• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Бегај во Скопје на Самитот на ПСЈИЕ; Круемади на распит во Специјалниот суд; Од 1 јули почнуваат заедничките полициски патроли на Косово и Албанија

June 13, 2024
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Бегај во Скопје на Самитот на ПСЈИЕ; Круемади на распит во Специјалниот суд; Од 1 јули почнуваат заедничките полициски патроли на Косово и Албанија

June 13, 2024 10:36
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денеска ќе престојува во Скопје на Самитот на ПСЈИЕ, а се очекува и да оствари повеќе билатерални средби, пренесуваат албанските медиуми.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла изјави дека летово од 1 јули ќе продолжат полициските патроли на Косово и Албанија, јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Албеу: Претседателот Бегај денеска во Скопје учествува на Самитот на ПСЈИЕ

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денеска ќе престојува во Скопје каде ќе учествува на Самитот на ПСЈИЕ, (Самит на Процесот за соработка во Југоисточна Европа), чиј домаќин е претседателката  на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Се очекува претседателот Бегај да оствари повеќе билатерални средби. Шефот на државата ќе се сретне со новиот претседател на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, со премиерот на Северна Македонија, Талат Џафери и со поранешниот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски, пренесува Албеу.

ВОА: Моника Круемади над 5 часа во Специјалното обвинителство под имотна истрага

Во Албанија, пратеничката  на Партијата на слободата и сопруга на поранешниот претседател Илир Мета, денеска беше во Специјалното обвинителство како дел од имотната истрага што се води против неа.

„Бев во Обвинителството да одговорам за лажната тужба што Ерион Велиај ја има поднесено против своите вработени. Одговорив на сите прашања и врз основа на моите податоци и на оние собрани од Специјалното обвинителство, се соочив со сите работи поврзани со обвинувањата што ги покренаа. Верувам дека го исцрпивме аспектот на прашања и одговори“, рече г-ѓа Круемади, кога попладнето излезе од Специјалното обвинителство, по повеќе од 5 часа распит, пренесува Гласот на Америка на албански јазик.

КОСОВО

Клан Косова- Свечла:  Од 1 јули почнуваат заедничките полициски патроли на Косово и Албанија

Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла изјави дека летово од 1 јули ќе продолжат полициските патроли на Косово и Албанија.

Според него, овие патроли ќе им служат на граѓаните на двете земји.

„Патролите ќе започнат од 1 јули, колку што знам, бидејќи полициската соработка на двете земји е многу добра. Патролите дефинитивно ќе им помогнат да бидат поефикасни и што подобро да им служат на граѓаните“, изјави Свечла, пренесува  Клан Косова.

Газета Експрес: Геопост го објави вториот прислушкуван разговор помеѓу  Бедри Шабани и Срѓан Росиќ,  потврдена е физичка средба со службеникот на БИА

Во вториот прислушкуван разговор објавен од  „Геопост“, со службеникот на БИА, Срѓан Росиќ, зборува косовскиот државјанин Бедри Шабани, кој е уапсен за шпионажа, разговор кој потврдува дека тие и физички се сретнале пред неколку дена.

Според податоците, заедничката физичка средба помеѓу Шабан и службеникот на БИА се случила во градот Ниш, Србија, на 17.05.2023 година, пренесе Газета Експрес.

КОЛУМНА

Панорама: „Идиотите“

Некогаш во комунизмот, во обид да се пресретне, се користеа секакви начини за да се покаже што прави „осомничениот“. Денес тие методи се материјализираат во музеите и во оваа прилика се прикажува и паранојата на режимските власти преку Обезбедувањето да навлезат до најмрачните детали од албанското секојдневие.

Навистина, тоа време беше оставено зад себе, но денес се зголемија напорите да се објави сè, не неколку пати газејќи на секој хуман принцип. Ова ви текна кога ја слушнавте веста за возачот, но и за други како него, кои во различно време и места брзаат да информираат… за „јавна служба“, не разбирајќи каква штета се прави на другите  и на оние кои прават такви работи, пишува авторот Бен Андони во колумната „Идиотите“, објавена во Панорама.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ