• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Руската пропаганда ви е како шило… џабе си ја ишкате мувата

March 14, 2024
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Руската пропаганда ви е како шило… џабе си ја ишкате мувата

March 14, 2024 15:52
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Во пресрет на парламентарните и изборите за претседател на државата, на политичката мапа се профилираат два  дијаметрално спротивни правци: Од едната страна се политичари и партии со демократска, прогресивна, прозападна, јасно нагласена евроатлантска провиниенција, кој ги осудуваат ретроградните политики на Путин и неговата агресија врз Украина и од другата страна се декларираните анти-ЕУ и анти-НАТО политичари и партии кои негуваат нескриени, силни проруски чувства, кој ја оправдуваат целосната неиспровоцирана воена агресија врз Украина, секако нарекувајќи ја „специјална операција“ со вордингот на руската пропаганда.

Но, како што предходно објави ЦИВИЛ Медиа, има и еден дел кој флуктуира во сивата зона, ни ваму, ни таму, односно час ваму , час таму, избегнувајќи децидно да одбере страна, додворувајќи се на неколку страни истовремено, во зависност на лукративните интереси на некој поединец во врвот на партијата,

Па така, високи функционери на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, катаднево преку средствата за јавно информирање каде се (пре)многу чести гости, со своите изјави го минимизираат, па дури и целосно го негираат руското влијание во Северна Македонија, следејќи ги наративите на руската пропаганда што ја отсликува долгогодишната стратегија што ја користи Кремљ – да ја убеди јавноста дека не станува збор за руско влијание кога се толкува отпорот, разочарувањето и недовербата кон демократските институции во земјава, уверувајќи ја публиката дека сето тоа ќе се промени со нивното доаѓање на власт.

Истовремено, како што пишува ЦИВИЛ Медиа во анализата „Луѓе-антени: Агенти на влијание“, со ова минимизирање и негирање се создаваат услови да се создаде перцепција дека луѓето сами дошле до заклучокот: руската агресија против Украина е оправдана. Така, широко распространети се наративите диктирани од Кремљ за „специјалната воена операција“ за одбрана од „наездата“ на НАТО и за да се спротивстави на наводната „денацификација“ и „геноцид“ извршени од Украина, поддржани од западните сили.

Во овој контекст мора да се напомене дека и пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја поддржаа Декларација за осуда на руската воена агресија која го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина донесена во Собранието со 100 гласа „за”, три „против” и ниту еден „воздржан” , но индикативо е што, покрај Левица, во Собранието против декларацијата се изјасни и коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите, кој дури и ги нападна САД, најголемиот и најважен стратешки партнер на Северна Македонија (истото, барем декларативно го признаваат и од партијата на Мицкоски)

Иако од ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат (повторно,  барем декларативно) дека во целост ги поддржува ставовите на НАТО и партиите од Европската народна партија (ЕПП) во врска со ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Руската Федерација, а и самиот лидер Мицкоски (полуофицијално) на Фејсбук ја осуди руската агресија врз Украина, со ваквите потези само се потврдува неконзистентноста на политиките на ВМРО-ДПМНЕ кога се работи за односот кон Русија и кон западните земји, секако, ако се земе предвид однесувањето на нивниот коалиционен партнер, Иван Стоиљковиќ, кој на коалициските координации седи на почесно место, десно од Мицкоски. Тој како докажан путинист и рашист, во екот на најбруталните руски ракетирања на цивилни цели во Украина, беше во посета на Москва каде се сликаше во друштво со сличните на него, докажани анти европските елементи од регионот, претседателот на Република Српска, Милорад Додик и директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, Александар Вулин, и каде, на општо (само)задоволство на присутните, видео-обраќање имаше рускиот претседател Владимир Путин. Лидерот Мицкоски, како и за многу други прашања од национален интерес, немаше реакција ни по ова прашање, и едноставно го одмолча, во надеж дека и оваа епизода набрзо ќе се заборави.

Со минимизирањето на руското влијание во Северна Македонија и немање  јасна и недвосмислена, конзистентна осуда на руските акти на терор врз цивилното население во Украина, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кокетираат и со голем дел од нивните членови, поддржувачи и симпатизери кои имаат исклучиво, и би рекле екстремно проруски убедувања, за што на социјалните мрежи пишува активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јовановски, кој открива дека на сите веќе им е јасно дека огромно мнозинството од членството на ВМРО-ДПМНЕ е про-руски, словенофилски и суверенистички ориентирано, и непријателството со Русија им пречи, и за што Јовановски понатаму истакнува дека доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт про-руската ориентација ќе се види и кај раководството на партијата.

Да парафразирам еден бегалец од правдата, предходник на сегашниов претседател на ВМРО – ДПМНЕ: руската пропаганда е како шило, ќе боде, ќе боде, лево, десно, напред, назад – и ќе ви исплива на површина…така да, џабе си ја ишкате мувата, рускиот печат не можете да си го избришете од челото.


Текстот е личен став на Авторот. Извор: ЦИВИЛ

Tags: ВМРО - ДПМНЕизборируска пропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ