косово во меѓународните институции, вклучително и во Советот на Европа и членството во НАТО, пренесе РТВ 21.

АЛБАНИЈА  

Топ Чанел: Олеснето е движењето на албанските државјани од Албанија кон САД и обратно

Во договор и соработка со Стејт департментот, сега албанските граѓани можат да патуваат во САД дури и ако нивниот пасош истече во последните 6 месеци пред патувањето.

Според МНР, во исто време албанските државјани кои се враќаат од САД во Албанија можат да патуваат дури и ако им е истечен пасошот.

Еуроњуз-  „Темпули“ и „Владеење на правото“, Бала: 29 уапсени и процесуирани за 72 часа

Министерот за внатрешни работи на Албанија Таулант Бала соопшти дека во последните 72 часа се уапсени и кривично гонети 72 лица.

Бала рече дека апсењата и постапките се извршени во рамки на операциите „Храм“ и „Владеење на правото“. Тој додава дека сузбивањето на производителите и дистрибутерите на дрога продолжува секој ден, со цел да се заштити здравјето на младите луѓе и секој друг граѓанин од опасностите од нивната употреба, пренесе Еуроњуз.

КОЛУМНА

Бота Сот: Функционално неписмените  на албанските политички партии во Црна Гора со сомнителни или фалсификувани дипломи

Објавувањето на податоците дека во Црна Гора, според истражувањето на граѓанското здружение „Алтернатива“ има 25-30 илјади сомнителни или фалсификувани дипломи, претставува сериозен проблем за државните институции. Се поставува прашањето: Дали има Албанци вмешани во овој многу голем број сомнителни или лажни дипломи? Точниот одговор треба да го дадат надлежните државни институции, пишува авоторот Ѓеке Ѓонај во колумната „Функционално неписмените  на албанските политички партии во Црна Гора со сомнителни или фалсификувани дипломи“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ