• Latest

Албански медиуми: Косово се уште без финален извештај за нападот во Бањска; 88 обвинети за масакрот во Дубрава; СПАК со обвиненија за нередите во албанскиот парламент

December 8, 2023
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Косово се уште без финален извештај за нападот во Бањска; 88 обвинети за масакрот во Дубрава; СПАК со обвиненија за нередите во албанскиот парламент

December 8, 2023 11:54
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските институции се уште немаат подготвено финален истражен извештај за нападот на 24 септември во Бањска и Звечани, а според политичките експерти, извештајот би требало да биде изготвен пред пред Самитот на Европскиот совет што ќе се одржи на 14 и 15 декември.

Во Тирана, во Специјалното обвинителство сведочат службеници на полицијата за нередите од опозицијата во албанскиот парламент.

Во продолжение се темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Газета Експрес: Косово се уште нема конечен истражен извештај за нападот во Бањска

Косовските институции се уште немаат подготвено финален истражен извештај за нападот на 24 септември во Бањска и Звечани, пренесе Газета Експрес.

Од Специјалното обвинителство не соопштуваат кога ќе биде готов ваков извештај, велат дека не можат да дадат информации за случаите кои се во фаза на истрага. Професорите по кривично право велат дека Косово доцни во оваа насока, а познавачите на политичката ситуација оценуваат дека Косово треба да има ваков извештај пред Самитот на Европскиот совет што ќе се одржи на 14 и 15 декември.

Телеграфи: Обвинителот Морина за масакрот во Дубрава: 88 обвинети се под истрага, еден е во притвор

Специјалното обвинителство на Република Косово денеска обелодени информации во врска со поднесувањето обвиненија за воени злосторства, пренесе Телеграфи.Обвинителот Илир Морина на прес-конференција рече дека под истрага се 88 обвинети за масакрот во Дубрава.

Масакрот во затворот Дубрава се случи од 19 до 22 мај 1999 година,  каде српските полициски сили, стражарите и српските паравоени сили од 19-22 мај 1999 година убија и масакрираа во овој затвор 97 албански затвореници од различни делови на Косово.

Газета Блиц: Специјалното обвинителство на Косово досега поднело  33 обвиненија за воени злосторства

Обвинителката Дрита Хајдари на прес конференција на Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека поднесени се обвиненија за воени злосторстава.

Во однос на обвиненијата, ве известувам дека досега локалните обвинители поднеле вкупно 33 обвиненија со 89 лица. По добивањето на овластувањата тие се соочија со бројни проблеми бидејќи сторителите на овие кривични дела не беа на Косово, повеќето беа во Србија“, изјави Хајдари, пренесе Газета Блиц.

АЛБАНИЈА

НОА: Обвиненија за уништување имот по бунтот во Собранието, полициската станица бр.1 известува за насилните инциденти до СПАК

Комесаријатот бр. 1, во соработка со агенти на БКХ, до СПАК ги достави материјалите во Специјалното обвинителство за насилните инциденти и хаосот што го предизвикаа пратениците на групата Барди и Бериша на вчерашната седница (7 декември) на која се гласаше според буџетот за 2024 година, пренесе НОА.

КОЛУМНА

Топ Чанел: Од декември до декември

Во доцните 1990-ти, Албанците имаа надеж дека Албанија ќе влезе во нова ера. Таа на нормален политички развој, пишува авторката Моника Стафа.

Стафа дава осврт на општествено –политиката транзиција во Албанија, од времето по падот на режимот на Енвер Хоџа, опишувајќи ги новите политички прередувања до денешен ден.

„Тоа беше време кога салата за изведби на Академијата за уметности беше исполнета со интелектуалци кои сфатија дека формата на политичката борба е променета. Но, не и војната во целина. Беа создадени нови порамнувања. Но, опозицијата сè уште не го доби лицето што ѝ требаше. А ниту старата моќ не беше подготвена да се предаде или да се повлече. И тоа немаше да биде долго време.“, пишува Моника Стафа во колумната „Од декември до декември“, објавена во Топ Чанел.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ