• Latest

Албански медиуми: Албанија одбележува 15 години во НАТО; албанските социјалисти предлагаат комисија против дезинформации и други форми странско мешање во земјата; Србите од северот на Косово против учество во пописот

April 1, 2024

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Албанија одбележува 15 години во НАТО; албанските социјалисти предлагаат комисија против дезинформации и други форми странско мешање во земјата; Србите од северот на Косово против учество во пописот

April 1, 2024 10:49
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, денеска упати порака по повод 15 годишнината од членството на Албанија во НАТО. Социјалистичкото мнозинство го поднесе предлогот за формирање на специјална парламентарна комисија, за надзор и борба против дезинформациите и другите форми на странско мешање во демократските процеси во Албанија, пишуваат албанските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Опинион: 15 години од членството во НАТО, Бегај – Албанија ќе придонесе за свет во мир

Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска упати порака за 15-годишнината од членството на Албанија во Северноатлантскиот договор.

„Членството на Албанија во НАТО е еден од најважните датуми во нашата национална историја. Благодарност до албанскиот народ, САД и сојузниците кои го овозможија ова членство.

За овие 15 години во НАТО, Албанија донесе поголема безбедност во земјата, регионот и евроатлантскиот простор.“, изјави меѓу другото Бегај, пренесува Опинион.

Топ Чанел: Руски дезинформации во Албанија/ Социјалистите предлагаат Комисија против странско мешање

„Извештајот на британскиот експерт Оливија Грифитс во 2019 година „Анти-НАТО дезинформации на Западен Балкан“ покажа како Русија се обидува да шири лажни вести и да го прошири своето влијание во Албанија главно преку онлајн портали.

Пет години подоцна, бидејќи дезинформациите не се само регионален проблем,.“, пренесе Топ Чанел.

КОСОВО

Перископи: Србите од северно Косово против учество во процесот на попис на населението

Србите од северно Косово го изразија своето противење на учеството во процесот на попис на населението од 5 април до 17 мај 2024 година. Жителите се против идејата за попис бидејќи не се согласуваат со политиката на Албин Курти и се надеваат дека ќе станат дел од пописот што го организира самата српска држава.

Нема индикации, барем досега, дека процесот може да пропадне на северот на земјата. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени по три месеци, додека конечните резултати ќе бидат објавени до крајот на годината. Последниот попис на населението на Косово е направен во 2011 година, каде од овој процес вкупниот број на жители на Косово се проценува на околу 1,8 милиони, пренесе Перископи.

Зери: Специјалниот обвинител појаснува како ќе бидат фатени Србите кои извршиле силување за време на војната во Косово

„Обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово, Илир Морина, ги откри процесите иницирани за воспоставување правда во однос на сексуалното насилство за време на војната, каде податоците што ги дадоа организациите говорат за околу 20.000 случаи.

Морина вели дека иако е доцна, веќе се започнати неколку паралелни истраги кои интензивно истражуваат некои настани во кои се вмешани поранешните полициски и паравоени сили на поранешна Југославија.“, пренесе Зери.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Корупцијата посилна од нормалноста

„Не поминува ден, а да не се прочита или слушне за апсења и обвинувања за корупција. Оваа ситуација е толку претерана што изгледа како да сме во „содома“ на корупција.

Разбирливо е дека главните стрели со право се на третиот мандат на Рама, но кога ќе се сетите на настапот на неговите претходници, додадени на проблемите на бројните администрации до денес, разбирате дека корупцијата е длабоко вкоренета.

А, кога знаете како функционира законодавниот дом, луѓето кои ги претставуваат Албанците таму, пречките што ги поставуваат медиумските власти за податоците, разбирате дека борбата против корупцијата ќе остане тешка.“, пишува авторот Бен Андони во колумната „Корупцијата посилна од нормалноста“, објавена во Јава Њуз.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ