• Latest

Албански медиуми: Тринаесет претседавачи на комисии за надворешни работи во ЕУ бараат од Борел да се отстранат мерките за Косово; еден месец притвор за четвртиот осомничен во случајот за убиството на Лиридона; резултатите на ПИСА -2022 под лупа на експертите

December 13, 2023
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Тринаесет претседавачи на комисии за надворешни работи во ЕУ бараат од Борел да се отстранат мерките за Косово; еден месец притвор за четвртиот осомничен во случајот за убиството на Лиридона; резултатите на ПИСА -2022 под лупа на експертите

December 13, 2023 12:10
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тринаесет претседавачи на комисиите за надворешни работи низ Европа се обратиле до високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и до емисарот на ЕУ дијалогот за Косово-Србија, Мирослав Лајчак, да ги отстрани сите негативни мерки кон Косово.

Резултатите од тестот ПИСА, кои беа објавени минатата недела, покажаа дека образовниот систем во Косово е многу слаб во споредба со другите земји, а експерти од областа на образованието го анализираат исходот од тестот.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Ора инфо: Од ЕУ се бара укинување на мерките против Косово и целосна истрага за терористичкиот напад во Бањска

Претседателката на Комисијата за надворешни работи во Парламентот на Велика Британија, Алиша Кернс, објави дека 13 претседавачи на комисиите за надворешни работи низ Европа се обратиле до високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и до емисарот на ЕУ дијалогот за Косово-Србија, Мирослав Лајчак, да ги отстрани сите негативни мерки кон Косово.

Дополнително, тие побараа и целосна истрага за терористичкиот напад од 24 септември во Бањска, каде беше убиен полицискиот наредник Африм Буњаку, пренесе Ора инфо.

РТВ 21: Еден месец  притвор за четвртиот уапсен во случајот Лиридона Адемај

Основниот суд во Приштина му одреди едномесечен притвор на четвртиот уапсен во случајот со убиството на Лиридона Адемај. Обвинетиот Т.Д. е приведен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „увоз, извоз, снабдување, транспорт, производство, размена, посредување или неовластено продавање оружје или распрскувачки материјали“, пренесе РТВ 21.

Телеграфи: Резултати „ПИСА 2022“, експерти за образование: Имаше технички проблеми при тестирањето, но тоа не го менува резултатот

Резултатите од тестот ПИСА, кои беа објавени минатата недела, докажаа дека образовниот систем во Косово е многу слаб во споредба со другите земји.

Косово е рангирано речиси на последните места, заземајќи го 78-то место од 80 земји-учеснички, а со тоа ситуацијата не е подобрена ниту откако Ветевендосје дојде на власт.

Сепак, овие резултати од 2022 година беа очекувани според експертот за образование Јонуз Салихај, кој во изјава за Телеграф вели дека ниту една од владите досега немала приоритет на образованието, пренесе Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Панорама – Главниот дипломат на САД во Тирана: Слободата и независноста на медиумите, суштински за здрава демократија

За високиот американски дипломат во Тирана, Дејвид Визнер, слободата на медиумите е еден од клучните фактори за здрава демократија во Албанија.

Во ексклузивното интервју за весникот „Панорама“, Дејвид Визнер изјави дека ни треба силна опозиција, активно и будно граѓанско општество, како и слободни и независни медиуми, кои се од суштинско значење за демократијата, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

Газета Тема: Мојот Шиндлер, Перлат Чауши!

Кога опишуваме диктатура, било да е тоа на Хитлер, Сталин или Енвер, ние се обидуваме вистинито да ги изнесеме маките, теророт, шпионажата, прогоните, затворите, истрагите и легитимно е тие да бидат доминантни во нашите описи. Но, постои и друг начин да се покаже диктатурата. Спротивно е кога ги истакнуваме добрите луѓе, хуманите, инспиративните и надежните елементи кои одиграа клучни улоги во нашите животи и работа, пишува авторот Пелумб Кула, во колумната „Мојот Шиндлер, Перлат Чауши!“, објавена во Газета Тема.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ