• Latest

Албански медиуми: Зеленски во Тирана на Самитот за Украина; Албанија бара да биде домаќин на Самитот на НАТО 2027; во Брисел ќе се разговара за српскиот динар во Косово

February 27, 2024

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Зеленски во Тирана на Самитот за Украина; Албанија бара да биде домаќин на Самитот на НАТО 2027; во Брисел ќе се разговара за српскиот динар во Косово

February 27, 2024 09:59
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска ќе пристигне украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Самитот што за прв пат ќе се одржи во Албанија, на 28 и 29 февруари. Самитот е посветен на Украина, на неколку дена од втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, известуваат албанските медиуми.

Во Брисел денеска во Брисел ќе се одржи средбата меѓу Косово и Србија, која ја повика емисарот на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, на која тема ќе биде српскиот динарот, пишуваат косовските медиуми.

АЛБАНИЈА

Албеу: Самит за Украина во Тирана, Зеленски денеска првпат доаѓа во Албанија

Тирана денеска за прв пат ќе биде домаќин на  Самитот на 28 и 29 февруари, целосно посветен на Украина, на само неколку дена од втората годишнина од почетокот на руската агресија во Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за првпат ќе ја посети Албанија, а се очекува вечерва да пристигне во Тирана.

Украинскиот лидер ќе биде присутен и утре, каде ќе учествуваат и некои од највисоките функционери на Брисел, лидерите на земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа, пренесе Албеу.

ВОА: Албанија бара да биде домаќин на Самитот на НАТО во 2027 година

Албанија сака да биде домаќин на состанокот на високо ниво на НАТО во 2027 година. Ова во понеделникот го соопшти премиерот Еди Рама, додека на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави писмо со благодарност испратено до државниот секретар на САД, Антони Блинкен, по неговата посета на Тирана на 15 февруари. Во меѓувреме, Гласот на Америка дознава дека Албанија пред неколку недели и официјално поднела такво барање до Алијансата.

„Верувам дека е време за првпат да се одржи состанок на НАТО на високо ниво на Западен Балкан“, пишува г-дин Рама во своето писмо, пренесува ВОА.

Топ Чанел: Речиси е готова  тактичката  воздухопловна база на НАТО, Рама објави снимка: Со напредна инфраструктура за борбени авиони… Кучова, клучна улога во операциите на Алијансата

Албанија се подготвува да ја отвори првата база на НАТО во нашата земја. Од 4 март годинава Кучова ќе биде во рацете на најсилната воена алијанса во светот, како тактичка воздухопловна база, пренесува Топ Чанел.

Премиерот Еди Рама ја објави снимката на која се гледа радикалната трансформација на воениот аеродром Кучова.

КОСОВО

Клан Косова: Во Брисел денеска ќе се одржи средба за српскиот динар

Денеска во Брисел ќе се одржи средбата меѓу Косово и Србија, која ја повика емисарот на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, на која тема ќе биде динарот.

Од Централната банка на Косово информираа за Klankosova.tv дека се подготвени да учествуваат на овој состанок.

„Централната банка на Република Косово (ЦБК) одамна изрази подготвеност да се ангажира и да се сретне со Народната банка на Србија (НБС), за да го олесни изборот на најлесната опција за процесот на трансфер на средства преку банкарски канали во сметките на корисниците (во евра)“, пренесе Клан Косова.

Репортери: Уапсени двајцата осомничени кои се закануваа дека ќе убијат припадници на КФОР во село Призрен, одземена е ловечка пушка

Две лица се уапсени вчера во селото Лубиќево, Призрен, откако наводно им се заканувале на двајца припадници на КФОР.

Како што информира косовската полиција во 24-часовниот извештај, на некои припадници на КФОР, додека престојувале во кафеана, им се заканувале двајца осомничени машки лица Косовци. Осомничените го напуштиле местото на настанот.

Полицијата по спроведена истрага успеала да ги уапси. Двајцата осомничени се приведени, пренесе Репортери.

КОЛУМНА

Една година по „договорот“, Косово и Србија се подалеку од помирување отколку пред него

“Помина една година од она што ЕУ го нарекува „договор“ и ниту една точка од него не е спроведена. Двете партии го убија договорот, но и ЕУ, која наместо безусловно инсистира на партиите, почна со импровизации.

По „договорот“ меѓу Косово и Србија имаше повеќе тензии отколку нормализација, се зголеми недовербата меѓу страните и се создаде длабока недоверба меѓу Косово и олеснувачите на ЕУ што продолжува и денес. Една година по договорот, Косово и Србија се подалеку од нормализација на односите отколку пред него“, пишува авторот Аугстин Палокај во колумната „ Една година по „договорот“, Косово и Србија се подалеку од помирување отколку пред него“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ