• Latest

Албански медиуми: Парламентот го овласти СПАК да го уапси Бериша; поддржувачи на Бериша се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон; безбедноста на Косово клучна за стабилноста на Балканот

December 21, 2023

Руски дрон погоди патнички воз во Одеската област: Убиени машиновозачот и неговиот помошник, 340 патници евакуирани

August 13, 2026
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Од 2001 до денес: Што остана од духот на Охридскиот рамковен договор

August 13, 2026

(ВИДЕО) Ова е руското наследство

August 13, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Парламентот го овласти СПАК да го уапси Бериша; поддржувачи на Бериша се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон; безбедноста на Косово клучна за стабилноста на Балканот

December 21, 2023 10:58
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Според најавите на поранешниот албански премиер Сали Бериша, денеска се очекува да се одржи протестот на опозицијата на кој околу 800 полицајци од полицијата во Тирана и од Националните безбедносни сили се ангажирани за одржување на редот и безбедноста. Пред албанското Собрание веќе започнаа тензиите, пратеници од  Демократската партија се судрија со гардата пред влезот на парламентот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг  во своето годишен говор изјави дека одржувањето на мирна и безбедна средина во Косово е клучот за стабилноста на Западен Балкан.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Парламентот го овласти СПАК да го уапси Бериша

Собранието денеска со 75 гласа „за“ му даде овластување на СПАК за апсење на пратеникот Сали Бериша. Одлуката е донесена сред физичките пресметки на демократските пратеници со гардата.

Бериша, додека беше во салата, одби да земе збор, додека со насмевка ја чекаше одлуката, опкружен со некои негови поддржувачи, пренесува Топ Чанел. 

Досја.ал: Судир меѓу пратениците на ДП и вработените во гардата пред  вратата од Собранието

Во Собранието денеска почнаа првите тензии. Демократските пратеници се судрија со вработените во Гардата, бидејќи последниве не им дозволија да влезат, пренесе Досја.ал.

Опинион: Протести пред Собрание, поддржувачи на Бериша се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон

Пред Собранието имаше моменти на тензија меѓу демонстрантите и полицајците. Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во моментот кога поранешниот премиер Сали Бериша се обрати пред Парламентот на Албанија, пренесе Опинион.

КОСОВО

Клан -Столтенберг: Безбедноста на Косово, клучна за стабилноста на Балканот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека одржувањето на мирна и безбедна средина во Косово е клучот за стабилноста на Западен Балкан.

Оваа година, НАТО испрати стотици дополнителни војници во својата мировна мисија во Косово, КФОР, по немирите предизвикани од распоредувањето на албански градоначалници во четири општини со мнозинско српско население во северно Косово, каде што десетици војници на КФОР беа повредени за време на протестите на локалните Срби кои ги бојкотираа локалните избори во април, како и по инцидентот во Бањска во септември, кога вооружени групи Срби ја нападнаа косовската полиција, при што уби еден полицаец.

Воената мисија на Алијансата денес брои над 4.600 војници на Косово, пренесе Клан.

КОЛУМНА

Коха: Србија во четири погледи

Изборите во 2023 година ја подготвија Србија за посакуваната земја на чудата во 2024 година – со Русија победничка, Европа наклонета кон крајната десница и Трамп на чело на Америка – свет кој, се надева претседателот Вучиќ, ќе почне да го бара сличноста на Србија денес, пишува публицистот и политичкиот аналитичар Ветон Сурои во колумната „Србија во четири погледи“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ