• Latest

24 ЧАСА: Личните карти и понатаму ќе важат за внатрешна употреба; пропуштената шанса со уставните измени ќе доведе до апатија; 2023 беше ужасна година за човековите права ширум светот

January 12, 2024

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Личните карти и понатаму ќе важат за внатрешна употреба; пропуштената шанса со уставните измени ќе доведе до апатија; 2023 беше ужасна година за човековите права ширум светот

January 12, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Личните карти ќе важат за внатрешна употреба, ќе се разгледаат сите опции за пасошите, вети премиерот

Личните документи, како личните карти, што се за внатрешна употреба ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, а во однос на пасошите рече дека ќе се разгледаат сите опции, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Рамадани за ЦИВИЛ МЕДИА: Пропуштената шанса со уставните измени ќе доведе до апатија; безбедноста на државата може да биде доведена во прашање

Имавме една убава шанса и другите помали заедници да ги ставаме во Уставот, односно во преамбулата на Уставот и дефинитивно да го заокружиме можеби и тоа што е како убава перцепција за нас од ЕУ, токму за мултукутурата и мултиетничоста во нашава земја“, вели Рамадани. Според него, таа пропуштена шанса ќе доведе до апатија, макар и скриена, иако ЕУ остана отворена кон Западен Балкан и спремни да не прифатат.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ТЕХНИЧКА ВЛАДА Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска нагласи дека со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да се сретнат за кадровските решенија со кои ќе учествуваат во техничката влада…

БЕЗБЕДНОСТ  Во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари средба со помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан. …

АНКЕТИ  Aнкетите велат дека европскиот фронт СДСМ-ДУИ-Алијанса за Албанците и други политички партии се победници на изборите на 8 мај годинава и тоа убедливо, изјави синоќа првиот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби.…

ПРОТЕСТИ СЛОВАЧКА Илјадници луѓе во четвртокот излегоа на улиците на поголемите градови во Словачка за повторно да протестираат против плановите на новата влада на премиерот Роберт Фицо за измена на кривичниот законик на земјата,.…

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Изминатата 2023 година беше ужасна година за човековите права ширум светот, забележува организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ во својот годишен извештај …

ВОЈНА ВО УКРАИНА 

  • Руска кампања во окупираниот Донецк: Гласајте за Путин во замена за пакети со храна

  •  Зеленски: Резултатите од Советот Украина – НАТО ја покажуваат ефективноста на овој инструмент за интеракција со партнерите

КОНФЛИКТИ

  • САД и неколку нивни сојузници, вклучително и Велика Британија, извршија воени напади врз повеќе од десетина цели во Јемен контролирани од милицијата на Хутите поддржана од Иран, рекоа американски официјални лица, во проширувањете на војната на Блискиот Исток.

САТИРА

Хаосот со вадење на нови документи е всушност стратегија за граѓаните да не избегаат од државата!

Турканици, нервози, пцуење, колнење, запознавање, шмекање… се на едно место пред пунктовите за издавадење на нови лични документи со придавката Северна. Наши извори од МВР, кои сакаат да останат анонимни, велат дека оваа навидум хаотична ситуација со вадењето на нови лични карти и пасоши, всушност е ПР стратегија за граѓаните да не се отселат од државата…

СЛОБОДНА ЗОНА

Лесно е, ептен лесно е да собирате партиски поени играјќи на етнонационалистичката карта, која во земјата често се докажала како сигурна за освојување на гласови. Обидите за имагинарно докажување дека „ние сме подобри“ а „другите се проблем во државата“ за десно ориентираните политички партии е политичка стратегија, која се спроведува во континуитет. Секако дека таквата стратегија се обидуваат да ја остваруваат од позиција на опозиција, затоа што кога се на власт, Албанците ги нарекуваат „браќа“. Познати се „братските“ коалиции меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА (1998-2002 год.) и ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ (2006-2016)!, пишува Сефер Тахири во колумната „Чашка и Шапка“

 

Правосудните органи не можат да најдат сила да ги исчистат своите редови од некадарните и корумпирани кадри. Советот на обвинители дава поддршка на иден прв човек на ЈО, иако обвинител станал од редот на слободните стрелци. Не бил вработен во суд или обвинителство, па да стекнал институционално искуство. Досега нема предмети кои ги водел, а оставиле позитивна трага во правораздавањето. Имал организаторски способности. Е, од таков талент се плашам и од такви глумци организатори имаме доверба кон целокупното правосудство, што се мери во неколку проценти. И законскиот опис кога е избран да биде обвинител е како кастинг за споредна улога, од редовите на истакнатите правници. Истакнат е изгледа според мерилата на Љубиша. Најмногу викал таму каде што требало, пишува Војо Маневски во колумната „Доста беше со глумење, мора да се помине на играње!“

 

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестиВојна во Украинаизјавиконфликтисатиратемичовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ