• Latest

Дерала: Притисокот врз медиумите е вообичена пракса на власта во заминување!

January 17, 2017

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дерала: Притисокот врз медиумите е вообичена пракса на власта во заминување!

January 17, 2017 14:32
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По барање на адвокатот Никола Додовски, судијката ги отстрани новинарите од денешното рочиште на случајот познат во јавноста како „Тврдина 2“. Новинарите биле избркани додека се читал дописот од Министерството за внатрешни работи до СЈО, иако според специјалната јавна обвинителка Ленче Ристевска, тоа не е класифициран документ и нема потреба да се отстрани јавноста, јави „А1 он“.

Претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, вели дека ова не е единствен случај да се ограничува правото на јавноста да знае, во случаи кои ги води СЈО.

 

„Претходно, Никола Груевски бараше да нема новинари во близина на судот кога тој се појави таму за првпат. Како беше постигнато тоа? Кој им забрани на медиумите да ја вршат својата работа?“, прашува Дерала. Тој смета дека постапката на отстранување новинари од судница без причина, треба само да се додаде на долгата листа од неприфатливи постапки на власта и на нејзините послушници, против демократските стандарди, против правото на јавноста да знае што се случува.

„Притисокот врз медиумите и манипулирањето со јавноста се вообичаена пракса на власта во заминување. Кога во 2012 година, пратениците на опозицијата беа насилно исфрлени од парламентот со специјални полициски сили, и новинарите беа тепани и исфрлени од новинарската ложа! Исто така, ТВ ТВ А1 и три дневни весници беа затворени среде ноќ, и со специјалци. Кога новинарките и новинарите протестираа за ‘Случајот Кежаровски’, на нив испратија специјалци. Министерот Пешевски физички го нападна новинарот Ивановски, а директорот на Државниот архив, јавно повика на негова ликвидација. Апологетите на власта повикуваат на егзекуција на новинари, интелектуалци и активисти за човекови права“, изјави Дерала за ЦИВИЛ Медиа.

Во случајот „Тврдина 2“ денеска беше второто подготвително рочиште, иако судијката на минатото рочиште најави дека ќе биде главно рочиште. Во овој случај, обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во УБК, Горан Грујовски и уште шестмина други вработени во оваа Управа. Тие се товарат дека уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 на тајната полиција, за набавка на опремата за следење на комуникациите.

М. Ивановска

 

Tags: „Случај Кежаровски“„Тврдина 2“Горан ГрујовскиЛенче РистевскаНикола ГруевскиприслушувањеСЈОТВ А1УБКЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ