• Latest

Анкета на ЦИВИЛ: 67% испитаници сметаат дека изборните резултати не се реална слика на волјата на граѓаните

January 9, 2017

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Анкета на ЦИВИЛ: 67% испитаници сметаат дека изборните резултати не се реална слика на волјата на граѓаните

January 9, 2017 14:38
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, на десеттиот ден од конституирањето на Собранието, истекува рокот кога претседателот Ѓорге Иванов, треба да го додели мандатот за формирање на Влада, на партијата која ќе може да обезбеди мнозинство во Собранието.

Во исчекување на тоа кој ќе формира Влада, изминатите две недели ЦИВИЛ – Центар за слобода, спроведе онлајн анкета на тема: Кој победи на изборите?

2

Повеќе од половина од од граѓан(к)ите(58%) кои одговорија на анкетата, сметаат дека новата влада ќе ја формираат СДСМ и коалицијата заедно со ДУИ и со уште една од помалите албански партии кои освоија пратенички мандати на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември. Според 17% од анкетираните, влада ќе формира последната владина коалиција на ВМРО–ДПМНЕ и ДУИ, заедно со уште една албанска партија.

На прашањата дали најголемите партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе ги прифатат условите на албанските партии за формирање на влада, 52% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати поставените услови, наспроти 69% кои одговориле дека СДСМ ќе се согласи со барањата на албанските партии.

1

Резултатите од предвремените парламентари избори, за 67% од анкетираните не ја претставуваат реалната слика на волјата на граѓан(к)ите.

Што се однесува на одговорите на прашањето кој победи на изборите, 65% сметаат дека победник е коалицијата предводена од СДСМ, додека за 20% од анкетираните – на изборите победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

3

Двете партии, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои ја формираа владината коалиција на изборите во 2014-та година, според најголем дел од анкетираните, доживеаа најголем пораз на изборите на 11-ти декември. За 45%, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, а за 31% – резултатите од изборите беа поразителни за ДУИ.

Најголем дел од анкетираните сметаат дека овие избори нема да обезбедат стабилна влада со четиригодишен мандат, односно, дека повторно во Македонија ќе има предвремени избори. 43% од испитаниците сметаат дека тие избори ќе се одржат наскоро, а за 30% – ќе бидат заедно со локалните избори напролет.

Граѓан(к)ите се поделени по однос на прашањето: Дали промената на власта ќе значи и завршување на политичката криза и подобрување на животот? 47% анкетирани на ова прашање одговориле позитивно, а за 45% политичката криза нема да заврши со промената на власта.

63% од анкетираните од новата влада очекуваат непречена работа на СЈО и продолжување на мандатот.

 

Tags: анкетаизбориМакедонијаСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ