• Latest

Дебитантот Мицковски

March 12, 2024

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026

Руски дрон погоди патнички воз во Одеската област: Убиени машиновозачот и неговиот помошник, 340 патници евакуирани

August 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Дебитантот Мицковски

March 12, 2024 10:11
in ES-PRESS-O, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Конечно, го имаме и првиот вмровски дебитант на овие избори. Сите останати се безброј пати повторена приказна. Да! Христијан Мицковски излезе од длабоката и удобна сенка на „шпицерајот“ и тргна да ја води кандидатската листа во Единица.

Ќе се сетите – тој, како шеф на партија, избега од изборно соочување во 2020 година и се прогласи за „шпицен“ кандидат за премиер и со тоа урнебесно ја забавуваше политичката и општата јавност. По шест години, крајно време беше да се одважи и да си ја проба политичката среќа со директно учество во изборите – како кандидат за пратеник на претстојните избори. Се разбира, знаеме, очајно ја посакува фотелјата на која, откако тој е шеф на вмро, седеа Зоран Заев и Димитар Ковачевски, а сега седи и Талат Џафери.

Да, се работи за ликот кој, откако Груевски му среди да биде единствен кандидат на гласачкото ливче на партиските избори во Валандово, декември 2017 година, не прифати ниту еден директен политички мегдан.

Големиот мајстор на измамата (политички Худини од гепек – Али-експрес верзија) му обезбеди на својот штитеник 100% гаранција дека ќе биде победник на тие избори – како единствен кандидат на партиските избори во 2017 година. Тоа се случува по локалните избори кога социјалдемократите однесоа огромна победа, за потоа самите да се поразат на локалните во 2021 година.

Во 2018 година, Х.М. немаше храброст да излезе со официјална кампања против Преспанскиот договор, туку се криеше зад „бојкотирачите“. Тие, пак, водеа подземна, црна и неофицијална пропаганда во служба на познати центри на моќта од Истокот и дејствуваа надвор од правните и политичките (изборни) домени.

Кога во февруари 2021 година, парламентот го ратификува членството на земјата во НАТО со 114 гласа ЗА, тој немаше храброст да ја напушти пленарната сала во парламентот, но и не аплаудираше. Наместо тоа, се занимаваше со панталоните, му беа малку паднати, па ги поткрена неколку пати додека траеше аплаузот. Ова со панталоните е добра илустрација за Мицковски. Блокира и шири дезинформации (според публикација на Европскиот Парламент) секаде и во секоја прилика, колку што може повеќе. Кога брзиот воз на стратешките интереси ќе го помине со полна брзина, тој останува, со кренат нос и спуштени панталони покрај шините (како што напишав и во една претходна прилика).

Мицковски (како што го нарекува неговиот креатор и ментор, Груевски) секогаш се крие зад поголеми структури. Така и се пресметува со своите неистомисленици, преку армии од ботови и тролови. Тоа го прави и преку судовите – со злоупотреба на судовите, во меѓународното законодавство познато и како Стратешки судски процеси против јавната партиципација (SLAPP – Strategic Lawsuit Against Public Participation), па според двете судски пресуди против мене, јас ги кршам човековите права на Мицкоски или Мицковски (или Миковски, како што го најавија на конгресот на ЕПП неодамна). Просто да го жали човек.

Сите овие години е опседнат да дојде до власт без избори. Се обиде да направи „преврат“ во Собранието и да формира мнозинство во март 2021 година, откако тогашниот премиер Зоран Заев со бескрајна леснотија повика да се гласа за доверба на неговата влада. Резултатот беше 62:0. Тие што тргнаа во поход да ја освојат власта преку прекројување на мнозинството, немаа храброст ни да гласаат против. (Нула црвени картони!?)

Што да кажам. Нека е и лош, но на секој дебитант треба да му се посака среќа, нели? Е, па, нека му е со среќа на дебитантот Ми(ц)ко(в)ски.

*

ПС. Овој текст е личен став и вредносен суд на Авторот. Пишуван е од позиција на лични согледувања, без зла намера и со ништо не се однесува на приватноста или било кој друг аспект на човековите права на протагонистот во текстот. Секако, може да се очекува дека ништо нема да ги спречи трол армиите да покренат нов бран отрови и омраза против потписникот на овие редови. 


Текстот е личен став на Авторот. Извор: ЦИВИЛ

Tags: ВМРО-ДПМНЕдебитантизбориличен ставМицкоскишпицен кандидат
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ