• Latest
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Путин и пропагандистите се обидуваат да ја обвинат Украина за терористичкиот напад во Москва

March 25, 2024

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Путин и пропагандистите се обидуваат да ја обвинат Украина за терористичкиот напад во Москва

March 25, 2024 14:34
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Руските власти покренаа обвиненија против четворица мажи за кои рекоа дека во петокот убиле најмалку 137 луѓе во концертна сала во близина на Москва. Четворицата осомничени, на кои им се заканува можна доживотна казна за најтешкиот терористички напад во Русија во последните 20 години, беа идентификувани како Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фајзов, за кои беше објавено дека имале пасоши од поранешната советска република Таџикистан, но таа земја негираше дека се нејзини државјани.

Исламистичката група ИСИС побрза да ја преземе одговорноста за крвавиот напад во петокот на концертната сала во Москва, додека американските власти се сомневаат  дека ова е дело на ИСИС-К, огранокот на терористичката група која е активна во Пакистан, Авганистан и Иран. Сè повеќе докази одат во прилог на ова тврдење. САД неколку недели претходно предупредија дека е веројатен напад, предупредување кое Путин одбра да го игнорира.

Иако извештаите во Русија сугерираат дека четворицата главни напаѓачи уапсени од ФСБ во саботата биле сите од Таџикистан, централноазиска земја чии граѓани сочинуваат голем дел од членовите на ИСИС-К, според аналитичарите кои ја следат групата, сепак во своето обраќање до нацијата по нападот, претседателот Владимир Путин не ја спомна групата.

На Путин му требаа 19 часа за да и се обрати на нацијата, а кога го стори тоа, тој рече дека осомничените се уапсени и дека се возеле кон Украина, каде што рече дека Украинците им подготвиле прозорец за влез во земјата. Тој не ја спомна ИСИС.

Руската безбедносна служба ФСБ исто така  соопшти дека вооружените напаѓачи имале контакти во Украина и биле фатени во близина на границата, по што биле префрлени во Москва.

Но, ниту Путин, ниту ФСБ јавно не презентираа никаков доказ за поврзаност со Украина,

Тој недвосмислено рече дека терористите ќе бидат казнети и дека нема да биде поштеден никој што бил дел од нападот. Тој се обиде да одговори на многу силен начин, но без навистина да каже кој е мотивот или да каже дали инспекторите откриле други луѓе.

Наместо тоа, руските пропагандисти и државните медиуми главно ја игнорираа ИСИС и се обидоа да ја обвинат Украина, во потег за кој аналитичарите велат дека има за цел да го поттикне домашниот гнев против нејзиниот сосед и да го одврати вниманието од празнините во безбедносниот систем на Москва, кои се зголемија откако Путин нареди целосна инвазија на Украина пред две години.

„Тоа не беше Исис. Тоа беа Украинците“, напиша водечката руска пропагандистка, Маргарита Симонјан, уредничка на државниот медиумски канал Russia Today, на нејзиниот популарен канал Телеграм. „Сторителите беа избрани на таков начин што ќе ја убедат глупавата глобална јавност дека тоа е ИСИС“.

За Москва можеби е полесно некако да го поврзе нападот со Украина за да ја отфрли вината и, исто така, да си ја зголеми поддршката за руските акции таму, наместо да признаат дека имало сериозен пропуст во највисоките нивоа на безбедноста.

Мноштво провладини аналитичари кои полека се обидуваат да развијат наратив дека овие момци биле регрутирани во Таџикистан од украинската амбасада. Рускиот претседател Владимир Путин, исто така, го навести тоа сценарио, што Кијив категорично го негираше.

Украинските власти жестоко негираа каква било вмешаност и рекоа дека Путин се обидува да го обвини Кијив со цел да создаде изговор за ескалација на неговата 10-годишна војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е типично за Путин и за „другите насилници“ да се обидуваат да ја пренасочат вината.

„Мизерниот Путин, наместо да им се обраќа на сопствените граѓани на Русија, молчеше цел ден размислувајќи како да го поврзе ова со Украина“, рече Зеленски во своето саботно вечерно обраќање.

Тој, исто така, посочи дека Русија можела да го запре нападот доколку нејзините безбедносни сили не водат војна против Украина. „Оние стотици илјади Руси кои сега убиваат на територијата на Украина сигурно би биле доволни за да се спречат сите терористи“, рече тој.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД рече дека Исламската држава има „единствена одговорност за овој напад“. „Немаше никакво учество на Украина“, рече Адриен Вотсон.

Но, постои и  друга група луѓе која ги обвини руските безбедносните служби дека се фокусирале толку многу на Украина и на политичката опозиција и малцинските групи, од кои многумина имаат ист правен статус како ИСИС-К ( Алексеј Навални според руските закони се сметаше за терорист и екстремист. И секој кој е дел од L.G.B.T. заедницата се смета за екстремистичка), така да, оние кои се опозициски настроени сметаат дека можеби доколку безбедносните служби не беа фокусирани на рации во геј клубови и убивање на антивоените и активистите за човекови права, тие подобро ќе го спречеа овој напад.

Русија долго време е цел на ИСИС и тоа „значително се зголеми по нејзината воена интервенција во Сирија во 2015 година, нејзиното последователно учество низ Африка и нејзините односи со талибанците“, рече Лукас Вебер, ко-основач на MilitantWire, кој приготвува анализи на милитантната активност, пренесува Форбс.

Предходно, ИСИС-К изврши самоубиствен напад врз руската амбасада во Кабул во септември 2022 година.

 „ИСИС-К дури отвори пропагандно крило на руски јазик“, рече Вебер. „Тоа стави голем фокус на поттикнување на поддржувачите да извршат напади против Русија“.

ИСИС-К ја нападна Москва затоа што беше релативно лесно, се работи за практичноста на целта, Спротивно на тоа, ИСИС-К планираше неколку напади во Европа во последните месеци, но тие беа спречени.

Од друга страна, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова се обиде вината за нападот, барем индиректно, да ја префрли на САД, за кој, како што вели,  сакале или не, учествуваа во создавањето на терористичката група „Исламска држава“, која е одговорна за терористичкиот напад во Крокус.

„По нападот на концертната сала во предградието на Москва, САД се обидуваат да ја спасат Украина со спомнување на терористичката група Исламска држава (ИСИЛ), забранета во Русија, и да се покријат себеси и режимот Зеленски што го создаде“. „Во последниве години, ИСИС ги приспособи своите планови и сега врши напади главно против непријателите и противниците на САД – талибанците во Авганистан, Иранците, легитимните власти на Сирија и против нас“, напиша таа во колумна за Комсомолскаја правда, нарекувајќи го тоа „чудна случајност на околностите“.

Токму последната изјава на Захарова, чии изјави предходно се покажаа како пропагандистички и ретко имаа допирни токи со реалноста, наиде на особен интерес кај дел од македонските медиуми.

Но, ваквите антизападни руски пропагандни наративи за вмешаноста на САД во секое зло, наидоа на плодна почва и станаа дел од секојдневните споделувања, особено сега пред изборите, и кај еден дел од македонските корисници на социјалните мрежи, блиски до кандидатите за претседател и политичките опции кои се дел од антиевропската и антидемократската иднина на државата. Така, според нив, освен што САД ги создала ИСИС, тие се виновни од војната во Газа до унапредувањето на човековите права на маргинализираните заедници, а досегашната македонската влада со подрршката на и од САД, е дел од тој, според нив „сатанистички круг“, кој некоја нова влада, мислејќи на нивната, ќе го порази, и ќе ги врати вистинските патријахални вредности од почетокот на 18 век.

Драган Мишев

Tags: Владимир ПутинИСИСконцертна сала во Москватерористички напад
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ