• Latest

Таравари: Не е забрането да се користи само Македонија, но очекувам Сиљановска Давкова во иднина да го користи уставното име

May 14, 2024

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таравари: Не е забрането да се користи само Македонија, но очекувам Сиљановска Давкова во иднина да го користи уставното име

May 14, 2024 11:53
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој беше кандидат за претседател од коалицијата Вреди, која почна преговори за состав на нова влада со ВМРО-ДПМНЕ, вели дека не е забрането кога се зборува јавно да се користи само Македонија, без „Република“ и без „Северна“ и додава дека и тој самиот често вели само Македонија, и не ги користи ниту „Република“ ниту „Северна“.

Тој коментирајќи ја и заклетвата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова која не го користеше уставното име, туку само Македонија, истакна дека смета оти Давкова тоа го направила во еуфоријата на изборната кампања.

„Мислам дека г-ѓа Давкова се уште е во еуфорија на изборите. Мислам дека тоа не го направи свесно. Тоа го направи подекларативно за да покаже дека има некаква доследност со изборната кампања. Изјавата како претседател е со „Северна Македонија“, вчера по инаугурацијата беше исто така „Северна Македонија“. Пред да дојдам овде, ме известија дека вчера изјавила дека така користела, но дека во иднина ќе го користи уставното име како Северна Македонија, рече Таравари за дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова при заклетката во Собранието не го употреби уставното име на државата, порачаа дека не треба да се отвораат стари рани и оти претседателот мора да биде пример за почитување на Уставот.

– Изразуваме загриженост што емоциите од кампањата влијаат на рационалноста во првите чекори во реал политика. Имаме разбирање за чувствата на македонскиот народ, но нема втора шанса за прв впечаток за новата шефица на државата. Претседателот на Републиката мора да биде пример за почитување на Уставот, особено кога станува збор за професорка по Уставно право, стоеше во соопштението испратено до медиумите на денот на инаугурацијата од партијата БЕСА од Коалицијата Вреди.

 

Tags: Арбен ТаравариВЛЕНГордана Силјановска-Давкова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ