• Latest
Photo by American Public Power Association on Unsplash

(БРИФИНГ) На повидок се четири стратешки инвестиции од 786 милиони евра, за енергетска независност на земјата и долгорочна предвидливост на цените на електричната енергија

February 6, 2024
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(БРИФИНГ) На повидок се четири стратешки инвестиции од 786 милиони евра, за енергетска независност на земјата и долгорочна предвидливост на цените на електричната енергија

February 6, 2024 15:16
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Photo by American Public Power Association on Unsplash

Photo by American Public Power Association on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Законот за стратешки инвестиции беше изгласан пред пет години, а на последниот повик што се затвори на 31 јануари 2023 година имаше над 16 различни апликации од кои осум имаат потенцијал да добијат статус на стратешки инвеститор. Седум од стратешките инвеститори се од областа на енергетиката, а еден од областа на туризмот кој е заинтересиран за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Сите четири потенцијални стратешки инвеститори веќе имаат доставено банкарска гаранција, а според бизнис плановите кои ги имаат доставено, вкупно ќе инвестираат 786 милиони евра.

 

1 of 4
- +

Енергетската криза која погоди поголем дел од светот во изминатиот период, предизвика намалување на инвестициите во нови енергетски капацитети, поради потребата да се субвенционира цената на електричната енергија за граѓаните и стопанството, брифираат владини извори. За таа намена, како што брифира вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната средба со новинарите, отидоа 400 милиони евра. Затоа, како што беше речено на средбата, се бараат стратешки инвеститори кои ќе создадат нови енергетски производствени капацитети во земјава.

Со нивната реализација државата ќе добие енергетска независност и долгорочна предвидливост на цените на електричната енергија. Договорено е целата произведена струја од фотонапонскиот парк „Стипион“ со инсталиран капацитет од 400 мегавати и предвидена инвестиција од 270 милиони евра, во следните 30 години да ја откупува ЕСМ по гарантирана цена од 56 евра за мегават час, а балансирањето да оди на заеднички товар на АКУМА и ЕСМ. На таа цена ќе може да се додаде и годишна инфлација од максимум 2 отсто, но согласно инфлацијата на еврозоната.

Од брифингот се дознава дека Митилинеос, гасна когенеративна електрана, е инвестиција од 290 милиони евра што треба да се гради на државно земјиште во скопската железарница. Со Митилинеос е договорена формула за пресметка на цената на електричната енергија што ќе се откупува во наредните 20 години, најмалку за 5 отсто пониска од пазарната.

Капацитетот треба да има инсталирана моќност од 165 мегавати и годишно производство од 1.100 мегават часови електрична енергија, што ќе биде добро за балансирање на системот. Дополнително, топлинската енергија што ќе ја произведува ќе ја продава на државата за 40 отсто поевтино од пазарната цена.

За државното земјиште ќе дава закуп од 0,1 евро по квадратен метар и 2 евра годишно по квадратен метар за одржување. По реализираната инвестиција, ќе добие 50 милиони евра државна помош распоредена во рати во период од пет години. Потребно е да се изгради само еден километар цевковод за да се спои со постојниот топловоден систем во Скопје.

Откако ќе заврши државниот закуп на земјиштето стратешките инвеститори ќе треба објектите да ѝ ги отстапат на државата за едно евро за квадратен метар.

Моменталната производна цена на ЕСН во РЕК Битола е 110 евра по мегават, а на ниво на цела компанија е 90 евра, додека на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум му ја продава за 58 евра за мегават.

Вицепремиерот најави дека очекува земјава конечно да излезе од криза и токму затоа АД ЕСМ започна со иницијативи за сопствени  инвестиции. Веќе има потпишано меморандум со американската компанија „Џенерал електрикс“ за изградба  на гасна електрана во ТЕЦ Неготино со инсталиран капацитет од 800 мегавати и во РЕК Битола за дополнителни 300 мегавати. Покрај тоа, со САД и Велика Британија се водат и преговори за инсталирање на мали нуклеарни реактори во земјава, чија цена изнесува околу две милијарди евра за инсталиран капацитет од 470 мегавати.

На дневниот ред на утрешната 140-та седница на Собранието се ставени Предлог-законот за реализација на стратешки инвестициски проекти како „Митилинеос“, „Соларен парк Стипион“, АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ и соларна електрична централа – Пехчево, по скратена постапка.

Здружението на инженери на Република Македонија (ИНРМ) вчера достави допис и упати електронска порака до секој пратеник во Собранието поединечно, со кои бараат да не даваат поддршка на четирите, како што велат, штетни предлог закони за реализација на стратешки енергетски инвестициски проекти зашто го нарушуваат енергетскиот суверенитет на државата.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски, пак, вчера порача дека со влезот на стратешките енергетски инвестиции ќе се зголеми енергетската независност на земјава и ќе се преполоват сметките за парно.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ