• Latest

Руски студент осуден на 10 дена затвор поради преименување на својата Wi-Fi мрежа во „Слава Украини“

March 10, 2024
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руски студент осуден на 10 дена затвор поради преименување на својата Wi-Fi мрежа во „Слава Украини“

March 10, 2024 20:11
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Руски студент е осуден на 10 дена затвор во Москва, откако ја преименувал својата Wi-Fi мрежа со про-Украински слоган. Студентот на Московскиот државен универзитет ја нарекол мрежата „Слава Украини!“

Како што пренесува Би-би-си, московскиот суд го прогласи за виновен за прикажување „симболи на екстремистички организации“ во четвртокот.

Од почетокот на руската војна во Украина, илјадници се осудени на затворски казни или парични казни за критикување на инвазијата или поддршка на Украина.

Студентот бил уапсен во средата наутро во Москва, откако полицаец го пријавил името на мрежата до властите.

Според судските документи, полицајците ја прегледале неговата соба во рамките на студентското сместување на универзитетот и го пронашле неговиот персонален компјутер и Wi-Fi рутер.

Судот рече дека тој ја користел мрежата за „да го промовира слоганот „Слава Украини!“ на неограничен број корисници во опсегот на неговата Wi-Fi мрежа. Рутерот сега е одземен.

„Слава Украини“ стана собирен повик за поддржувачите на Украина и редовно се слуша како се скандира за време на протестите против целосната инвазија на Русија, која таа ја започна на 24 февруари 2022 година.

Студентот беше прогласен за виновен за „јавна демонстрација на нацистичка симболика… или симболи на екстремистички организации“. Рускиот претседател Владимир Путин постојано изнесуваше неосновани тврдења за „неонацистички режим“ во Украина и го користеше за да ја оправда својата инвазија.

Студентот е последниот во долгата листа на обични Руси кои се казнети за нивните коментари – или постапки – за војната. Минатиот месец стотици луѓе беа приведени затоа што едноставно положија цвеќе во спомен на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина под сомнителни околности во затвор во Арктичкиот круг.

Предходно, ЦИВИЛ Медиа во неколку наврати пишуваше за апсењаи изрекување затворски казни на руски граѓанки и граѓани под апсурдни обвиненија. Русинот Алексеј Москаљов бил приведен поради давање антивоени изјави, а неговата 12-годишна ќерка привремено е ставена под државна грижа, откако семејството се соочило со притисок од властите поради цртежите што девојчето ги направило на училиште на кои е прикажана Русија како бомбардира семејство во Украина.

Во друг случај, руската пекарка, Анастасија Чернишева била обвинета за „дискредитација“ на руските вооружени сили и казнета затоа што направила антивоени колачи и почнала да споделува фотографии од колачи украсени во жолто и сино на украинското знаме на својот Инстаграм профил два месеци по инвазијата на Русија врз Украина.

На демонстрациите низ Русија кои следеа по руската воената агресија во Украина, илјадници луѓе, меѓу кои и деца ширум земјата беа приведувани поради изразување противење на војната на Путин.

Опозициски руски политичар сподели фотографии кои прикажуваат деца на училишна возраст во задниот дел на полициско комбе во Москва по учество во антивоени протести. Децата биле задржани откако наводно отишле да положат цвеќе во градската украинска амбасада. Меѓу приведените беше и девојче кое во рацете држи знак на руски „Не на војната“ со мали руски и украински знамиња нацртани околу зборовите.

Конфликтот во Русија не смее ни да се нарекува „војна“ – мора да се нарече „специјална воена операција“, инаку следуваат драстични казни, од парични до затворски, често и комбинацја од двете.

Според Амнести интернешенел, минатата година повеќе од 21.000 луѓе биле цел на руските „репресивни закони“ кои се користат за „судење против антивоените активисти“.

Групата за човекови права рече дека „длабоко неправедните судења“ се користени за „да се досудат затворските казни и високите парични казни за да се замолчат критичарите како одговор на најмалото несогласување“.

Подготви: Драган Мишев

Tags: Москваосуден студентруска агресија во Украиначовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ