• Latest

Албански медиуми: Албанското собрание ја почнува работата со најави за блокади; во Косово се одбележуваат 25 години од масакрот во Речак

January 15, 2024
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Албанското собрание ја почнува работата со најави за блокади; во Косово се одбележуваат 25 години од масакрот во Речак

January 15, 2024 11:02
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанското собрание денеска ја започнува работата  со најави за блокади и хаос од опозицијата, а првата седница за оваа година ќе започне  денеска во 17 часот.

Во Косово денеска се одбележуваат 25години  од масакрот во Речак, каде српските сили убија над 45 невини албански цивили.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Новата собраниска седница почнува со промените во владата, опозицијата ја следи стратегијата на блокирање без присуство на Бериша,  Барди предупредува на хаос

Собранието овој понеделник под тензична политичка атмосфера ја започнува работата за новата собраниска седница. Првата седница ќе биде отворена попладне во 17:00 часот.

Пратениците се враќаат со нова регулатива со исклучок до 60 дена, но и покрај тоа групата Газмент Барди и пратениците на Бериша ќе продолжат со стратегијата да се обидат да ги блокираат седниците. На првата седница на Собранието се очекува да биде изгласан календарот на работи разгледан на Конференцијата на претседатели, како и измените во владата. На оваа седница ќе има и тензии и дебати меѓу мнозинството и опозицијата. Поранешниот премиер Бериша нема да учествува бидејќи е во домашен притвор за аферата „Партизани“, пренесе Топ Чанел.

Ора Њуз: Собранието се одземаат пари од платите на пратениците, групата Баша е најоштетена

Акцијата на опозицијата но и немањето присуство во парламентот ги чинеше дел од пратениците празнење џебови. За два месеци платата се добива со суспензии за отсуства на седници и комисии, но и за исклучоци.

Според податоците, групата на Баша добила највисоки казни, бидејќи некои од неговите придружни заменици го држат и рекордот за најголемо намалување на платата, пренесе Ора Њуз.

КОСОВО

Албеу: Косово ја одбележува 25-годишнината од масакрот во Речак

Косово денеска ја одбележува 25-годишнината од масакрот во Речак, каде српските сили убија над 45 невини албански цивили.

Поранешниот шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ на Косово, амбасадорот Вилијам Вокер, го опиша масакрот во Речак како злосторство против човештвото.

На 15 јануари 1999 година во селото Речак варварски беа убиени и масакрирани 45 невооружени Албанци, пренесе Албеу.

Газета Експрес: Судскиот процес против поранешните водачи на ОВК продолжува денеска

По зимскиот распуст, во Специјализираните комори на Косово во Хаг ќе продолжи судскиот процес против поранешните лидери на ОВК.

Во понеделник, на 15 јануари ( денеска) , почнуваат седниците за 2024 година во судскиот процес против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, пренесе Газета Експрес.

КОЛУМНА

Јава Њуз: 10 години Албанија-Косово\ Кутри, но патетични протагонисти

Слоганот: „Две држави, еден народ“ служеше повеќе за патриотска пропаганда отколку за целта со која всушност беа иницирани овие средби. Речиси  184 потпишани договори, но само 58 се постигнати меѓу нашите две републики, или со други зборови, речиси 1/3 од нив.

Најубава вест деновиве беше пругата Албанија-Косово долга околу 130 километри која се очекува да започне со работа во 2024 година, пишува авторот Бен Андони во колумната „10 години Албанија-Косово\ Кутри, но патетични протагонисти“, објавена во Јава Њуз.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ