• Latest

Неделна анализа: Во 2017 Македонија пред уште поголеми предизвици!

January 3, 2017
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Фото: ФБ Мицкоски

Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделна анализа: Во 2017 Македонија пред уште поголеми предизвици!

January 3, 2017 12:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Историските предвремени избори завршија. И прегласувањето во Теарце заврши со победа на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ. Но, постизборна Македонија, влезе во уште поголема политичка криза. Со актуелниот распоред на освоените пратенички мандати од ВМРО-ДПМНЕ-51, СДСМ-49, ДУИ-10, Беса-5, Алијанса за Албанците-3 и ДПА-2, невозможно е да се формира стабилна влада.

Единствена задача на партиите и на нивните лидери е да се најде идеална солуција. Како што велат експертите, солуција за формирање на евентуално нова, реформска, експертска или широка влада којашто ќе ја води државата до конечна консолидација на државните институции и до нови парламентарни избори. На кои ќе се избере стабилна влада на стабилна држава, проевропски ориентирана, ослободена од криминалците во политичките редови, со судство кое се базира на закон, а не на волјата на партиските лидери, со завршени кривични предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и со реформи во радиодифузијата што ќе ја вратат на сцена објективната, вистинита и балансирана информација со професионални новинари, а не со партиски пулени.

Македонија ја започна Новата 2017 година, нереформирана, во уште посложена политичка констелација, исправена пред низа предизвици.

sobranie-na-rm-640x360 

Конституирано деветтото Собрание

Државната изборна комисија (ДИК) им ги врачи уверенијата за мандатите на 120-те нови пратеници во македонското Собрание. Во овој собраниски состав има 62 нови и 58 пратеници од претходниот состав.

Официјално е конституиран деветтиот по ред собраниски состав на Македонија. Тројцата лидери од пржинската четворка: Никола Груевски, Зоран Заев и Али Ахмети присуствуваа, а лидерот на ДПА, Мендух Тачи не се појави овој пат. На конститутивната седница присуствуваа претставници од дипломатскиот кор, од верските заедници, премиерот Емил Димитриев, но иако беше поканет не се појави претседателот Ѓорге Иванов.

Откако ќе се постигне договор за нова владина коалиција, ќе биде разгледуван и предлогот за избор на нов собраниски спикер.

dogovor-przino-640x396 

 Пржинската влада е веќе минато

Министрите и дополнителните заменици министри во МВР и МТСП,кои што беа назначени согласно со Договорот од Пржино, се разрешени. На нивно место се именувани кадри, онако како што се договорија лидерите на четирите релевантни партии од македонскиот и албанскиот блок, кои со поддршка на меѓународната заедница го скроија Пржинскиот договор.

Така наместо досегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, обврските ги превзеде, Агим Нухиу од ДУИ. На местото на министерката за труд и социјална политика од СДСМ, Фросина Ташевска- Ременски, сега е назначен  Ибрахим Ибрахими, исто така од ДУИ. Без функција остануваат и дополнителните заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Андонов и Диме Спасов, како и Кире Наумов од СДСМ.

Овој владин состав стартуваше во ноември 2015 година, а при секое одлагање на изборите, беа враќани старите министри. Но, откако  пред една година поднесе оставка, Никола Груевски не се врати на функција, а на негово место беше именуван Емил Димитриев.

 

Gruevski-Ahmeti-4-520x325 

Комбинаторики за новата влада, „асовите“ се кај ДУИ

Лидерите на партиите на етничките Албанци во Македонија, во рок од 10 дена, два пати во Тирана, на покана на албанскиот премиер Еди Рама, ги усогласуваа ставовите и договараа заедничка платформа, за што подобри позиции при конституирањето на новата македонска влада.

Во ек на политичките постизборни калкулации и преговори, лидерите сé уште тактизираат. Но, лидерот на ДУИ, Али Ахмети експлицитно изјави дека доколку не биде прифатена неговата платформа, не е исклучена можноста да нема Влада. Според него, барањата на Албанците се разумни и треба да се затворат.

Лидерите и на двете партии од македонскиот блок, ВМРО ДПМНЕ и  СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев на граѓаните им ветија дека ќе формираат влада. И Груевски и Заев сериозно сметаат на ДУИ како партнер во новата Влада.

Новата владина коалиција ќе биде клучна и за работата на Специјалното јавно обвинителство, коешто во својата досегашна интензивна работа отвори 9 кривични случаи: „Таргет“, „Титаник“, „Тортура“, „ТНТ“, „Транспортер“, „Тврдина“, „Трезор“, „Топлик“ и „Тендери“.

 

Меѓународната заедница ќе ѝ честита на новата влада

Meѓународната заедница будно ги следи состојбите во Македонија. Но, своите постизборни честитки ќе ги упати, како што рече Маја Коцијанчич, портпаролката на Европската комисија, дури откако биде формирана нова влада и избран новиот премиер. Според меѓународната заедница, за новата влада, императивна треба да биде работата на СЈО до конечно судска разрешница на сите кривични дела кои ќе произлезат од аферата „Прислушување“. Ова е еден од предусловите за враќање на Македонија кон демократскиот  и евроатланскиот пат.

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Алијанса за АлбанцитеАхметиБесаВМРО-ДПМНЕГруевскиДоговор од ПржиноДПАДУИЗаевизбориново СобраниеСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ